Македонска фудбалска репрезентација

Чичко Кумплунг

деца на транзицијата
Член од
3 декември 2011
Мислења
4.194
Поени од реакции
4.400

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.662
Поени од реакции
9.982
Катастрофа беше Попов вчера, не пробушија по таа нивна десна страна, еден куп акции направија. Ма да Тричко дур беше на терен не мрднаа и таму Шкотите, после со влегувањето на Хасани изгледа се отвори повеќе простор . Очигледно не се доволно уиграни. За разлика од нив, десно Георгиевски и Ибраими кинеа. Колку пати само се врати Агим назад да покрие... Плус и неколку добри акции имаа. Георгиевски позитивно ме изненади. Ако реков дека во првото полувреме со Хрватска одигра слабо, од тогаш па наваму потполно ме демантира.
Глигоров и Демири и повеќе од солидни. Ете и на Величе прелазна оцена ќе му дадам. Немаше време излеа да направи некоја глупост :icon_mrgr:
За Пандев нема потреба да се збори... Мирко доста трчаше покриваше, влегуваше у шанси арно ама реализацијата нула....

И дај бе ве читам, Стојков и Мазнов ги барате назад во репрезентација :eek:

Него баш ми е мило, сите што плукаа по Наумовски порано, сега го бараат назад. Правеше глупости да, ама секогаш со срце играше и максимумот го даваше. Така да го очекувам и него во составот за следните натпревари.
Пред преполн Градски, се може да се случи, зашто да не и да паднат Хрватска и Србија. :)
 
Член од
17 јануари 2011
Мислења
242
Поени од реакции
131
хатон бразилскиот кафу, георгиевски македонскиот кафу :)
 
Член од
7 октомври 2011
Мислења
3.831
Поени од реакции
3.616
Све е топ за сега, освен левата страна.Попов го проаѓаат како сакаат, и Хрватите ни играа по таа страна и овие вчера .Пиперката дефинитивно ни е најдобар играч и му е погодена позицијата како полушпиц,плејмејкер. Ибраими исто е топ,се гледа дека е желен за гол да даде ,со срце игра. Десното бекче феноменално и голманчето ни е зверско. Само вака нека продолжат и во Октомври без 4 бода не треба да излезме од натпреварите со Хрватите и Србендите.
 

Johnny B

Misogynist, racist, anti woke
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.653
Поени од реакции
11.783
Абе не ја прајте таа Белгија како кој знае што. За мене Хрватите се и ќе бидат кандидати бр.1 за првата позиција. Денеска со ладна глава кога ќе размислам, Шиков-Новески и не се баш добар тандем, како да фали некоја комуникација меѓу нив. Високи, неподвижни и доста паничат поготово Шиков. И ни фали еден добар напаѓач во оваа формација. Дефинитивно тоа не е Илчо, градиме нов тим што се базира на млади, спретни играчи, дефинитивно враќањето на Наумовски во репка би не вратило пак назад. Не знам...Ф.Ивановски може да се проба...
Белгија е најјака во оваа група и тоа ќе го покажи.
Искрено колку и да ви звучи лудо ја би го вратил панчев во репрезентацијата. Доволно е во текот на натпреварот да има една или две вакви шанси што ги имаше овој иваносвки и ќе даде гол. Не мора ни да трча само да биде пригран од пандев и ете гол.
Па и овој Панчев на овие години е подобар од овие дрва што ги имаме во нападот
 

DimceY

Jimmy
Член од
20 ноември 2007
Мислења
5.804
Поени од реакции
5.578
и Ивановски и Ибраими сакаа тие шансите да ги претворат во гол многу повеќе од нас, не бива да ги плукаме посебно не Ивановски (најмногу критики има на негова адреса)... иако беше eдна од најслабите алки сношти сепак има чувство за напаѓач Мирче :) брз и снаодлив играч е.. одлично се ослободува од протиникот и одлично игра без топка има осет кога да влезе во празно, има осет да прими топка дури и помагаше во одбрана во неколку ситуации... многу покорисен за разлика од Ристиќ кој шо едвај еднаш или два пати се состави со топката на Максимир.. проблемот кај него, а богами и кај Попов се забележа на овие два натпревари е тоа што немаат континуитет и доволно тренинзи.. Мирко лани така речено ја изгуби цела година луташе од клуб во клуб.. истото му се деси летово на Попов.. погледнето го само Пандев и ќе сфатите што и колку многу значат припремите летово шо ги имаше со Наполи... е сеа дали покрај се ова од погоре требаше да стартува Ивановски селекторот има одговор на тоа прашање :)
 
Член од
25 јуни 2012
Мислења
2.497
Поени од реакции
2.407
Наумовски, Стојков и Ѓуровски за следните натпревари, и две победи по ред ко од ништо.;)
 
Член од
17 јануари 2011
Мислења
242
Поени од реакции
131
ако не се опорави тричко до октомври ѓуровски на негово место и негова позиција и во шпиц фичо. таман до тогаш попов ке изигра некој натпревар и ке се врати во форма :) кај игра стојков сега? ако има натпревари и е во форма може и он да се вклучи доста е брз, мада што рече еден член да не се вракаме назад со илчо и аце, да зимаме млади и перспективни
 
Член од
25 јуни 2012
Мислења
2.497
Поени од реакции
2.407
ако не се опорави тричко до октомври ѓуровски на негово место и негова позиција и во шпиц фичо. таман до тогаш попов ке изигра некој натпревар и ке се врати во форма :) кај игра стојков сега? ако има натпревари и е во форма може и он да се вклучи доста е брз, мада што рече еден член да не се вракаме назад со илчо и аце, да зимаме млади и перспективни
Стојков игра во Иран;), во прва лига:).
 

Riken

the power of imagination makes us infinite
Член од
9 декември 2008
Мислења
12.779
Поени од реакции
30.640
Може и Урдинов да игра пред Попов :)
 
Член од
17 јануари 2011
Мислења
242
Поени од реакции
131
ништо од стојков, тапа лига иран, може лазевски пред попов солиден е
 
Член од
13 март 2009
Мислења
1.968
Поени од реакции
1.868
Aман бе луѓе, 5-6 години назад Попов ни е најдобар играч и после 2 лоши натпревари одма му барата замена. Човекот цело лето бараше клуб и немаше баш некој припреми со Динамо, сега со новиот клуб после 2-3 кола ќе се врати во форма и пак биде онај стариот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom