Македонски преводи на книги: Квалитетни или не?

Член од
18 декември 2008
Мислења
1.277
Поени од реакции
323
Eх да беа само тие.
-Гренџер-Желбогорска
-Слитерин-Змијолик
-Грифиндор-Гордолав
-Хфилпаф/Рајвленко-Гавранокт/не ми текнува
и уште мнооооогу други
Тотално ми беше уништено читањето поради овие глупави преводи,а пази сето тоа го направиле со цел да им олеснат на читачите?Мене освен што ми беше идиотски преводот не ми беше ништо олеснато.
Гнасно ми беше веќе да читам, ама зато последните 2 дела на српски ги најдови и чао пријатно, рај. На англиски ме мрзеше да ги барам, не за друго :smir:
 
The_Freelancer

Хиперактивен интелект
Член од
7 октомври 2008
Мислења
438
Поени од реакции
16
Jas momentalno preveduvam kniga i mislam deka prevodot ke bide soliden. Planirana e kako podarok za nekoj, no mislam i da ja dadam na tie sto ke sakaat da ja procitaat posle toa. Samo ne znam sea kolku toa bi bilo legalno :))
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.793
Поени од реакции
6.206
Најголемиот број од македонските преводи се КАТАСТРОФА. Не дека немаме квалитетни преведувачи....преведувачи има... но никој за ништо не се замара. Битно е во најкус можен рок книгата да се пушти во продажба и тоа е се. Преведуваат најчесто студенти (хонорарно), а потоа некој само се потпишува како преведувач. За лектор и да не зборувам. Најчесто го нема или доколку го има...само формално е впишан во книгата и му е исплатен хонорар за работа што не ја ни погледнал. Најчесто наместо од оригиналниот јазик се преведува од српски, бугарски или англиски, па битните делови од книгата често ја губат смислата.
Го сакам сопствениот јазик и сметам дека читателската публика заслужува да ги чита делата на познатите автори на македонски, но од друга страна кога ќе купам книга со македонски превод после неколку прочитани страни сум во дилема - дали јас не разбирам македонски или тоа што го читам нема никаква смисла.
Исто така според мене најголема глупост е превод на лично име. Доколку одредено име на изворниот јазик има одредено значење добро би било на крајот од книгата или на истата страна во забелешка да се објасни....но буквално да се преведува низ целиот текст е абсурд.

Пред година дена (можеби и повеќе) ја купив книгата „Копјето на судбината" од Тревор Рејвенскрофт. Уште на првите страници наидов на еден куп печатни грешки и бесмислени реченици....преминав преку нив... но капак на се беше израелскиот цар САМОИЛ. Да појаснам...на хебрејски царот се нарекува Шаул, а во сите останати јазици е познат како САУЛ...но само кај нас по заслуга на просветлените преведувачи некако станал САМОИЛ.....САУЛ=САМОИЛ :tapp:
Книгата остана недочитана ....се надевам дека еден ден ке ја најдам со квалитетен превод ...

Издавачите се трудат да ги издадат книгите по пониска цена за да допрат до поширок круг читатели при тоа жртвувајќи го квалитетот не само на хартијата, туку и на преводот и техничката обработка. Ова за цел има ефект на одбивност на читателот кон книгите од македонските издавачи. Поради малата продажба издавачите се трудат уште повеќе да ги намалат цените со уште поголеми жртви во однос на квалитетот...и добиваме маѓепсан круг од кој тешко се излегува.

Посебен проблем е стручната литература....

П.С.
Го чекам денот кога во некое македонско издание ќе прочитам

Превод Google
Лектор Google

Со оглед на брзината на развој на не е чудо во блиска иднина Google далеку да ги надмине нашите хонорарни преведувачи, лектори, толкувачи
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
1.373
Поени од реакции
1.595
сите преводи без разлика за каква книга станува збор се едни од најлошите при што создаваат одбивност да ѓи читаш
 
Брокер

Broker of the Year
Член од
25 јули 2009
Мислења
1.227
Поени од реакции
257
Факт е дека порано беа многу поквалитетни, книгите од 80 тите што се преведувани се главно преведувани од 10тина преведувачи кои беа докажани и кои имаа свој стил, а сега има повеќе издавачку куќи во борба со конкуренцијата секоја издавачка куќа гледа да издаде што повеќе хитови за кратко време и тоа се приметува во преводите, затоа многу ретко и се преведуваат класиците, бидеќи никој не сака да прифати таков подвиг полесно му е трилерчиња и романтики да преведуваат.
 
Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.487
Поени од реакции
5.963
Преведувањето е цела наука, не е поентата само содржински да се долови делото. Драги Михајловски на пример (ги има преведено драмите на Шекспир), еден од најдобрите преведувачи во земјава држи предавања по факултети на кој начин се прави тоа, има посебни техники кои не се баш едноставни. Преведувач не може да биде секој макар и перфектно да ги познава 2та јазика, треба да има чувство за литература и теориски да биде добро поткован.

Факт е дека во последните години се форсираат бестселери и ги чита обична читателска публика која и доколку не е лектурирано делото не може да забележи, а не пак да обрне внимание на квалитетот на преводот. Издавачките куќи претпочитаат квантитет затоа што тоа носи поголема заработувачка. Порано можеби немало многу книги преведени на македонски, но тие што ги имало биле солидни.
 
Koko Roko

Oh Mr. Topper!!!!!!
Член од
21 јуни 2010
Мислења
623
Поени од реакции
563
Има многу големи мрзи меѓу преведувачите(не велам сите). Секогаш ме нервира додека читам книга да наидам на некоја Француска фраза, а за неа нема превод, па морам да станам, да го земам речникот на мајка ми и да барам што би требало таа фраза да значи, што стварно ми го уништува спокојството додека читам. Но преведувачите во телевизија се уште полоши. Гледам филм и одеднаш на сабтајтл-от го даваат преводот ист како што е изговорен, исто како јас направив малку погоре.
Нели би било најубаво да има некакви проверки, тестови пред да ги примат на работно место?
 
ЈуријАркадиевич

Модератор
Член од
10 мај 2010
Мислења
1.790
Поени од реакции
6.996
Проблемот е и во давањето кратки рокови. При преведување, никој не смее да ти дава стриктни рокови и ти да брзаш. Преведување не е лесна работа, треба да опстои, да проживее. Тоа го уништува делото.

Но, не сретнав премногу конкретни примери за лоши преводи. Според мене, ѓурѓа владее со таа титула, но и три не ги сакам баш.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.646
Поени од реакции
13.104
Мислењата на Arakenx, Вокерка и Јуриј Аркадијевич сплотени во едно.

Истотака би додал и една критика до некои издавачки куќи (Ѓурѓа и Матица пред се`). Смешно е некој роман од два тома да го симнете на џебно книжуле. Ај разбирам погрешно преведени изрази, но да се крати од матерјалот е крајно бесмислено.
 
Член од
26 јануари 2010
Мислења
908
Поени од реакции
185
Абе ај цела книга што ја преведуваат да речиш тешко е или пак незнам што,али преводите на наслови од книги се сра*е...
Одам во книжарница им барам од Тес Геритсен книгата таа и таа(нема везе како се викаше) и ми викаат ја немаме таа книга,викам што имате од Тес и ми донесе госпожава кога глеам "Во името на предците" аајј pеков оваа некоја нова е, ко глеам внатре оригинално име SILENT GIRL :facepalm:
 
VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314
Тоа што преводот на цела книга дека е тешка работа не е оправдување. Ако на некој му е тешко, или се чувствува недораснат на работата, слободно може да не прифаќа да преведува.
Што се однесува до преводите на насловите, не секогаш треба насловите буквално да се преведуваат. Едноставно, насловот на преводот не секогаш треба/ може да биде ист како насловот на оригиналот. Во тој случај, наместо буквален превод се прави слободен превод. Пример, видов дека The Girl with the Dragon Tattoo Хрватите ја превеле Muskarci koje mrze zene и тоа е во ред, се' додека е во духот на оригиналниот наслов и секако, во духот на книгата. Изводливо е да ја преведеш The Street Lawyer како Уличниот адвокат. За разлика од тоа, постојат наслови кои ако се преведат буквално, нема да звучат убаво, ниту пак природно на Македонски.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308

Чекај, Ја коа ќе напишам книга и ја крстам „Ќарот од сеирот“ пошто на енглески не може да се преведе саглам, не сакам да ми биде преведена „Evening in Skopje“, сакам да најдат факинг добар преведувач и да се снајдат. Ова хрватите што го прават не е заради неможноста да се преведе еден наслов, туку заради непотребно мудрување.

Они да беа паметни немаше цел јазик да си го сменат. Така што, не се сложувам за муабетот на хрватите. Исто така сметам дека добар превод е исто како да си напишал добра книга, што веројатно повеќето ќе се сложат, па затоа и не сакам Girl with Dragon Tattoo да биде никако поинаку преведена од ДЕвојката со тетоважа на Змеј, ако насловот нема некое преносно значење. Ама колку и да има, тоа преносно значење не може да биде Мажите кои ги мразат жените.
 
Во некои случаи реков, не во сите случаи. Зошто Хрватите ја превеле така не знам, но во секој случај мислам дека имале добра причина бидејќи реално гледано, нивните преводи се подобри од нашите.
А за тоа дека треба да се најде добар факинг преведувач се согласувам. Не само за насловот, туку добар преведувач е потребен и за целата книга. За жал, кај нас ретко наоѓаат такви бидејќи им се скапи и бидејќи главниот критериум за избор на преведувач не е квалитетот, туку цената.
 
Член од
9 јануари 2012
Мислења
53
Поени од реакции
21
koj i da preveduva, kolku i da e spremen, kolku dobro da gi poznava dvata jazici, nemoze da ja prevede kavlitetno knigata.
zamislete, ako ja citate knigata na izvoren jazik, postojat mnogu nesta kazani medju redovi, no ima sansi da gi razberete, a ako toa se prevede tie stvari zasekogas se izgubeni.

sistinata na knigata e tokmu vo toa sto so zborovi nee napisano
 
Не е точно. Да беше тоа така немаше да постои професијата преведувач, туку сите ќе учеа странски јазици колку да можат да ги читат книгите на оригинал. Финтата е секој преведувач да ја долови суштината на книгата, особено она што сака да се каже помеѓу редови.
Секој што сака да прочита повеќе за теоријата и практиката на преведувањето нека ја прочита Под Вавилон од Драги Михајловски. Таму јасно е дефинирана задачата на преведувачот, која претставува напор да се открие литерарноста на оригиналот. Преводот е квалитетен ако во новата јазична средина успее да предизвика исти такви чувства какви што предизвикал оригиналот во времето на своето настанување.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom