Глупости? Зошто? Па и тој си се разочарал кога Нико испадна исто како и маливе девојчиња кога испадна Кико. Само што Венко може да си напише во весник што му лежи на душа, за разлика од девојчињава кои можат само на фб да изнатрескаат глупости. Коментарот на Венко е реален според мене и е во право. Барем кога станува збор за македонскиот синдром (на комшијата да му умре козата), кој е објаснет преку примерот на Нико (сведок е македонската историја, но да не навлегуваме). Не смееа така да изреагираат пред камери, признај сеа. Можеби, физички и нема некоја убавина Нико, но човек да не се воодушеви на таков глас треба да е глув. Ќе има добра кариера, верувам.