Македонска фудбалска репрезентација

Член од
1 април 2018
Мислења
2.050
Поени од реакции
4.011
Па во сите три градови се почна реконстуркцијата на стадионите.Прилеп 5 години трева додека да му стават, Битола една трибина со години ја градат. Брегалница незнам до каде се ама имаа проекција за новиот стадион.
И јас сметам дека сите овие градови заслужуваат стадион од 10-15 илјади капацитет, ама ФФМ сигурно си има причини зашто би направиле нов стадион во Скопје. Хотели, аеродром, транспорт па дури и тренинг центарот на ФФМ се таму што доволно ти кажува дека е логично еден таков нов стадион за националниот тим најидеално би бил Скопје или Тетово.
Да, има и тоа логика, ама пак Скопје веќе има еден стадион. Ете за младинците има на Ффм комплексот доволно да играат. За нешто трето нема потреба, кога има стадиони во државава кои на се личат само не на тоа што треба.
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.794
Поени од реакции
15.819
тие едни рефлектори и столчиња за седење не ставаат на стадионите моментални што се и дренажа не менуваат, сакате од темел нов стадион да се гради. столчињата на градски од 2017 не е избришана прашината на нив.

иначе таа најава за нов стадион од 10/12 илјади гледачи(според мене голем капацитет и непотребен) е за да се користи за младинските репрезентации, ќе биде во комплексот на ффм. ако се е како што кажа сејдини.

иначе стадион од 4.500 гледачи во Пакс, Унгарија. 6 милиони евра, екстра за играње на младинска репрезентација, па и не атрактивни утакмици за сениори. 15-08-49-paks.jpg


исто и Хонвед градат нов стадион. малце по скап од овој.. ама одлично изгледа. 15-07-25-20200723_01-scaled.jpg

кај нас е проблемот што праиме градби малце заостанати со времето, една БТ и ЈС можеа далеку подобро да изгледаат. немора подалеку да одиме, доволно е да се види во Хрватска како се гради.
за стадион да не праиме муабет.
 

Attachments

Член од
18 мај 2008
Мислења
7.560
Поени од реакции
17.592
Најдобро според мене е да се инвестира во терени. Батали нов стадион тоа е луксуз, имаме модерен европски стадион. Значи сите пари во добра дренажа и соблекувални, па потоа да се мисли на све останато. Ние немаме никакви услови за да тренираат играчите па сега уште еден нов стадион ќе градиме. Дури реновирање на трибини е луксуз за нас моментално. Просто и едноставно соблекувални, помошни терени и најмодерна дренажа на тревниците како на помошните терени, така и на стадионите ни се потребни. За останатото ако има пари.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.037
Поени од реакции
106.829
Инфраструктурата е најбитна во секој спорт, особено во фудбал каде се потребни соодветни терени за тренинг, за натпревари, соблекувални, тушеви, греење и слично. Не велам дека е лошо да се изгради помал стадион во Скопје, ама треба ФФМ и општо државата да се насочат кон градење стадиони во повеќе градови, нормално ако сакаме да го промовираме спортот во иднина и да вадиме добри играчи. Гледајте една Хрватска само од какви клубови направи да бидат фактор, барем во домашната лига ако ништо друго. Осијек, Задар, Локомотива Загреб, Вараждин, секако уз секогаш добрите Динамо, Ријека и Хајдук. Јас немам видено лош терен во Хрватска, значи да гледам меч и теренот да е нива, ископан, да не се игра фудбал... Кај нас освен Градски се останато е криминално лошо, гледаш фудбал како да играат во некоја затуцана Афричка земја, ја бркаат топката по терен, ископано насекаде, едноставно ужасно.

Генерално гледано стара инфраструктура имаме ние, сите стадиони се стари и немодерни сем Градски кој нели е свежо реновиран и Борис Трајковски во Маџари. Убаво пишал некој погоре, во Битола 30 години се тегават една ебана трибина да направат, не може да се договорат кој повеќе ќе украде, Прилеп исти кур, стар стадионот, Тетово исто, итн итн да не набројувам знаете за што зборам и на што мислам. Ако треба некој друг тим сем Вардар и Работнички да игра во Европа инстант на Градски игра, зошто на пример Шкендија да не игра во Тетово? Или Пелистер во Битола? Па заслужуваат јас мислам луѓето што живеат таму да може да појдат на стадион на раат да го гледаат својот клуб, а не да организираат превози до Скопје и да се изложуваат на трошоци само за еден фудбалски меч.

Орбан многу паметно направи во Унгарија, им дозволи на бизнисмените данокот што треба да го платат да може да го вложат во спорт, затоа и се кренаа они на фудбалски план, ете Ференцварош групна фаза ЛШ обезбеди, Унгарија на ЕП отиде, во ракомет се стандардно јаки и на клупско и на репрезентативно ниво, и плус како што разбрав градат нова сала со капацитет од околу 20 000 седишта што е сериозно вложување. Али јебига далеку сме ние од такви работи, кај нас уште некој Југословенски систем владее и тешко уште некое време да излеземе од истиот.
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.644
Поени од реакции
9.223
Само сите забораваме дека трошоците за одржување по изградбата се исто така добар износ и ако стадионите се препуштат на општинска ингеренција прашање е колку ќе бидат квалитетно одржувани.
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
8.860
Поени од реакции
54.390
Па зарем ФФМ се должни во ФК Марино или ФК Бешикташ Чаир да им создадат услови за тренирање на младите?
За воља на вистината во Марино има 2 игралишта, едно од агенција за млади и спорт што ги правеа и едно нивно од времето. Само што клубот не постои.
Терените од амс во Марино и Кадино се едни од најдобрите ако не и најдобри игралишта што останаа у Македонија од тој проект.
сите стадиони се стари и немодерни сем Градски кој нели е свежо реновиран и Борис Трајковски во Маџари
Џабе. Есен-зима се претвараат у ниви пошто нема кој да ги одржава. Најбоље сценарио според мене е руски модел односно вештачка трева на сите поголеми стадиони во градовите каде се игра прво и второлигашки фудбал.
Орбан многу паметно направи во Унгарија, им дозволи на бизнисмените данокот што треба да го платат да може да го вложат во спорт,
Мислам дека и кај нас се воведе овој метод само што бизнисмените или си перат пари или воопшто не ни сакаат да улагаат у спорт.

Убаво би било едно стадионче од 5-10к гледачи со вештачка трева да се направи во Охрид, ама па тие немаат прволигаш за да игра таму. Многу значи и аеродром, убаво спомнаа погоре. Евентуално Тумбе кафе да се напраи вака.
Редовно ќе биде полно вакво стадионче кога ќе игра репстација. Другите градови повеќе живеат за фудбал него Скопје. Зјае празен Градски.
 

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.820
Поени од реакции
5.926
За воља на вистината во Марино има 2 игралишта, едно од агенција за млади и спорт што ги правеа и едно нивно од времето. Само што клубот не постои.
Терените од амс во Марино и Кадино се едни од најдобрите ако не и најдобри игралишта што останаа у Македонија од тој проект.

Џабе. Есен-зима се претвараат у ниви пошто нема кој да ги одржава. Најбоље сценарио според мене е руски модел односно вештачка трева на сите поголеми стадиони во градовите каде се игра прво и второлигашки фудбал.

Мислам дека и кај нас се воведе овој метод само што бизнисмените или си перат пари или воопшто не ни сакаат да улагаат у спорт.

Убаво би било едно стадионче од 5-10к гледачи со вештачка трева да се направи во Охрид, ама па тие немаат прволигаш за да игра таму. Многу значи и аеродром, убаво спомнаа погоре. Евентуално Тумбе кафе да се напраи вака.
Редовно ќе биде полно вакво стадионче кога ќе игра репстација. Другите градови повеќе живеат за фудбал него Скопје. Зјае празен Градски.
Најдобар избор за логистика и инфраструктура е Велес.
Ем блиску до Аеродром, ем до Скопје. Хотели, езеро за рекреација каде што може да се изградат комплекси исто така има.
Тревата на стадионот е вештачка, треба уште трибини да се направи и модернизира. Одлично ќе е за репрезентацијата, а и Борец се прволигаши.
 

madrock

Bogi
Член од
23 април 2014
Мислења
589
Поени од реакции
1.921
Најинтересна група за СП би била:

Хрватска
Србија
Грција
Македонија
„Косово“
Сан Марино

Најлесна:

Данска
Словачка
Шкотска
Македонија
Андора
Сан Марино

Најтешка:

Франција
Украина
Русија
Македонија
„Косово“
Молдавија
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.811
Поени од реакции
83.989
Најинтересна група за СП би била:

Хрватска
Србија
Грција
Македонија
„Косово“
Сан Марино
Да, да, со овие сите имаме некаков конфликт, особено со Сан Марино, сега тамам ќе ни лупнат вето ако не го смениме името на Марино, а ние после кога ќе ги победиме ќе пееме "Излези Гоче право на тераса ---- наше ќе биде и Марино Поле"
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
1.840
Поени од реакции
3.293
Најинтересна група за СП би била:

Хрватска
Србија
Грција
Македонија
„Косово“
Сан Марино

Најлесна:

Данска
Словачка
Шкотска
Македонија
Андора
Сан Марино

Најтешка:

Франција
Украина
Русија
Македонија
„Косово“
Молдавија
Косово и Србија не можат во иста група да се паднат. Истото важи и за Косово/Русија и Русија/Украина.
Најтешка група за нас би било - Шпанија, Шведска/Полска, Чешка/Норвешка, Ерменија, затоа што повеќето од овие не ни лежат за игра. Норвешка мислам дека може да биде изненадување на наредни квалификации со Халанд и Сорлот.
 

комшијаTи

Комшија Ти
Член од
21 ноември 2013
Мислења
6.092
Поени од реакции
4.927
Па добро нема везе што стадионот у Куманово е распаднат скроз за град што е втор по големина да нема никакви услови за фудбал а и далелина од аеродром поблиску него до центар у Скопје, али битно у Скопје да се гради нема везе што никок нилад не иде да гледа фудбал.
 

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.453
Поени од реакции
15.992
Па добро нема везе што стадионот у Куманово е распаднат скроз за град што е втор по големина да нема никакви услови за фудбал а и далелина од аеродром поблиску него до центар у Скопје, али битно у Скопје да се гради нема везе што никок нилад не иде да гледа фудбал.
На Башкими порано беше добар и У21 играше тамо, а и оној на женско Европско имаше утакмице. Какво е сга не знам, ама травник беше милина. Бајруш сакаше да среди све, ама...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom