naumdb
Кајгана Менаџер!!!
- Член од
- 5 јуни 2007
- Мислења
- 9.015
- Поени од реакции
- 5.680
Васовски сеуште нема сериозен меч после повредата, одигра на неколку пријателски па ќе видиме што ќе биде наредниве неколку дена. Инаку добро кажал Бојан, во одбрана се напишани само централните бекови, а во среден ред се ставени тројцата странични бекови, Попов, Тодоровски и Лазевски. Одлична одлука е неповикувањето на Лазаревски и Бесарт Ибраими, дури мислам дека не требаа да бидат повикани ни за пријателскиот со Малта, за кој мораше да се повика Лазевски и да го испробаат како би се снашол во сениори. Исто не знам што бара Алими сеуште во оваа селекција, на негово место требаше да го повикаат Тасевски кој игра феноменални игри за Левски. Повикувањето на Агим Ибраими во нападот е ОК потег, а Баже Илијоски е тотално промашување и веројатно е повикан за да пополнува список. Богатинов не сум го гледал многу, ама бранеше феноменално на гостувањето на Работнички во Ливерпул. Патем не верувам дека ќе добие шанса да настапи на некој од мечевите. Горе-доле овие играчи се солидни.
А да, ќе заборавев, за Пандев дека ќе биде капитен кажаа уште пред пријателските со Азербејџан и Романија на кои тој одмараше.
А да, ќе заборавев, за Пандев дека ќе биде капитен кажаа уште пред пријателските со Азербејџан и Романија на кои тој одмараше.