Македонска фудбалска репрезентација

В

Ваздух

Гостин
и Ивановски и Ибраими сакаа тие шансите да ги претворат во гол многу повеќе од нас, не бива да ги плукаме посебно не Ивановски (најмногу критики има на негова адреса)... иако беше eдна од најслабите алки сношти сепак има чувство за напаѓач Мирче :) брз и снаодлив играч е.. одлично се ослободува од протиникот и одлично игра без топка има осет кога да влезе во празно, има осет да прими топка дури и помагаше во одбрана во неколку ситуации... многу покорисен за разлика од Ристиќ кој шо едвај еднаш или два пати се состави со топката на Максимир.. проблемот кај него, а богами и кај Попов се забележа на овие два натпревари е тоа што немаат континуитет и доволно тренинзи.. Мирко лани така речено ја изгуби цела година луташе од клуб во клуб.. истото му се деси летово на Попов.. погледнето го само Пандев и ќе сфатите што и колку многу значат припремите летово шо ги имаше со Наполи... е сеа дали покрај се ова од погоре требаше да стартува Ивановски селекторот има одговор на тоа прашање :)
Има чувство, таков муабет не. Негова работа е да дава гол. Ние не сме Шпанија, па правиме по 50 стопроцентни шанси, па да промашиш неколку, ајде добро. Ние сме Македонија. Ретко правиме толку зицер ситуации. А кога веќе ги правиме тие треба да се искористат.
Ивановски добива шанса пред многу подобри напаѓачи од него во моментов, и тој треба да постигне гол. Мене не ми менува ништо тоа што тој се ослободувал добро. Тоа е работа на играчи на друга позиција.
Лошо изреагира, лошо и играше, па заслужени се критиките на негова сметка.
 
Член од
8 април 2007
Мислења
16.034
Поени од реакции
9.126
Ка ќе прочитам коментар за тоа како требало Стојков да се врати у репрезентација, извините ми на речник, ама ми се се*е!!

Не покажа тоа што треба у најдобрите године, сега ќе покажел нешто и ќе помогнел...
 
tufekciev

Барсa <3
Член од
6 февруари 2009
Мислења
2.242
Поени од реакции
802
Чекајте малку бе, 2 добро изиграни меча и одма летате. Пред само 1 месец се беше поинаку, мислам дека полека но сигурно доаѓаат добри моменти за македонскиот фудбал и тек за европското 2016 ќе имаме најдобри резултати. Неможе за 1 месец да се смени се, полека треба да идат работиве. Ивановски и Ристич според мене не треба да бидат повикани а на нивно место Баже и Ѓуровски. Исто мислам дека Мојсов треба да игра пред Шишков.
Голмани: Богатинов, Кико Наумовски..
Добар е за сега Богатинов немал некој кикс така да мислам дека и во продолжение треба да се смета на него, ако не тука е првиот голман на Динамо Букурешт кој исто е млад и преспективен.
Одбрана: Горгиевски, Новески, Шишков, Попов..
Од Ѓоргиевски сум презадоволен, од Попов не толку многу но ќе влезе во форма до октоври, така да по страничните позиции сме покриени. Стоперите и не се така најдобри на овие 2 натпревари, со Хрватска мислам Новески не покриза голот, а сеа за вториов Шишков не затвори на време. Мислам дека Мојсов треба да добие шанса.
Средина: Демири, Глигоров, Пандев, Тасевски
Мислам дека најдобро е Пандев да го игра во средината позади напаѓачите, многу е корисен таму, видовме вчера. Пред одбраната Демири е одличен, исто и Глигоров, и никакво давање шанса на Шумоликовски. Треба Ѓуровски да се повика но веќе таму го имаме Пандев и Тасевски. Ако иде Пандев у напаѓачката тројка сигурно треба да се даде шанса на Тасевски и Ѓуровски а никако на М.Ивановски и Ристич како што почнавме овие 2 утакмици.
Напаѓачи: Тричко, Ибраими, Хасани, Горгиев, Пандев
Мислам дека се одлични, многу ми се свиѓа како играат Ибраими и Хасани, од срце пред се, Тричко може не е во форма но уште се опоравува од повредата и до октомври би требало да влезе во ритам и на него да сметаме како прв напаѓач, а лево да игра со Хасани или Горгиев од Вардар. Тимот би изгледал вака некако.

---------------------------------- Богатинов ----------------------------------
Д.Георгиевски -------- Мојсов/Шишков -------- Новески ---------- Попов
----------------- Глигоров/Стјепановиќ ----------------Демири/Шумуликовски--------------------------
Ибраими/Пандев --------------------Пандев/Тасевски/Ѓуровски --------------------- Хасани/Горгиев
---------------------------Тричковски/Баже Илијовски -----------------------------------------

Има и многу млади фудбалири кој сигурна треба да добијат шанса како:
Ранѓеловик од Вардар, Трајковски, Хусмани, Спировски... тоа се пред се играчи кои играат во средината таму кај што сме најтенки со Демири и Глигоров...
 
В

Ваздух

Гостин
Ќе летаме другар, ме боли куров, моментално ми е убаво и се радувам на играта и македонската фудбалска репрезентација. За првпат!
Нека има еуфорија, нека се надева и радува народот. Првпат ја осетивме после долго време за Вардар-БАТЕ, нека ја има и против Хрватска и Србија.

На убав пат сме, и ќе летаме во воздух. Поарно да летаме, него да кукаме и да плукаме постојано, и да не ебаваат сите. Вака, нека се плашат :)
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
1.373
Поени од реакции
1.596
Кој сака нека игра , само Ванчо Шиков да не игра... Поголем камен од него нема да се роди за фудбал, колку пати не заебал тоа е едно чудо. Подобро некое дете од у21 да стават него он да игра...
 
ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
Абе каков Стојков, ај Ванчо Трајанов да го вратиме ако не, им даде гол на Англија... :D

При Тричко, Ибраими, Хасани па и Ѓоргиев, крилните позиции се покриени. Стојков ко што памтам крилен напаѓач играше.

Нам ни фали 9ка... :)
 
Член од
14 април 2010
Мислења
4.692
Поени од реакции
6.033
Сампдорија се интересира за 17-год Македонски голман Кристијан Стоилков
http://www.supersport.com.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=15408:sampdorija-se-interesira-za-17-godisniot-makedonski-golman-kristijan-stoilkov&catid=50:shpekulacii&Itemid=129
Што ќе правиме со голманиве бе овој,Илиев и Столе лус тој што не откачи од Болоња 4 голмана една две години разлика
 
Член од
25 јуни 2012
Мислења
2.497
Поени од реакции
2.407

Па може и Трајанов да го земеме:D.
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.913
Поени од реакции
16.175
Сампдорија се интересира за 17-год Македонски голман Кристијан Стоилков
http://www.supersport.com.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=15408:sampdorija-se-interesira-za-17-godisniot-makedonski-golman-kristijan-stoilkov&catid=50:shpekulacii&Itemid=129
Што ќе правиме со голманиве бе овој,Илиев и Столе лус тој што не откачи од Болоња 4 голмана една две години разлика
Столе е дупка.:icon_mrgr:
Се продаде од Работнички, ама некња го глеав против Србија, не знае кај тера.. 2 гола заради него паднаа.
 
Член од
14 април 2010
Мислења
4.692
Поени од реакции
6.033
Столе е дупка.:icon_mrgr:
Се продаде од Работнички, ама некња го глеав против Србија, не знае кај тера.. 2 гола заради него паднаа.
Има време и за него и за дететот од Арсенал и за третиов најновиот сепак ете секоја сезона напредува помалце сега мисалм дека е префрлен во рпвиот тим на Кадиз или на Гранада не знам точно да биде трет голман плус тоа знамее дека голманите се како виното што постари тоа пдообри :D
 
Cappie

Vincere non è importante: è la sola cosa che conti
Член од
29 мај 2008
Мислења
1.914
Поени од реакции
307
http://ffm.com.mk/ треба малце да ја подобрат странава и редовно да ја освежуваат:facepalm:
Ќе биде и тоа со тек на време...не може сите :гомце: на Хари да се исчистат за два месеци. Битно играта почнаа да ја подобруваат, за другите детали ќе биде.
Одлична игра и треба да се продолжи така континуирано. Со тек на време, ќе се најде вистинската двојка за одбраната, нема да се примаат толку голови по грешка, а исто и ќе се уиграат некои акции кои очигледно новиот селектор ги има како идеи и ќе се создаваат многу повеќе ситуации за гол.
Од овој циклус не можеме да очекуваме пласман на светско, меѓутоа, ако се освојува бодови на сите натпревари, ќе се дигне рејтингот и автоматски за следните квалификации ќе имаме полесна група и тука би била вистинската шанса - секако доколку продолжи да се работи како што треба - за фудбалот, а не за парите.
 
bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.876
Поени од реакции
6.931

И да дочекаме 5-6 играчи од младата репрезентација да се вклучат во сениорската...е тоа ќе биде свежа крв и нова надеж...ако тие играчи заиграат во јаки лиги може да очекуваме сериозна борба за пласман, да речеме на ЕП 2016. За тие квалификации третопласираните би требало да играат бараж.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom