Македонска фудбалска репрезентација

Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.956
Поени од реакции
73.824
Во 2005 или 2006 имам платено 500 денари за со Русија кога игравме... :D

Едит: Било во 2006 година.
Шут кон гол немавме, очобол тежок. Најинтересна беше тепачката со русите на трибина :D
 
Член од
7 јуни 2011
Мислења
4.289
Поени од реакции
3.322
Во 2005 или 2006 имам платено 500 денари за со Русија кога игравме... :D

Едит: Било во 2006 година.
Шут кон гол немавме, очобол тежок. Најинтересна беше тепачката со русите на трибина :D
Лелеле па кога ги пуштија кучињата хахаха времиња...
 
naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.005
Поени од реакции
5.652
Абе ако некој сака да иде, ако му е скапа јужна, ќе оди на запад. Само да се мррчело, јас секогаш одам на запад.
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.280
Поени од реакции
5.534
Абе ако некој сака да иде, ако му е скапа јужна, ќе оди на запад. Само да се мррчело, јас секогаш одам на запад.
Немаше да се мрчи да играа како што треба. Горе убаво пишаа на стадион на фудбал претежно идат луѓе надвор од Скопје. Грото е со луѓе од други градови. Да дојде некој од Кавадарци, Струмица, Прилеп, Охрид па не дај Боже со патот каков е слободен ден ќе треба да бараат од работа. Татко да сака децата да си ги донесе ќе треба 50 евра денес да шибне да се гледа фудбал. И нема да е проблем тоа, кога не би играле како баби.

Никој не се бунеше кога бевме у фул форма и играа супер даваа срце на терен. Алиоски леташе по лева страна 90 минути, Елмас правеше будали од дефанзивците. Николов позади држеше среден ред Барди стандард алка, Пандев проигрувања. Едноставно кеф беше да се гледа. Сега водиме на полувреме губиме на крај. После идеме против Англија не пунат како пиперки таму. Не очекуваме да победиме, ама не е ни да изгубиш 6:0 и после ставаш 400 ден карта за ЕРМЕНИЈА
 
Последно уредено:

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.005
Поени од реакции
5.652
Абе каква форма, Д лига нации... Без врска ви е муабетов. Се согласувам дека цената од 400 мкд е многу, но ете има и карти за 200. Во 99-та со татко ми се затеравме од Дебар, да гледаме Македонија-Југославија, карта 400 мкд, денешни би му дошло 4.000 мкд. Не наполнија како брод 4-0 губевме на полувреме, и уште ми е еден од најубавите спомени од детството. Сега секако и 100 денари да беа немаше да идат луѓето, само изговори, а сите ќе бидат на продолжен викенд во Грчка, лежалка 20 еур. Еве, најди 10 деца што не може да си дозволат карта за исток/запад, јас ќе им ја платам.
 
Член од
12 август 2024
Мислења
107
Поени од реакции
155
за фудбалски настан кој се случува во текот на годината едно 4-5 пати мислам дека 200 и 400 денари се фер цена.Зборуваме за натпревар со траење од 2 часа со паузи итн.
Ако правиме споредба за цената со други работи како храна од пицерија или пак слаткара или пак седење во кафич ќе те фати повеќе.
Карта во кино ти е поскапо,во театар ти е поскапо,на концерт кај Србиве што доаѓаат се далеку поскапи карти.
Како ЦИГАНИ се цинкате за ситна сума.
Полоши од Цигани сме.
Не само што нема култура да се иде да се гледа фудбал уште и ајде да речеме кога има ефтина цена седат дома и коментираат на Фејсбук зошто МРТ не пренесува фудбал.Добро,а такса за телевизија се плаќаше нели? Или и тоа се укина и уште ви е скупо.
ЦИГАНСКИ НАРОД СТАНАВМЕ
 
dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.399
Поени од реакции
85.351
Македонија-Ерменија пред ПОМАЛКУ ОД ЕДНА ГОДИНА:

200 денари карта.

Сакате да кажете дека 100% поскапување вреди само поради престижот наречен речиси најслаба група во квази-пријателски турнир?
Сакате да кажете дека 100% поскапување вреди само поради тоа што наместо Александар Трајковски, човекот што играше во Шпанија и Италија ќе го гледаме младиот и надежен Трапановски? Само поради тоа што наместо младиот Ердон Даци ќе го гледаме...за 11 месеци постариот од последниот пат Ердон Даци? Наместо Чурлинов што не играше во Барнли ќе го гледаме Чурлинов со 2 настапи во Полска лига?
Сакате да кажете дека 100% поскапување вреди само поради тоа што се игра на Градски Филип Втори Тодор Проески?

Баталете "koj saka ke gleda" муабети, ова е типичен балкански муабет со кој се дозволува криминалци да си прават криминални работи.
Ако се случува нешто што нема логика фер е да се каже и да се прокоментира конкретно на темата, а не да се врти со "a be demek skaspo im e, a nemaat problem iljadarce u brushalter na pevaljki da stavaat"
Секоја работа што има 50+% поскапување за помалце од година, а квалитетот е ист или намалува е причина за бунење. Без разлика дали е леб, концерт, струја или сок.

Конкретно. Дали е 400 денари карта на јужна нормална и реална цена.

Сама по себе, јас мислам дека не е.

Некој мисли дека е. Тоа е фер.

Е сега, ако на тоа додадеме дека истиве екипи играа пред помалце од година за 200 денари...

И пак ќе кажам, секој има право на став.

Ако на прашањава погоре, одговорот е "Да, мислам дека е сосема ок дупла цена да е за Скопје да се гледа малце попрестижен натпревар" тоа е фер одговор и го почитувам.
Само да потсетам дека во квалификациите за ЕП, натпреварот со Англија беше 600 денари, па тоа би значело дека во следните квалификации ваков сличен натпревар треба да биде 1000 денари најмалку, па затоа процесот на постепено качување на цените треба со почеток да се пресече, особено што пак ќе кажам - лани игравме со Ерменија за 200ки.

Не го читајте ова како нешто да го пишувам во нервоза или дека премногу ми смета, само сметам дека цената не е логична нити рационална и е онака баш тресната од ракав како најголема сума која мислеле дека може да ја лупнат на таква рандом утакмица и пак да направат профит без притоа луѓе да се бунат во огромен број. И сметам дека ова треба да се спречи во старт, бидејќи во спротива за година дена ќе се продаваат карти по 1000+ денари. Што за мене не е ок.

П.С. Одбојка играме против Грција во недела во Јане Сандански, бесплатен влез е. А ОФМ дефинитивно има поголема потреба од средства од ФФМ, ама ете, сепак излегоа во пресрет на публиката. (што дури мислам дека е грешка и требаше некоја симболична сума да е, ама ај)
 
Член од
12 јануари 2015
Мислења
2.393
Поени од реакции
4.365
Немаше да се мрчи да играа како што треба. Горе убаво пишаа на стадион на фудбал претежно идат луѓе надвор од Скопје. Грото е со луѓе од други градови. Да дојде некој од Кавадарци, Струмица, Прилеп, Охрид па не дај Боже со патот каков е слободен ден ќе треба да бараат од работа. Татко да сака децата да си ги донесе ќе треба 50 евра денес да шибне да се гледа фудбал. И нема да е проблем тоа, кога не би играле како баби.

Никој не се бунеше кога бевме у фул форма и играа супер даваа срце на терен. Алиоски леташе по лева страна 90 минути, Елмас правеше будали од дефанзивците. Николов позади држеше среден ред Барди стандард алка, Пандев проигрувања. Едноставно кеф беше да се гледа. Сега водиме на полувреме губиме на крај. После идеме против Англија не пунат како пиперки таму. Не очекуваме да победиме, ама не е ни да изгубиш 6:0 и после ставаш 400 ден карта за ЕРМЕНИЈА
Абе за од другите градови океј, ама тоа е секаде така. Некој за да ја гледа Германија во Минхен, тој од Хамбург мислиш ќе оди? А тие повеќе се жалат што е картата 50 евра, на плата од 2000 евра, отколку македонецот што плаќа 7 евра на плата од 300 евра, за да гледа Македонија - Ерменија.

Наместо да се створи навика да се оди на трибини, да стават 100-200 или 150-300. Или за деца под 12 години, да биде бесплатен влез, да осетат атмосфера, да им се створи навика да доаѓаат да гледаат МАКЕДОНИЈА, а не како ние што бевме растени, да го гледаме противникот, затоа што бевме цепеници невидени, па кој стигнеше не пунеше.

Од тие што ќе отидат, ќе купат семки, сончоглед, пиво, вода, сок.. Ама ги мрзи да стават фрижидер, ги мрзи да работат. Дефинитивно не сме нација која сака да работи за пари. Повеќе би седеле за 500че цел ден, отколку да работат за 2000 дневница.

На запад тимовите, што пари прават од јадење и пиење од една утакмица, тука за 10 години нема да ги направи некој клуб/ФФМ/државата и кој и да е.
 
Член од
16 април 2014
Мислења
7.307
Поени од реакции
11.660
Абе каква форма, Д лига нации... Без врска ви е муабетов. Се согласувам дека цената од 400 мкд е многу, но ете има и карти за 200. Во 99-та со татко ми се затеравме од Дебар, да гледаме Македонија-Југославија, карта 400 мкд, денешни би му дошло 4.000 мкд. Не наполнија како брод 4-0 губевме на полувреме, и уште ми е еден од најубавите спомени од детството. Сега секако и 100 денари да беа немаше да идат луѓето, само изговори, а сите ќе бидат на продолжен викенд во Грчка, лежалка 20 еур. Еве, најди 10 деца што не може да си дозволат карта за исток/запад, јас ќе им ја платам.
Не е работата во парите толку дали се 200 или 400. Имаат децата да платат толку, ја долови поентата ете.
Цел муабет е дека треба да се покажат малку, демек работата за доброто на фудбалот, сакаат да привлечат публика, да стекнат навика... еден убав гест да речеме. Имаат прелоши резултати, се помалку луѓе одат на утакмица и што превземаат овие? 400 со Ерменија? Не ме сфаќај погрешно, јас и 20 денари да е не одам, а ако решам да одам и 700 да е ќе појдам, ама не мисли секој така.

Еве една проста математика. Колку ќе има сеа? 8000? По 6 и неш евра просек да речеме, околу 50 000 евра од карти така?
Да се напола од тоа цените, ќе соберат 25 000, + 5000 еве додади што можда ќе привлечат плус гледачи. Што се бе 20 000 помочани евра за една држава? И што ќе направат еве со тие пари? Ќе пијат скапи пијалоци на Олд Трафорд и ќе клецаат курви во Ереван на таа сметка?
 
Член од
7 април 2015
Мислења
2.789
Поени од реакции
1.700
Да не се лажеме, и да е картата 300 или 400, публиката ќе биде иста, не верувам дека некој ќе се реши да оди на утакмица, пошто ете ќе заштедел 100 денари, тоа е сепак традиција која се одржува, тешко е да привлечеш нови гледачи, доколку не понудиш пред се добра игра и некоја еуфорија.
 
Па не баш. Ако татко со две деца за 3 карти плати 1200, наместо 600, нема да оди. Па и некој средношколец, студент, од принцип нема да оди. Ем ќе даде 400, ем ќе гледа како се влечат по терен.

Искрено, попрво би дал Сан Марино да ги гледам за 1000-ка, затоа што барем се трудат. Нашиве ги боли курот и за противникот, и за публиката. А срам, гордост, и такви други чувства кај нив се избледени одамна.
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.280
Поени од реакции
5.534
Абе каква форма, Д лига нации... Без врска ви е муабетов. Се согласувам дека цената од 400 мкд е многу, но ете има и карти за 200. Во 99-та со татко ми се затеравме од Дебар, да гледаме Македонија-Југославија, карта 400 мкд, денешни би му дошло 4.000 мкд. Не наполнија како брод 4-0 губевме на полувреме, и уште ми е еден од најубавите спомени од детството. Сега секако и 100 денари да беа немаше да идат луѓето, само изговори, а сите ќе бидат на продолжен викенд во Грчка, лежалка 20 еур. Еве, најди 10 деца што не може да си дозволат карта за исток/запад, јас ќе им ја платам.
Ај вака. Не можеш да кажеш дека не бевме у форма затоа што со многу репрезентации кога отидовме ранг погоре игравме егал утакмици, со таа форма отидовме на Европско, преку најслаба лига да ама им се држевме на Австрија и Украина. Скоро па истата Австрија ја растрти Холандија на Европското годинава. Тука ке ја затвориме таа тема.

Убави спомени и ја имав кога го гледавме Вардар се бори за влез во ЛШ против ЦСКА, Спарта и после Рома. Со татко ми и чичко ми 3 саати баравме карти на црно за да влеземе на било која трибина без разлика на цена. Препрочитај ја реченицата пак. Вардар, влез во Лига на Шампиони, влез во Куп на Уефа, без разлика на цена.

И точно е дека идење на стадион претставува култура, ама за да се изгради таа култура треба фудбалот како таков да те понесе и да те мотивира. 100% поскапа влезница за 200% послаба форма на фудбалери никако не е мотивација, никако не е ни мотивација незалагањето за државниот грб, уште помалку па да ги гледам сељоберите во ВИП што си делат премии меѓу себе а стојко не им чуе за МК фудбалот. Они се тие што треба да го оправат, не ние со плаќање 200 или 400 ден карта.

Живеев неколку години во Ајндховен и директно гледав што значи култура за фудбал, цел град дише за ПСВ, ама кога имаа лоша сезона и се влечеа по терен и губеа веќе добиени утакмици и таму не им идеа да ги гледаат во знак на протест. Ќе се соберат во локален паб, па дури и во самиот паб на стадион, ама на трибина не идеа. И тоа не беше официјален бојкот, едноставно никој неќе да плати за да гледа смешки на терен, затоа се иде у театар.

Не знам како ја повлече паралелата со викенд во Грчка и утакмица. Ако единствена допирна точка ти е цената, тогаш 5 дена нека не се јаде леб ете пари за утакмица. На крајот на денот у Грчка ќе уживаш на море, тука ќе се нервираш на трибина. Никој не вика дека 400 ден се многу пари, него дека 400 ден за ОВАА МАКЕДОНИЈА против ОВАА ЕРМЕНИЈА, се многу пари. Препрочитај ја реченицава колку пати и да ти треба, дури не ја сфатиш.

На крај на ден ја не ти викам ти да не идеш, твои пари се слободно троши си ги како сакаш. Ама јас за свои пари ќе си искажам свое мислење, истото е засновано на факти и во најмала рака е апсурдно да се нарече циганчење. Од тоа ќути терај има и полошо сме тука кај што сме.

П.С. Најсмешно е што знам дека ни ти нема да отидеш ама ај ;)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom