Ако досега не сфати колку глуп и инфантилен испаѓаш со коментарите и да се повторвам јас нема пак да разбериш.
Не му треба на Нико помош од мене, а ти си брат самата дефиниција за ТРОЛ, искомплексирана и нереализирана недарбина шо хејта од чиста љубомора.
Ти бе нели сфати до сега во твоите 3 последни поста и плус негативната репутација што ми ја даде дека сам се бламираш? Во ниеден пост не се изјасни ништо, туку само ме правиш глуп со детски финти што сигурно не ти успеваат кај мене. Јас цело време си се изјаснувам конкретно, подржано со факти и дискусија што доликува за форум. Ти? Само напаѓаш од некоја нервоза што си ја добил читајќи ги моите постови.
Се изгуби малку во моабетот....искрено човек да помисли дека во тебе постои некоја неразбирлива љубомора.
Ајде да ја разгледаме ситуацијава со Венко и твојата преглупа логика со Најслабата Карика.
За Венко...нека не биде професор и све дуго тргни на страна ,земи во предвид дека многу повеке изодел и видел низ светов од тебе ,и милионте пубертетлики кои гласаат на Идол од хормонски побуди.
Каде ти е тука просторот за објективност ???
Јас не го ставам во суперлатив човекот како музички експерт но се прашувам каде па ТИ се најде толку компетентен да судиш такво мислење.
Најискрено ни јас не се согласувам со самото учество на Нико во Идол ,мислам дека и некако не е место таму ,али дека дечкото поседува квалитет тоа е надвор од секоја дискусија.
Нема љубомора кај мене, верувај.
Мојата логика со "Најслаба карика" воопшто не е глупа, туку соодветна. Ако ти мислиш дека имаш подобар пример за текстот што Венко го напишал - кажи го.
Убаво за Венко што изодел низ цел свет и видел се', ама тоа не го прави компетентен да пишува вакви работи:
Веднаш да им се извинам на преостанатите учесници – сите се добри и нека ги служи среќата за понатаму. Но, Нико, според мене беше – не идол, туку Бог. Затоа и го отфрлија. Има огромна разлика (барем во Светото писмо) меѓу идоли и Бог. Кажано е: не правете идоли и слики на Бога, туку почитувајте го Бога. А Нико, нека ми простат другите, за сите нив го ИЗМИСЛИЛ ПЕЕЊЕТО. Тоа е мој субјективен став. За мене, Нико е најсупериорниот глас што некогаш сум го слушнал во Македонија, по Тоше Проески. Дури и жирито (Игор Џамбазов, Калиопи, Тони Михајловски) не штедеше зборови на пофалба.
Јас колку и да сум субјективен според вас (а не сум, што е најтрагично) - ова што Венко го напишал е претеризам.
И имам МНОГУ пати речено. Да, Нико поседува квалитет, тоа не е спорно. Ама кога требаше да го покаже не го направи тоа и заслужено испадна.
И ова ми е последен пост околу статијата на Венко пошто осеќам се забегува off topic. Во понеделник има нова гала вечер - ќе коментирам на тоа.