Препораките на Министерството за надворешни работи да не се патува за Грција, економската криза или патриотизмот, денеска го оставија празен граничниот премин Богородица.
Попразно никогаш не било. Невообичаената тишина повремено ја нарушуваа звуците од автомобилите, кои за мал број заминаа за Грција.
Автобуси немаше, иако беа најавени велигденски групни патувања, тие денес не се реализираа.
На граничниот премин Богородица на македонско-грчката граница утрово изостана најавената фреквенција на возила и патници. Мал број автомобили со македонски регистерски таблички заминаа за Грција.
Лани на денешен ден до 10 часот за Грција заминале 3.500 македонски државјани, денеска само 130.
„Како што и сами гледате, денеска изненадувачки, имаме многу мал број на патници и возила. Споредбено со минатата година, би рекол 85% е паднат прометот“, рече Никола Стамнов, командир на ПС Богородица.
Најголем дел од патниците кои денеска заминаа за Грција, беа информирани за препораките на МНР, но во нив повеќе препознаа политика, отколку грижа.
„Ја слушнав препораката, причините не ми се многу јасни, претседателот како што кажа - сфатете го тоа како што сакате. Од родата, од синот, снаа, внуче, од фамилија не можат да ме откажат, а политиката они нека си ја тераат, мене не ми смета, јас морам да си го видам внучето. Слушнавме и ние, само по работа одиме, мора да се работи“, велат граѓаните на преминот Богородица.
Македонското МНР пред два дена препорача да не се патува во Грција од безбедносни причини.
Мал беше бројот и на Грците кои денеска влегоа во Македонија, поголем број, според пограничните органи, се очекува во вечерните часови. Тогаш тие ги полнат казината и рестораните во гевгелиско.
Izvor A1....
Neznam dali se svestuva nasiot narod, poradi krizata e , poradi preporakata na MNR ili poradi nesto cetvrto...