Македонски преводи на книги: Квалитетни или не?

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
Не е книга, но сепак, преведувачи, лектори КАДЕ СТЕ?
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Lyn
Член од
11 јуни 2008
Мислења
217
Поени од реакции
11
Дали оваа книга.. 50 shades of gray ..Ја имат преведено некој на македонски .?? и кај можам да ја најдам
 
ЈуријАркадиевич

Модератор
Член од
10 мај 2010
Мислења
1.792
Поени од реакции
7.012
Ја читам „Фауст“ од Гете, во превод на Душан Томовски и едноставно морав да дадам коментар. Ваков величествен превод (препев) ретко се чита.

Да, па мислам дека Душан Томовски бил професор на катедрата германски јазик и книжевност, па од таму веројатно е добра препорака и за останати преводи што ги извршил. :)
 
~Miss Tete~

Грофица
Член од
6 септември 2009
Мислења
25
Поени од реакции
17
Чудо е колку катастрофални се нашите преводи. Серијалот Хари Потер е смешка. Презимињата се хитови. Барем од Сакамкниги се трудат тоа да го променат, и секоја чест за нив. Гледам дека во нивните преводи се обрнува внимание на се. :)
 
Член од
9 септември 2013
Мислења
159
Поени од реакции
73
Бидејќи не сакам да се повторувам за преводите на Хари Потер,презимињата се катастрофално преведени односно измислени, ќе искоментирам за тоа колку добро беше преведена книгата Пеколен портокал.Тоа беше збркано ,руски,македонски,објаснување на руските зборови вметнати во книгата едно 100 пати,па врти назад да видиш што значи зборот и сл.Со еден збор кажано катастрофа,но има и дела кои се фантастично преведини,но делово е наполно уништено исто како и Хари Потер.Филмот е фантастичен ,тој всушност ми ја подметна мислата да ја земам книгата и да се зафркнам убаво.:tapp:
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903

Ај појасни се дали е добар или лош преводот на Пеколниот портокал? Инаку книгата ја читав во оригинал на англиски и ако земеш да ja читаш ќе видиш дека самиот автор си има смислувано зборчиња, адаптиранo руски зборчиња на англиски јазик или синонимни зборови. Па така во цела книга цигарите беа пишани како cancers, млекото го пишуваше како malako или слично, а човекот беше пишан како chelovek - преземено од рускиот јазик.
линк

Дајте некоја книга со лош превод, ама не мислам на скратен превод, туку на книга со погрешно преведени фрази. Ми треба за факс, а не читам многу на македонски. :нинџ:
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245

Таква е книгата, на таков стил е пишувана, преводот е повеќе од добар на македонски, очигледно не си ја разбрал поентата.
 
Josef K

трагач
Член од
4 јануари 2014
Мислења
193
Поени од реакции
690
Дајте некоја книга со лош превод, ама не мислам на скратен превод, туку на книга со погрешно преведени фрази. Ми треба за факс, а не читам многу на македонски. :нинџ:
Паѓањето од Ками, издание на Ѓурѓа со сина корица. Ептен лошо. Можеш и компарација да направиш Степскиот волк во издание на Ѓурѓа и на Табернакул. Светлосни години се во прашање.
 
ЈуријАркадиевич

Модератор
Член од
10 мај 2010
Мислења
1.792
Поени од реакции
7.012
Ај појасни се дали е добар или лош преводот на Пеколниот портокал? Инаку книгата ја читав во оригинал на англиски и ако земеш да ja читаш ќе видиш дека самиот автор си има смислувано зборчиња, адаптиранo руски зборчиња на англиски јазик или синонимни зборови. Па така во цела книга цигарите беа пишани како cancers, млекото го пишуваше како malako или слично, а човекот беше пишан како chelovek - преземено од рускиот јазик.
линк

Дајте некоја книга со лош превод, ама не мислам на скратен превод, туку на книга со погрешно преведени фрази. Ми треба за факс, а не читам многу на македонски. :нинџ:
Таква е книгата, на таков стил е пишувана, преводот е повеќе од добар на македонски, очигледно не си ја разбрал поентата.
Самиот наслов е погрешно преведен. Тоа не е пеколен портокал, туку портокал на навивање. Преводот на Clockwork orange на македонски е лош.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Самиот наслов е погрешно преведен. Тоа не е пеколен портокал, туку портокал на навивање. Преводот на Clockwork orange на македонски е лош.
Која издавачка куќа ја има преведено?
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Издавачка куќа Три.
Отворив сега на купи книга и има да ја прелисташ, на почетокот ми делува како солиден превод, со оглед на тоа што во самиот оригинал е користен сленг. Баш ме интересира зошто ти изгледа лош преводов?
 
ЈуријАркадиевич

Модератор
Член од
10 мај 2010
Мислења
1.792
Поени од реакции
7.012
Мислам дека е преведен од српскиот превод ( кој е исто преведен паклена наранџа ). Поконкретни примери не можам да ти наведам, затоа што од оддамна ја имам читано. Инаку, пеколниот портокал често се зима како пример за лош предмет во дискусија на добри преведувачи.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.648
Поени од реакции
13.112
Мислам дека е преведен од српскиот превод ( кој е исто преведен паклена наранџа ). Поконкретни примери не можам да ти наведам, затоа што од оддамна ја имам читано. Инаку, пеколниот портокал често се зима како пример за лош предмет во дискусија на добри преведувачи.
Нешто „паклено“ на српски не значи буквално „пеколно“ на македонски. Оттука целиот проблем со преводот. Исто со тој "nadsat“ англо-руски јазик кој има доста скриени пораки на потсмев на двете тогашни доминантни општества - американското и руското.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom