Македонски преводи на книги: Квалитетни или не?

С

Сибињанин Јанко

Гостин
не да е катастрофа туку не се издржуе... ја попи*дев! толку многу, што дури скенирав, пишував, подвлекував... :)
еве: Велика Ширилова е лош преведувач!
За иронијата да биде уште поголема:

Наградата за преведувачки опус „Кирил Пејчиновиќ“ им припадна на академик Ристо Василевски и на Велика Ширилова. Според одлуката на Советот, годинава, по повод јубилејната средба, оваа награда првпат се доделува на двајца преведувачи, и тоа на академик Ристо Василевски кој живее и работи во Смедерево, Србија, за неговите многубројни преводи на српски јазик на прозни и поетски дела од македонски автори, и на Велика Ширилова, за нејзините преводи на македонски јазик извршени од англиски, француски, српски и хрватски јазик.
Извор.

Боже мој кога вакви преведувачи добиваат награди, што е со другите?
 
VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.312
Честито нека и' е. Наместо да се обидуваат да го искоренат неквалитетот, тие го наградуваат. Морам да признаам, добар поттик за идните преведувачи.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.306
Не можам да сфатам дали сте слепи или се правите слепи?!
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.754
Поени од реакции
7.641
Скоро имав прилика да ја прочитам „Папокот на светот“ од Венко Андоновски на хрватски. По сугестија на уредникот, скратена е за околу 100 страни и тоа е фантастично направено. Никаде не штрчи, ниту пак се чувствува празно место во текстот.

Кај македонските преведувачи најочигледно е непознавањето на македонскиот јазик и ликот и делото на авторот којшто е преведен, како и темите кои авоторт ги обработува. Имам видено смешни текстови од областа на теологијата, кои ги има преведувано човек што нема врска од теологија.

Преводот на The Hitchhiker's Guide to the Galaxy беше тема на една средба на која присуствував ланската година. Има неклку превода на српски и на хрватски, ама најдобар е овој превод.
Преведувачот не се држи стриктно до оригиналот во смисла, дословно да ги преведува форите и фазоните, туку прави свои.
Во тоа е умешноста на преведувањето, да умееш да го пресоздадеш делото.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.638
Поени од реакции
3.932
Го читам Загубениот рај на Милтон преведен (не пишува дека е препеан) на македонски. Од англиски бил преведен. Воопшто не ми се допаѓа. Преведувачот Драги Михајловски не е непознат кај нас и го има преведувано и Шекспир.
Имам впечаток, можеби избрзан, од она малку што прочитав како од српски да е преведен епов. Сотона, ждрело, обед? Можеби и нема многу србизми, ама ми пречат, а и целиот текст е тежок за читање, напорен, без убавина. Може така пишувал и Милтон? Појма немам. Не сум го читал оригиналот.
Преведувачов решил да додаде и сопствени коментари, како дообјаснувања на делово, дури на крајот има и индекс со појасненија. Е сега, ако бев малку повоздржан за квалитетот на преводов, од овие дообјаснувања и појасненија ми се слоши. Мислам дека типов можел да побара помош од некој поупатен, наместо да се резили и да пишува глупости. Многу географски и митски поими и имиња на одредени ликови од хебрејската, египетската, хеленската, бабилонската или асирската митологија се лошо преведени и неточно или недоволно објаснети. Можел да побара информации во некоја енциклопедија или речник.
Како стои овој со преводите на Шекспир? Баш ме интересира.
 
Драги ми е професор на факултет и за луѓето од фелата важи за еден од најдобрите преведувачи кои некогаш сме ги имале. Да го тргнам на страна фактот што е најдобриот професор кој некогаш сум го имал. Имам читано неколку преводи од него и до сега никогаш не ме е разочарал. Не верувам дека ќе ме разочара и во иднина.

Што се однесува до Загубениот рај, македонската верзија ја немам читано, ама ја имам читано англиската. Делото е напишано на англиски јазик и тоа рана верзија на модерниот Англиски, во периодот на Ренесансата. Карактеристично кај Милтон е што бил ептен полиглот и знаел околу десетина јазици. Затоа во текот на делото се среќаваат зборови од различни јазици, во вид на еден многу комплексен стил. Исто така, користи латински стил на пишување, кој ја доста усложнува структурата на поемата. Затоа на многу места доаѓа до изоставување на зборовите, глаголите се наоѓаат на чудни позиции, понекогаш наместо да стои англиски збор кој одговара има вметнато латински еквивалент итн.

Се извинувам ако забегав малку, ама со ова горе сакам да кажам дека пред се' делото е многу зафркнато, на моменти нејасно, а со тоа и тешко за превод. Можам да те уверам дека преводот е директно од англиски, со оглед на она што сум го слушал на предавањата. Поради тоа нема и србизми, но сигурно има многу архаични зборови. Во тоа нема ништо лошо бидејќи тие се дел од нашиот јазик, иако недоволно употребувани. Исто така не гледам ништо лошо и во индексот отпозади. И англичаните имаат индекс со зборови на некои книги од 14-от век. Поарно да се објасни, отколку читателот да не знае што е финтата со зборот. За консултации со стучни лица сигурно е дека се консултира. Кога преведуваше книга во која дејството се дешаваше на море, специјално отиде во Хрватска за да разговара со морепловци и да се запознае со тематиката.
Сепак, зборувам вака познавајќи му го начинот на превод. Книгата ја немам читано, иако одамна планирам. Мене особено од неговите преводи ми се допаднаа сонетите од Шекспир, па еве една препорака од мене.
 
Добро, јасно ми е за преводот и веројатно е така. Но што се однесува до индексот - не е проблемот што го има, напротив. Работата е во тоа што не е добар.
 
VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.312
Добро, јасно ми е за преводот и веројатно е така. Но што се однесува до индексот - не е проблемот што го има, напротив. Работата е во тоа што не е добар.
Не знам, кога ќе ја купам ќе видам. Кога сме кај тоа, од каде да ја купам книгата?
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.638
Поени од реакции
3.932
Јас ја позајмив. Издание на Култура од 1996. Сакав да ја купам пред некое време, но беше распродадена. И се сеќавам дека беше, како и Калевала, 100 денари.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: VLJ
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.754
Поени од реакции
7.641
Во превод на Драги Михајловски и Зоран Анчевски ја имам читано книгата „Љубена“ од Тони Морисон.
Ретко добар превод! :cuc:

:pipi:
 
Член од
29 август 2009
Мислења
4
Поени од реакции
1
"Мислам дека типов можел да побара помош од некој поупатен, наместо да се резили и да пишува глупости. Многу географски и митски поими и имиња на одредени ликови од хебрејската, египетската, хеленската, бабилонската или асирската митологија се лошо преведени и неточно или недоволно објаснети. Можел да побара информации во некоја енциклопедија или речник.
Како стои овој со преводите на Шекспир? Баш ме интересира."

Што зборуваш, жив ти бога?!

Драги Михајловски е еден од тројцата најдобри преведувачи на/од англиски во Македонија во историјата. Само и исклучиво тој можел да го преведе Изгубениот рај, како и се' од Шекспир, па за да наоѓаш замерки на неговиот труд навистина треба да си поткован и да покажеш аргументи.

Драги Михајловски е професор по превод на Филолошки, (и тоа толку добар професор што кај него на предавања има луѓе кои не слушаат превод туку само доаѓаат зашто им е интересно), и теоретичар од областа на преводот кој пишува книги и учебници од кои преведувачите учат (и имаат што да научат).

„Како стои ОВОЈ со преводите на Шекспир“?! „Овој“ е реперот за превод на Шекспир, единица мерка спроти која се мерат сите други преводи.
Понеук суд досега на форум не сум видела.
 
VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.312
^ Добро, Сабазиј не праша ништо лошо, барем јас не сфатив дека сака да го навреди Михајловски. Тој само праша дали книгата е неразбирлива поради преводот, или бидејќи таков е и оригиналот.

Инаку се согласувам со сe' друго што кажа за Драги. Ќе звучам патетично, ама вечно ќе сум му благодарен за сето знаење кое ми го има пренесено.
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.386
Поени од реакции
5.019
Драги Михајловски е врвен преведувач, мајстор раскажувач, топ професор по литературен превод, и ептен кул чоек. Сечиј превод или препев (па и на Драги) може да се критикува и тоа си е во ред. Сабазиј искажа мислење кое држи вода -- тој ја проблематизира употребливоста и документираноста на индексот на „Загубениот Рај“. И не е првиот што го сторил тоа.

Самиот препев на „Загубениот Рај“ (да, препев!) е маестрален, а такви му се и препевите на сонетите и драмите на Шекспир. Милтон и Шекспир се брилијантни поети и бајаги мака и дарба бара нивното преведување. Кој ги читнал овие мајстори во оригинал знае. За ваков потфат е потребно извонредно познавање на обата јазика.

Во својата ингениозност, Драги умее да одлета во височини и да срочи збор или реченица кои делуваат високопарно, премногу архаично и неодгатливо, дури позерски. Неговата синтакса и лексика знае да биде непробојна, особено за оние чие позавање на јазикот се ограничува на интернет текстови или дневен печат. Таков архаичен израз имаше покојниот Платнар кого некои го креваа во небо, а некои го кудеа. Сепак, Драги е далеку подаровит и потемелен од Платнарот. Текстовите на Драги блескаат со оригиналност и виртузност во изразот.

Иако е професор по англиска книжевност и превод, по заслуга на Драги многу англисти го вкусиле богатството на сопствениот македонски јазик токму на неговите предавања. Дури и само тоа да го имаше направено, ќе беше доволно. А тој има направено многу повеќе -- текстовите на Драги Михајловски се во самиот врв на македонската преводна книжевност и современ расказ.
 
Член од
29 август 2009
Мислења
4
Поени од реакции
1
Во однос на владеењето на македонскиот јазик на Драги, човек треба да оди да ја гледа Хенри VI, да ужива во јазикот и да се прашува дали е тоа истиот јазик што го омаловажуваме секојдневно како сиромашен, безизразен и тап.
 
На врв Bottom