Македонски преводи на книги: Квалитетни или не?

ЈуријАркадиевич

Модератор
Член од
10 мај 2010
Мислења
1.789
Поени од реакции
6.992
Нешто „паклено“ на српски не значи буквално „пеколно“ на македонски. Оттука целиот проблем со преводот. Исто со тој "nadsat“ англо-руски јазик кој има доста скриени пораки на потсмев на двете тогашни доминантни општества - американското и руското.
Што значи паклено на српски?
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.645
Поени од реакции
13.102
Што значи паклено на српски?
Зависи како го дефинираат пеколно. Пошто пеколно значи и као bloody на англиски или па уште попрецизно - напорно. Мислам дека српскохрватскиот има повеќе дефиниции за „паклено“ отколку ние за пеколно. Кај нас освен за нешто што има превисока температура, друго и не знам.
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.726
Поени од реакции
2.541
Дајте некоја книга со лош превод, ама не мислам на скратен превод, туку на книга со погрешно преведени фрази. Ми треба за факс, а не читам многу на македонски. :нинџ:






Што се однесува на пеколен портокал, во преводот тоа пеколен најверојатно доаѓа од пеколна машина т.е. темпирана бомба, со оној тик-так механизам на одбројување.
А насловот е метафора и буквално преведување би било погрешно.
 
Член од
16 јули 2009
Мислења
30
Поени од реакции
11
"Мислам дека типов можел да побара помош од некој поупатен, наместо да се резили и да пишува глупости. Многу географски и митски поими и имиња на одредени ликови од хебрејската, египетската, хеленската, бабилонската или асирската митологија се лошо преведени и неточно или недоволно објаснети. Можел да побара информации во некоја енциклопедија или речник.
Како стои овој со преводите на Шекспир? Баш ме интересира."

Што зборуваш, жив ти бога?!

Драги Михајловски е еден од тројцата најдобри преведувачи на/од англиски во Македонија во историјата. Само и исклучиво тој можел да го преведе Изгубениот рај, како и се' од Шекспир, па за да наоѓаш замерки на неговиот труд навистина треба да си поткован и да покажеш аргументи.

Драги Михајловски е професор по превод на Филолошки, (и тоа толку добар професор што кај него на предавања има луѓе кои не слушаат превод туку само доаѓаат зашто им е интересно), и теоретичар од областа на преводот кој пишува книги и учебници од кои преведувачите учат (и имаат што да научат).

„Како стои ОВОЈ со преводите на Шекспир“?! „Овој“ е реперот за превод на Шекспир, единица мерка спроти која се мерат сите други преводи.
Понеук суд досега на форум не сум видела.
Ај и јас да се повозам на Шекспир, ѕирнете ги моите препеви на сите негови 154 сонети во прикачената pdf. датотека :)
 

Attachments

Kajgana Shop

На врв Bottom