Македонски преводи на книги: Квалитетни или не?

  • Креатор на темата Креатор на темата ACHQ
  • Време на започнување Време на започнување

ACHQ

hawk
Член од
18 јули 2009
Мислења
702
Поени од реакции
73
Што мислите за преводите на македонски јазик? Јас оваа тема ја отворам од проста причина што мое лично убедување е дека книгите од македонски издавачи се лошо преведи, скратени, прераскажувани од српски. Пример Странецот од Алберт Ками, во оргинал е 120 страници, а верзијата на Матица е само 103 страници со критика и кратка биографија на Ками. Потоа исто така Орканските височини, во издание на Ѓурѓа книга која во оригинал е 250+ страници, а ние читаме џебно романче. Има и ред други романи, кои само се продаваат поради името а внатре содржината е прераскажана како за деца на кои не им се читаат лектирите.
 
Тоа зависи од преведувачот, од тоа колку тој го знае јазикот од кој преведува и што не е помалку важно, од тоа колку го знае сопствениот јазик. Прилично сум изненаден колку јазично осиромашени во однос на македонскиот можат да бидат некои наши преведувачи. Потребна е притоа извесна талентираност, не само за преведување, туку и за преточување и прилагодување на емоциите, динамиката, атмосферата на еден друг јазик. Исто така, битен е и лекторскиот дел од работата (доколку е ангажиран лектор, што во последно време се поретко е случај).
Македонските преводи на книги варираат во квалитетот, од очајни преводи од српски на некој оригинал што е на француски, до навистина убави преводи (и препеви) како на пример на Илијадата од Хомер, на покојниот Михаило Петрушевски. Во последно време се поретко среќавам квалитетен превод, но тоа не значи и дека го нема.
 
Не мислам ништо. Знам само едно, секоја книга си е најубава на оригиналниот начин на којшто е напишана. Секој различно може да почувствува некои специфични зборови, додека авторот, си пишува се што му е на душа, и со вистински зборови.
 
Што мислите за преводите на македонски јазик? Јас оваа тема ја отворам од проста причина што мое лично убедување е дека книгите од македонски издавачи се лошо преведи, скратени, прераскажувани од српски. Пример Странецот од Алберт Ками, во оргинал е 120 страници, а верзијата на Матица е само 103 страници со критика и кратка биографија на Ками. Потоа исто така Орканските височини, во издание на Ѓурѓа книга која во оригинал е 250+ страници, а ние читаме џебно романче. Има и ред други романи, кои само се продаваат поради името а внатре содржината е прераскажана како за деца на кои не им се читаат лектирите.

Големината не зависи само од преводот, туку и од други фактори. Фонтот на пример. Јас сум правела проекти со различни фонтови и стварно со некои можеш да оставиш впечаток дека си пишувал повеќе/помалкуу.
 
Во право си, но кај нас постојат изданија на преводи кои се „искасапени“ односно скратени од некого (често не е наведено ниту името на оној што го осмислил скратеното издание, а понекогаш се избегнува и да се напомене дека книгата е скратена). Обично тоа се детски лектири и слично.
Инаку, комбинацијата на лоши преводи, неквалитетна хартија и повез и висока цена сигурно нема да ги порави состојбите во издаваштвото кај нас.
 
Како што беше споменато, се е до комбинација на квалитетен преведувач, познавање на сопствениот јазик, квалитетен лектор. Па во зависност од преведуваната книга, потреба од стручен читач и слично. Кај нас некако барем до сега не обрнуваше внимание на сите потребни елементи за еден превод да биде квалитетен, а владините проекти и на некој начин субвенции за ова не ја подобрија ситуацијата.
 
Што мислите за преводите на македонски јазик? Јас оваа тема ја отворам од проста причина што мое лично убедување е дека книгите од македонски издавачи се лошо преведи, скратени, прераскажувани од српски. Пример Странецот од Алберт Ками, во оргинал е 120 страници, а верзијата на Матица е само 103 страници со критика и кратка биографија на Ками. Потоа исто така Орканските височини, во издание на Ѓурѓа книга која во оригинал е 250+ страници, а ние читаме џебно романче. Има и ред други романи, кои само се продаваат поради името а внатре содржината е прераскажана како за деца на кои не им се читаат лектирите.

Апсолутно се согласувам, особено за преводите од ,,Ѓурѓа,,. Лоши скратени верзии на добри книги. Јас се запрепастив кога видов дека ,,Џејн Ејр,, од Бронте има само 100тина страни а јас читав исто така превод на македонски кои броеше некаде наде 500 страни. И не е само овој прмер. Не сум забележала книгиче подолго од 150тина странички, додека оргиналите се неспоредливо подолги.
 
Само да се потсетиме на македонскиот превод на Хари Потер:
-семејство Ситникоски-Dursleys
-Окалкоска
-семејство Снајдоски-Weasleys
-Дрпник-Filch
 
Само да се потсетиме на македонскиот превод на Хари Потер:
-семејство Ситникоски-Dursleys
-Окалкоска
-семејство Снајдоски-Weasleys
-Дрпник-Filch
Eх да беа само тие.
-Гренџер-Желбогорска
-Слитерин-Змијолик
-Грифиндор-Гордолав
-Хфилпаф/Рајвленко-Гавранокт/не ми текнува
и уште мнооооогу други
Тотално ми беше уништено читањето поради овие глупави преводи,а пази сето тоа го направиле со цел да им олеснат на читачите?Мене освен што ми беше идиотски преводот не ми беше ништо олеснато.
 
Имам впечаток дека повеќето наши преводи не чинат; подобро на англиски да се читаат некои книги отколку на некој си беден превод...
 
Задоволна?
Не можам да бидам задоволна кога лекторот на книгата и преводот ги врши некој со исто презиме, каде е во ред да има печатни грешки, мешање на родови и нелогично поврзани реченици.Преферирам да читам на англиски затоа што сакам „оригинални изданија“, но тоа не значи дека сакам да си го ускратам правото да прочитам нешто на мојот сопствен јазик за да добијам ... неквалитетно прераскажана сказна во која што сложените зборови се испуштени во име на високиот процент на неписменост во државава.Да не беше смешно ќе беше патетично.
Се уништува стилот на писателот и шармот на книгата.
 
Епа, сакате квалитетен превод?

Има еден професор од УКИМ, нема да го именувам по име, ама студентите на Блаже Конески го знаат, поради својата ексцентричност, за преводите на Хари Потер земаше 40,000 евра (Четириесет илјади евра) од КНИГА! 7*40000=280000 евра за Хари Потер ;)

Не знам каков е преводот, ама цената е фрапантна. Во Матица, Табернакул даваат на студенти или професионални судски преведувачи за 300 денари од страна.
 
Зозе ли беше? :)
Преводите се очајни, книгите ги преведува кој стигне. Со сета почит кон студентите на филолошки, не може студент втора-трета година да земе да преведува книга, без разлика колку и да мисли дека знае. Едноставно нема искуство, вокабулар, повеќето и немаат стекнато стил на преведување, преводите завршуваат со кованици од зборови кои се глупави и нелогични, или измислуваат нови изрази, користат странски зборови... Преводот "живот значи", еден збор комплетно може да го смени значењето и звучноста на одредена мисла. Во една од најпознатите издавачки куќи, повеќето од преведувачите им се студенти или луѓе кои го знаат добро англискиот јазик, но преведувањето не им е професија, а лектори и немаат, или се' се работи на брзина, па имаат огромни пропусти. Тоа така не треба и не смее да функционира. За да пројдат со помалку пари (најчесто се максимум околу 1000 евра по книга), издавачките куќи се подготвени да печатат нешто што звучи смешно и нема никаква логика. Како на пример од Матица она изданието за менаџмент ли беше од А до З. Затоа и избегнувам да читам книги на македонски (за жал), купувам англиски и српски (или хрватски) книги. На добри преводи досега имам налетано само во Табернакул, другите сите имале некоја книга што ме разочарала.
 
За жал најголем дел од преводите на книгите кај нас се невидена КАТАСТРОФА. Жално е што морам да купувам книги со српски или хрватски преводи бидејќи во секој случај се многу поквалитетно преведени од книгите со македонски превод. Пред неколку години го купив македонското издание на трилогијата Господар на прстените и крајно сум разочаран од преводот.Истото важи и за неколку други книги со македонски превод кои ми дошле до рака. Ова посебно важи за преводите на книгите кои се издадени последниве десетина години кај нас, за разлика од книгите кои се издадени на македонски пред 15-20 или повеќе години и кои што се многу поквалитетно преведени. Ова не важи само за преводот туку и за лектурата на самите изданија која најчесто е многу лоша или па воопшто и ја нема . Не ми е јасно како се дозволува толку непрофесионално да се работи во издавачките куќи.
 
Back
На врв Bottom