Катастрофа беше Попов вчера, не пробушија по таа нивна десна страна, еден куп акции направија. Ма да Тричко дур беше на терен не мрднаа и таму Шкотите, после со влегувањето на Хасани изгледа се отвори повеќе простор . Очигледно не се доволно уиграни. За разлика од нив, десно Георгиевски и Ибраими кинеа. Колку пати само се врати Агим назад да покрие... Плус и неколку добри акции имаа. Георгиевски позитивно ме изненади. Ако реков дека во првото полувреме со Хрватска одигра слабо, од тогаш па наваму потполно ме демантира.
Глигоров и Демири и повеќе од солидни. Ете и на Величе прелазна оцена ќе му дадам. Немаше време излеа да направи некоја глупост
За Пандев нема потреба да се збори... Мирко доста трчаше покриваше, влегуваше у шанси арно ама реализацијата нула....
И дај бе ве читам, Стојков и Мазнов ги барате назад во репрезентација
Него баш ми е мило, сите што плукаа по Наумовски порано, сега го бараат назад. Правеше глупости да, ама секогаш со срце играше и максимумот го даваше. Така да го очекувам и него во составот за следните натпревари.
Пред преполн Градски, се може да се случи, зашто да не и да паднат Хрватска и Србија.