Инфраструктурата е најбитна во секој спорт, особено во фудбал каде се потребни соодветни терени за тренинг, за натпревари, соблекувални, тушеви, греење и слично. Не велам дека е лошо да се изгради помал стадион во Скопје, ама треба ФФМ и општо државата да се насочат кон градење стадиони во повеќе градови, нормално ако сакаме да го промовираме спортот во иднина и да вадиме добри играчи. Гледајте една Хрватска само од какви клубови направи да бидат фактор, барем во домашната лига ако ништо друго. Осијек, Задар, Локомотива Загреб, Вараждин, секако уз секогаш добрите Динамо, Ријека и Хајдук. Јас немам видено лош терен во Хрватска, значи да гледам меч и теренот да е нива, ископан, да не се игра фудбал... Кај нас освен Градски се останато е криминално лошо, гледаш фудбал како да играат во некоја затуцана Афричка земја, ја бркаат топката по терен, ископано насекаде, едноставно ужасно.
Генерално гледано стара инфраструктура имаме ние, сите стадиони се стари и немодерни сем Градски кој нели е свежо реновиран и Борис Трајковски во Маџари. Убаво пишал некој погоре, во Битола 30 години се тегават една ебана трибина да направат, не може да се договорат кој повеќе ќе украде, Прилеп исти кур, стар стадионот, Тетово исто, итн итн да не набројувам знаете за што зборам и на што мислам. Ако треба некој друг тим сем Вардар и Работнички да игра во Европа инстант на Градски игра, зошто на пример Шкендија да не игра во Тетово? Или Пелистер во Битола? Па заслужуваат јас мислам луѓето што живеат таму да може да појдат на стадион на раат да го гледаат својот клуб, а не да организираат превози до Скопје и да се изложуваат на трошоци само за еден фудбалски меч.
Орбан многу паметно направи во Унгарија, им дозволи на бизнисмените данокот што треба да го платат да може да го вложат во спорт, затоа и се кренаа они на фудбалски план, ете Ференцварош групна фаза ЛШ обезбеди, Унгарија на ЕП отиде, во ракомет се стандардно јаки и на клупско и на репрезентативно ниво, и плус како што разбрав градат нова сала со капацитет од околу 20 000 седишта што е сериозно вложување. Али јебига далеку сме ние од такви работи, кај нас уште некој Југословенски систем владее и тешко уште некое време да излеземе од истиот.