Македонски преводи на книги: Квалитетни или не?

Член од
9 јануари 2012
Мислења
53
Поени од реакции
21
Не е точно. Да беше тоа така немаше да постои професијата преведувач, туку сите ќе учеа странски јазици колку да можат да ги читат книгите на оригинал. Финтата е секој преведувач да ја долови суштината на книгата, особено она што сака да се каже помеѓу редови.
Секој што сака да прочита повеќе за теоријата и практиката на преведувањето нека ја прочита Под Вавилон од Драги Михајловски. Таму јасно е дефинирана задачата на преведувачот, која претставува напор да се открие литерарноста на оригиналот. Преводот е квалитетен ако во новата јазична средина успее да предизвика исти такви чувства какви што предизвикал оригиналот во времето на своето настанување.
fantasticno kazano, se postavuva prasanjeto dali uspeal svojata zadaca da ja izvrsi 100%, odgovorot e sigurno NE, sekoj jazik ima frazi koi ne se preveduvaat, naporot e golem, sekoja cest, podobro od nikao, no sepak da procitas na izvoren jazik i da procitas prevod nee isto.
dosta zavisi i od slozenosta na temata i materijalot... kako da e prevod vs original definitivno original, pa makar i da za nekoj e pomacno za citanje
 
Rik

Член од
28 април 2011
Мислења
36
Поени од реакции
15
. Зошто Хрватите ја превеле така не знам, но во секој случај мислам дека имале добра причина бидејќи реално гледано, нивните преводи се подобри од нашите.
Ваљда бидејќи оригиналниот назив на книгата е "Мажите кои мразат жени" ... во УСА да издадеш книга со таков наслов, глава нема да кренеш од хистерични феминистки, па веројатно поради мир во куќа е преведена како the girl with dragon tattoo + добро опишува еден главен лик.
А хрватите се малку необични кога се работи за имиња на било што . Едноставно многу сакаат да ја задржат оригиналната форма , нареден пат кога во раце ке ти падне книга од хрватски издавач ако видиш како е пишан авторот ќе приметиш дека името не е транскрибирано. Претпоставувам дека поради таа стара навика се решиле да ја објават како "Muskarci koji mrze zene".

Инаку мене малку ми пречи преведувачот кој работи книга напишана на англиски/француски/билокојазик фразата "dupke pun" ја преведува како "полн со дупки" наместо "преполн". Ми пречи од две-три причини .. прво бидејќи брод полн со дупки не може да плови.
Второ, во изданието пишува дека преводот е од билокојазик (не српски или хрватски) , а очигледно е преведувано од српски или хрватски т.е. превод на превод . А ако србите исто биле ербапи на превеле словенечки превод ќе му дојде превод на превод на превод на превод на превод , стварно е безвезе да швајсуваат. И се чувствувам како идиот додека читам српско-хрватски текст напишан (непротолкуван) со македонски зборови, за кој издавачот сака да ме убеди дека превод од оригинал.
Трето, се преведува механички, текстот не е во духот на македонскиот јазик.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308

„Дупке пун“ е мета на заебанции мноооооогу одамна. :) Не си открил топла вода. И нека не те чуди, прочитај го муабетот наназад на темава, VLJ напиша, преведувач се бира по тоа колку пари сака да одвои издавачот, а не по квалитетот на преведувачот.
VLJ напиша:
Не е точно. Да беше тоа така немаше да постои професијата преведувач, туку сите ќе учеа странски јазици колку да можат да ги читат книгите на оригинал. Финтата е секој преведувач да ја долови суштината на книгата, особено она што сака да се каже помеѓу редови.
Секој што сака да прочита повеќе за теоријата и практиката на преведувањето нека ја прочита Под Вавилон од Драги Михајловски. Таму јасно е дефинирана задачата на преведувачот, која претставува напор да се открие литерарноста на оригиналот. Преводот е квалитетен ако во новата јазична средина успее да предизвика исти такви чувства какви што предизвикал оригиналот во времето на своето настанување.
Глеј, убаво што си ја браниш професијата, ама не биди слеп/а. Ти дадов пример во претходниот пост, како по ѓаволите на било кој друг јазик ќе преведеш:
„Ербап копиљаците не престанаа да му пукаат сеир додека седеа на ѕидчето на последна во Лисиче“. Ај преведи го соодветно на кој сакаш јазик. Не можеш. Добар преведувач ќе напише нова реченица за да долови што сум сакал да кажам, ама тоа нема да биде мојата реченица. Затоа секој превод не е доволно добар како оригиналот. На крајот на краиштата, преводот на Шекспир на македонски од времето на ЈУ е феноменален, ама спореди го со оригиналот да видиш, знаеш англиски нели?!
 
VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314

Си ја бранам професијата, но не сум слеп. Точно е дека твојата реченица не може да се преведе буквално, но тоа не значи дека треба да остане непреведена. Финтата не е во преводот да ја има твојата реченица од збор до збор, туку ако има потреба (а во овој случај има и тоа како), да се напише изменета реченица но со исто значење.
Исто и со Шекспир. Човек би бил луд да помисли дека преводот на дело на Шекспир би бил подобар од оригиналот. Сепак, не може Шекспир да остане непреведен. Не може некој да каже: ова никогаш нема да биде подобро од оригиналот, џабе ќе преведуваме. Треба да се преведе, и кога веќе е така, треба да се избере квалитетен преведувач, Среќа, поголемиот дел од делата на Шекспир на македонски се преведени од Михајловски.
 
AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
Штотуку ја завршив "Исповедта на една акушерка" од Дајен Чемберлен, издание од Матица, не знам кој е лекторот, преведена е од Кире Коцевски. Сѐ на сѐ книгата не е лошо преведена, меѓутоа имаше неколку грешки што страшно иритираат. На пример, "bone marrow donor drive", што значи "акција за регистрирање на донори на коскена срцевина" го превеле како "возење за донори" :facepalm: Сфаќам дека не секој се сретнал со тој поим и не може да знае, меѓутоа постои Google ако не знае што значи, не да се преведува така директно. Исто така, низ целата книга се провлекува "бриЗ" наместо "бриС", лекторите изгледа ги мрзело да прочитаат како што треба или пак и самите се полуписмени. :cautious:
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Си ја бранам професијата, но не сум слеп. Точно е дека твојата реченица не може да се преведе буквално, но тоа не значи дека треба да остане непреведена. Финтата не е во преводот да ја има твојата реченица од збор до збор, туку ако има потреба (а во овој случај има и тоа како), да се напише изменета реченица но со исто значење.
Исто и со Шекспир. Човек би бил луд да помисли дека преводот на дело на Шекспир би бил подобар од оригиналот. Сепак, не може Шекспир да остане непреведен. Не може некој да каже: ова никогаш нема да биде подобро од оригиналот, џабе ќе преведуваме. Треба да се преведе, и кога веќе е така, треба да се избере квалитетен преведувач, Среќа, поголемиот дел од делата на Шекспир на македонски се преведени од Михајловски.
Dude, фала богу дека треба да има преведувачи, ама поентата на типот што го цитираше откајшто потекна муабетов, е дека преводот никогаш нема да биде ист како оригиналот, затоа ако сакате вистинско доживување, читајте го оригиналот. Е сеа јебига, не знаат сите француски, чешки или мандарински. Затоа постоите вие преведувачите.
AlternativeF напиша:
Штотуку ја завршив "Исповедта на една акушерка" од Дајен Чемберлен, издание од Матица, не знам кој е лекторот, преведена е од Кире Коцевски. Сѐ на сѐ книгата не е лошо преведена, меѓутоа имаше неколку грешки што страшно иритираат. На пример, "bone marrow donor drive", што значи "акција за регистрирање на донори на коскена срцевина" го превеле како "возење за донори" :facepalm: Сфаќам дека не секој се сретнал со тој поим и не може да знае, меѓутоа постои Google ако не знае што значи, не да се преведува така директно. Исто така, низ целата книга се провлекува "бриЗ" наместо "бриС", лекторите изгледа ги мрзело да прочитаат како што треба или пак и самите се полуписмени.
Се работи за комплексот „Македонија“. И не мислам на зградите у Козле. :) Преведувачите се мрзливи, неуки и желни за заработка без работа. Да изгуглаш значи да си го одземеш времето за коментирање нечиј статус на Фејсбук. ;) А да не збориме колку време треба да се изгуби за читање на книга и запознавање на сопствениот јазик, пошто англискиот, нели, сите го знаат совршено.
 
Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.232
Некој да не ја прочита 1Q84 од Мураками? Ја има во Три. Преводот како е?

П.С. А и цена да ми каже некој би било пожелно.

Извинете за офтопикот. :)
 
H

HITCH

Гостин
Македонските преводи на книги варираат во квалитетот, од очајни преводи од српски на некој оригинал што е на француски, до навистина убави преводи (и препеви) како на пример на Илијадата од Хомер, на покојниот Михаило Петрушевски. Во последно време се поретко среќавам квалитетен превод, но тоа не значи и дека го нема.
Македонија може да се пофали со најдобриот превод на „Илијада“, а и со скоро објавената „Одисеја“ исто од покојниот Петрушевски*.

* Иако е одамна починат неговото семејство одлучиле да ги објават некои негови преводи/препеви.

Инаку на темава би кажала дека не може секој да преведува што ќе му текне и како ќе му текне. Си има ред! Мене, најискрено, најмногу ме иритира кога ќе видам некое издадено дело без никаква лектура. Не знам што ми смета повеќе издавачка куќа без лектор или пак неписмени автори/преведувачи.
Читам книги, понекогаш што ми дојде при рака, а редовно стручна литература. Завршив со студии, но бидејќи си го обожавам класичниот период, стручната литература повеќе ми служи за одмарање на мозокот.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.648
Поени од реакции
13.112
Македонија може да се пофали со најдобриот превод на „Илијада“, а и со скоро објавената „Одисеја“ исто од покојниот Петрушевски*.

* Иако е одамна починат неговото семејство одлучиле да ги објават некои негови преводи/препеви.

Инаку на темава би кажала дека не може секој да преведува што ќе му текне и како ќе му текне. Си има ред! Мене, најискрено, најмногу ме иритира кога ќе видам некое издадено дело без никаква лектура. Не знам што ми смета повеќе издавачка куќа без лектор или пак неписмени автори/преведувачи.
Сепак тоа е човек кој да не речам целиот свој живот го има посветено врз ова прекрасно обработено и квалитетно преведено дело. Му симнувам капа како и на неговото семејство.
 
H

HITCH

Гостин
Сепак тоа е човек кој да не речам целиот свој живот го има посветено врз ова прекрасно обработено и квалитетно преведено дело. Му симнувам капа како и на неговото семејство.
Со добар превод на некое дело се покажуваат широките функции на јазикот во пишана и усна (говорна) форма. Колку подобар превод, толку побогат јазик. Ние можеме да се пофалиме со јазик кој има огромен фонд на зборови. Жалосно е што со лошата употреба на зборовите се обезличува и деградира македонскиот јазик. Не знам дали е тоа свесно или несвесно, ама мене, тенденцијата на кванитет на преводи наместо квалитет, воопшто не ми се допаѓа.

Пред некој ден, барајќи сосема нешто друго, случајно го најдов и го прочитав текстов и се подзамислив за квалитетот на преводите на книгите, кои ги „обезбеди“ Владата на Р. Македонија. Не знам дали некој направил лектура, оти за многу кратко време беа преведени.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: VLJ

Се` што се преведува во краток временски интервал, автоматски има тенденции да биде со полош квалитет. Но и мрзливоста и лежерноста го прави истото. Но сепак кое е поголемото зло?
За Петрушевски 100% сум сигурен за неговата посветеност. За она што се преведува набрзинка сум 100% сигурен дека нема да испадне квалитет баш поради тоа што го спомна дека македонскиот јазик е богат со зборови. Можеби не колку англискиот но навистина има огромен фонд. И не секогаш буквалниот превод е во игра - најголемата грешка што денес ја забележувам при преводи на и не така тешки за превод дела. Свесното наидува на несвесно откако свесните грешки не ги поправаме веднаш по правење на истите. Исто би се сложил со Стар Почетник дека постојат некои македонски зборови за кои нема соодветен превод. Исто како и некои руски, англиски или на кој и да е јазик. Затоа ми се допаѓа и една навидум добра идеја за објаснување со фусноти каде најчесто наидувам на англиските преводи.
 
VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314
Најголемото зло е да се ангажираат преведувачи поради цената, а не поради квалитетот. За жал, тоа е пракса речиси кај сите издавачки куќи во државава. Друга пракса исто така е да не се ангажира лектор, исто така поради тоа што некои сакаат да заштедат пари.
Околу тендерите на владата, временската рамка за превод беше многу кратка. Само луд човек би очекувал квалитетен превод за толку кратко време.
 
koskar

Џон Клиз
Член од
27 август 2005
Мислења
566
Поени од реакции
359
во greatest clicks на оннет има една моја анализа на македонскиот превод на Hitchhiker's Guide to the Galaxy. антологиско дело, комплетно уништено од извесна велика ширилова.
еве го линкот: http://on.net.mk/greatest-clicks/avtostoperska-sramota
што е најтажно, велика е изгледа роднина со the ташко ширилов, кој има брилијантни преводи; „тројцата мускетари“, на пример. и тоа од француски, како и што треба.
преводот што јас сум го читал е издаден 1981 и има ретки македонски зборови како „дигноглав“, потоа целиот роман е преведен отсликувајќи го париз од оа време... абе мерак.
30 години подоцна, велика го извалка презимето ширилов(а)
се нервирам, не ми се ни збори....
 
Браво за анализата. Го немам читано македонскиот превод, ама имам слушнато дека е катастрофа. Изгледа треба да се започне со јавен ремет на лошите преведувачи. Можеби тогаш, колку-толку, ќе се свестат издавачите.
 
koskar

Џон Клиз
Член од
27 август 2005
Мислења
566
Поени од реакции
359
Браво за анализата. Го немам читано македонскиот превод, ама имам слушнато дека е катастрофа. Изгледа треба да се започне со јавен ремет на лошите преведувачи. Можеби тогаш, колку-толку, ќе се свестат издавачите.
не да е катастрофа туку не се издржуе... ја попи*дев! толку многу, што дури скенирав, пишував, подвлекував... :)
еве: Велика Ширилова е лош преведувач!
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: VLJ

Kajgana Shop

На врв Bottom