Немав интернет неколку дена, па ај сеа да пишам за финалево...
Според мене, вака би биле топ 5 перформанси (значи ова е субјективно мислење - не напаѓајте одма).
1. Бети - на мое ПРЕголемо изненадување, девојкава ја испеа песната подобро од Тоше. Стварно е голем вокал, а има и одлично држење на тело, солидна изведба на сцена, симпатична е и созреана. Би можела само да ослабе некое килце-две и совршена е за пејачка.
2. Виктор - најдобриот кандидат од машките за овогодинешниот Идол. Се гледа дека има стил, харизма, изглед, и секако - глас, тоа е неоспорно. Башка и многу луѓе (т.е. девојчиња) веќе го сакаат така да не гледам причина зошто тој да не стане првиот мак. идол.
3. Билјана - девојкава е совршенство. Испеано со многу емоции, на ниво, со одлична изведба на сцена. Најдобриот женски кандидат, и според мене единствениот вистински противник на Виктор.
4. Дејан - иако дечково ми е некако многу повлечен и срамежлив на сцена, сепак има преубав глас и одлично држење на телото што го прави доста солиден кандидат. Многу убаво ја испеа песната. Сепак, претходниот перформанс ("Sway") му беше доста подобар и се надевам ќе гледаме уште такви изведби.
5. Ивица - одличен глас, одлично пеење и движење на сцена, ама некако не ми остава многу голем впечаток за да биде првиот идол.
Најголеми разочарувања:
1. Јана - убедливо најлош перформанс. Дали имаше трема, или не и беше вечерта - не знам. Ама тоа што го покажа завчера (ништо уствари) е стварно трагедија. Башка и без емоции пееше.
2. Иван - најверојатно дека беше прв, па имаше многу трема и испеа прилично под ниво.
3. Нико - се оствари тоа што сите го прогнозираа. Нико не е створен за поп музика. Многу лошо испеа, не ми се веруваше дека е истиот дечко што почнувајќи од театарот во Охрид, па до минатата недела ги "шиеше" сите во поглед на гласовни способности.
4. Христијан - едноставно кажано, нема глас детево. Стварно има одлична изведба на сцена, и контакт со публика and shit, ама најбитното што е потребно за да бидеш пејач го нема. Според мене он не заслужи да влезе ни во овие 13 кандидати, бидејќи на машкото мало финале пееше песна за која немаше доволно агресивност во гласот за да ја изведе. Се извади на сценска изведба и на убавина.