Македонска фудбалска репрезентација

Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
Може да ојачаме среден ред и да го вратиме наза Тони Мицевски, со најјачата фризура во светот.
Тони мицевски за Ивановски и за Ристич е Кока Кола..на 42 години во Поешево игра и ги решети мрежите во трета лига..со Горан Ставревски двата се машини....сигурен сум дека да играат моментално за репрезентација нема да се избрукаат и дека ќе истрчаат
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Тони мицевски за Ивановски и за Ристич е Кока Кола..на 42 години во Поешево игра и ги решети мрежите во трета лига..со Горан Ставревски двата се машини....сигурен сум дека да играат моментално за репрезентација нема да се избрукаат и дека ќе истрчаат
Леле а баш пред некој ден ми текна на Мицевски, си викав жив ли е овој уште, многу јака појава ми беше :D
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Леле а баш пред некој ден ми текна на Мицевски, си викав жив ли е овој уште, многу јака појава ми беше :D
Жив е, во Пелагониски регион е уште активен :) Исто и пред некое време таа генерација на Пелистер, Ванчо и Тони Мицевски, Ставревски, Митко Стојковски, Бруно Пресилски, Миле Димов,Здравевски итн. играа на турнир во Куманово во чест на Мујо.

Од појавата сигурно највпечатлива ти беше фризурата :icon_lol:
 
Член од
13 март 2009
Мислења
1.968
Поени од реакции
1.868
Сампдорија се интересира за 17-год Македонски голман Кристијан Стоилков
http://www.supersport.com.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=15408:sampdorija-se-interesira-za-17-godisniot-makedonski-golman-kristijan-stoilkov&catid=50:shpekulacii&Itemid=129
Што ќе правиме со голманиве бе овој,Илиев и Столе лус тој што не откачи од Болоња 4 голмана една две години разлика
Само голмани е бекој се наполнивме :Попов,Урдинов,Лазевски,Ашковски лево, Георгиевски,Ристоски,Тодоровски десно, а стопери и везисти нема ни за лек :)
 

Bibo

Модератор
Член од
9 април 2006
Мислења
4.124
Поени од реакции
3.987
Само голмани е бекој се наполнивме :Попов,Урдинов,Лазевски,Ашковски лево, Георгиевски,Ристоски,Тодоровски десно, а стопери и везисти нема ни за лек :)
Ашковски го рачунаш како одличен лев бек (иако има настапувано само во втора Српска лига за вториот тим на Партизан), а Новески, Мојсов, Шиков и Грнчаров не ги рачунаш за достојни стопери и викаш дека стопери немаме ни за лек, малце ептен преувеличуваш...
 
F

FARANG

Гостин
Она што е очигледно е дека Пандев е еден и незаменлив.

На овие 2 натпревари во Георгиевски добивме играчиште (гордоста на македонците од Австралија) и моментално мислам дека ни е број 2 во тимот. Одбраната ни е стабилна, добар голман, имаме играчи само што дел не се во форма дел може и не се целосно уиграни. Со Попов во форма и Мојсов во тимот мислам дека ќе се подобри ситуацијата.

Демири е уште една придобивка. Конечно после Аце Шакири некој од брачава да изигра поштено и да заслужи да игра а не само рамковно. Мислам дека тука може да се направи подобра селекција Грозндановски, Ѓуровски и Бабаунски треба да се пробаат. Чеде ја има поддршката од нас и нема проблем да не ги селектира ако мисли дека нема потреба ама мислам дека треба барем да ги види во живо и на некој тренинг да види дали би имале корист од нив. Тројцата се креативци кој би го оттргнале притисокот од Пандев. Пороблемот што го имаме е дека нашата игра е лесно читлива. Хрватите не решија во второто полувреме одкако погрубо почнаа не само на Пандев него и ги отсекоа топките до него. Ако немаме уште некој да креира ќе биде голем проблем во иднина.

Во напад имаме неколку играчи кој може се малку различни еден од друг ама се углавно со сличен квалитет. Фичо како најстабилен стрелец може треба да добие повик. Далеку е он од Панчев ама од она што денес го имаме мислам дека најдобро би се снашол. Ако му дадеш асална топка знае ако да ја смести во мрежата. Тричко и Ибраими по страните се солидни со Пандев позади нив.

Освен Пандев остатокот на репрезентацијата ни е таков да на секоја позиција имаме по барем 2-3 играчи со сличен квалитет. Ако ги играме тие што се моментално во најдобра форма стално ќе бидеме незгодни и енигма за другите тимови ама ке треба повеќе работа и време пред секоја утакмица за да се уигра екипата. Вакви мини подготовки па 2 утакмици во кус рок би одговарале на ваква стратегија. Чеде очигледно може да ги спреми и да ги мотивира. Една работа што ја приметив кај него е дека замените му се слаби. Сега за сега сите ми изгледаат не ефективни мада рано е да се каже.
 

Bibo

Модератор
Член од
9 април 2006
Мислења
4.124
Поени од реакции
3.987
Исто и јас се слагам, до сега едина слаба страна на Јаневски му беа измените што ги направи овие 2 натпревара.. Знам дека се само 2 и немора ништо да значи али некако не беа баш правилно направени, ниту времето кога ги смени, ниту играчите кои ги внесе и извади...
 
Член од
13 март 2009
Мислења
1.968
Поени од реакции
1.868
Ашковски го рачунаш како одличен лев бек (иако има настапувано само во втора Српска лига за вториот тим на Партизан), а Новески, Мојсов, Шиков и Грнчаров не ги рачунаш за достојни стопери и викаш дека стопери немаме ни за лек, малце ептен преувеличуваш...
Ашковски го гледав за младинската репрезентација и изигра супер и за едно полувреме направи многу повеќе него двата други бека за цел натпревар, уште не е одличен, но има голем потенцијал. А за стопериве види вака, Новески - секоја чест, но веќе има 33 години и нема уште долго да игра, Шиков е солиден, но знае често да киксне, Мојсов нема изиграно официјален натпревар скоро една година за Војдовина, а Грнчаров игра во Бугарија. Очигледно е дека ни фали квалитет на стоперската позиција.
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
Aман бе луѓе, 5-6 години назад Попов ни е најдобар играч и после 2 лоши натпревари одма му барата замена. Човекот цело лето бараше клуб и немаше баш некој припреми со Динамо, сега со новиот клуб после 2-3 кола ќе се врати во форма и пак биде онај стариот.
ОВА!!!
Како му тргнавте во поход против Попов, масакр го напраивте човекот, а години уназад во топ 3 играчи во репрезентација ни е.
 

Bibo

Модератор
Член од
9 април 2006
Мислења
4.124
Поени од реакции
3.987
Ашковски го гледав за младинската репрезентација и изигра супер и за едно полувреме направи многу повеќе него двата други бека за цел натпревар, уште не е одличен, но има голем потенцијал. А за стопериве види вака, Новески - секоја чест, но веќе има 33 години и нема уште долго да игра, Шиков е солиден, но знае често да киксне, Мојсов нема изиграно официјален натпревар скоро една година за Војдовина, а Грнчаров игра во Бугарија. Очигледно е дека ни фали квалитет на стоперската позиција.
Ова веќе ти држи вода и комплетно се согласувам... Во принцип ова ни беше најјака страна но сега како што кажа, Мојсов и Грнчаров пропаднаа некако (Грнчаров со трансферот каде од Белгија отиде во Бугарија во клуб што влага у прва лига, а Мојсов суспензиран година дена скоро), па ни остануваат само Новески и Шиков што значи немаме многу избор, а баш сега и двајцата некако не се во најдобра форма (Новески разбирливо поради возраста, Шиков неколку грешки направи, иако генерално е окај али сепак не е идеално решение)... Можно е Јаневски да го повика Бојан Марковски, он добро го знае од периодот кога му беше тренер во Кипар... Но лично незнам колку он нешто ќе подобри, оти не верувам да е подобар од Шиков или Грнчаров...
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.830
Поени од реакции
6.384
Ашковски го гледав за младинската репрезентација и изигра супер и за едно полувреме направи многу повеќе него двата други бека за цел натпревар, уште не е одличен, но има голем потенцијал. А за стопериве види вака, Новески - секоја чест, но веќе има 33 години и нема уште долго да игра, Шиков е солиден, но знае често да киксне, Мојсов нема изиграно официјален натпревар скоро една година за Војдовина, а Грнчаров игра во Бугарија. Очигледно е дека ни фали квалитет на стоперската позиција.
Мојсов не го земаш во обзир затоа што не играл,а за Грнчаров ти смета што играл во слаба лига.....
Која е разликата помеѓу бугарската и српската лига ? Сме имале играчи и во послаби лиги во репрезентацијата.Словенската лига на Агим Ибраими да не е појака случајно.Ај Маробор овие 2-3 години е солиден,но остатокот е на ниво на екипи што се борат за опстанок во Србија/Хрватска/Бугарија......
 
Член од
13 март 2009
Мислења
1.968
Поени од реакции
1.868
Мојсов не го земаш во обзир затоа што не играл,а за Грнчаров ти смета што играл во слаба лига.....
Која е разликата помеѓу бугарската и српската лига ? Сме имале играчи и во послаби лиги во репрезентацијата.Словенската лига на Агим Ибраими да не е појака случајно.Ај Маробор овие 2-3 години е солиден,но остатокот е на ниво на екипи што се борат за опстанок во Србија/Хрватска/Бугарија......
Никаде не реков дека не ги земам во обзир, само констатацијата ми беше дека сме тенки на стоперската позиција.
 
В

Ваздух

Гостин
ОВА!!!
Како му тргнавте во поход против Попов, масакр го напраивте човекот, а години уназад во топ 3 играчи во репрезентација ни е.
Не е масакр, критика е. И мора да биде фрлена. Ако не ги критикуваш, нема да знаат кај грешат и ќе мислат дека се е како што треба. Дајте да ги разграничиме малку работите.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom