Македонска фудбалска репрезентација

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.661
Поени од реакции
9.972
Искрено Деспотовски игра прилично добро за репрезентација,не сум го гледал во клубот ( каде што сега или претходно настапувал ) али за репрезентација е океј. И онака немаме премногу голем избор во средината. Славчо има слаба реализација,али е голем борец и многу трча. Тоа можеби и му е како предност во однос на Ѓуровски кој има добра техника и добра реализација. И има помалце натпревари во однос на претходно споменатиот. Но сепак ја би му дал претдност на Ѓуровски. Голем талент и играч кој би се снашол и во поголеми лиги од српската.
Славчо би бил добра замена само за него било каде. Тасевски кога и да сум го гледал у репрезентација не бил ништо посебно.Али дефинитивноз заслужува шанса пред Алими.
Се на се очекуван состав што го повика Јонуз.
 

Bibo

Модератор
Член од
9 април 2006
Мислења
4.119
Поени од реакции
3.977
Викендов почна новата сезона во Бундеслигата, и Маинц денеска победи против Штудгарт.. Али ме разочара што Драган Ѓеоргиев го немаа земено ни на клупа :( На првиот натпревар за Маинц (против Олимпијакос или незнам кој беше) постигна гол, па мислев ќе го активираат и ангажираат малку, али очигледно уште не се многу убедени за него штом ни како резерва не го зеле... Освен у случај ако причината за ова било ако бил повреден, али неам чуено за тоа...
 

Шота Буби

нотар
Член од
4 март 2009
Мислења
3.087
Поени од реакции
1.780
Селекторот Бобан Бабунски го објави списокот од 22 играчи за последните калификациони натпревари против Грција и Португалијa.
Без поголеми изненадувања на списокот на Бабунски се појавија очекуваните имиња и тоа:
ГОЛМАНИ
1 Наумовски Кристијан 17.09.1988 Динамо-Букурешт Романија
2 Ефремов Андреја 02,09,1992 Ф.К.Металург Македонија

ОДБРАНА
3 Георгиевски Даниел 17,02,1988 Ф.К.Шибеник Хрватска
4 Димитровски Владимир 30,11,1988 Ф.К.Млада Болеслав Чечка
5 Лазевски Александар 21,01,1988 Ф.К.Партизан Србија
6 Мициновиќ Јасмин 22.10.1990 Ф.К.Скопје Македонија
7 Богданович Горан 09,06,1990 Ф.К.Металург Македонија
8 Петров Томица 16.07.1990 Ф.К.Турново Македонија
9 Брдаревски Владица 07,02,1990 Ф.К.Пелистер Македонија

СРЕДЕН РЕД
10 Петрович Милован 23,01,1990 Ф.К.Работнички Македонија
11 Дурански Филип 17.07.1991 Ф.К.Славија -Прага Чешка
12 Ристевски Стефан 12,02,1992 Ф.К.Парма Италија
13 Урдинов Јани 28,03,1991 Ф.К.Рода Холандија
14 Муарем Муарем 22.10.1988 Ф.К.Ордурспор Турција
15 Станков Антонио 19.021991 Ф.К.Рода Холандија
16 Спировски Стефан 23,08,1990 Ф.К.Борац -Чачак Србија

НАПАЃАЧИ
18 Ибраими Агим 29.08.1988
19 Петров Филип 23,02,1989 Ф.К.Јавор Србија
20 Георгиев Драган 16.12.1990 Ф.К. Маинц Германија
21 Хасани Феран 18.06.1990 Ф.К Шкендија Македонија
22 Алтипармаковски Маријан 18.07.1991 Ф.К.Ксанти Грција



04.09.2010 16ч.
Струмица , стадион „Младост" : Македонија – Грција
07.09. 2010 17ч.
Порто, стадион „Хорге Сампајо" : Португалија – Македонија
 

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.661
Поени од реакции
9.972
Колку само дебилна одлука да се игра натпреварот во Струмица !! :nerv:

Се кладам дека и покрај тоа што се работи за младински репрезентации,Филип II ќе беше солидно исполнет.
Со душа го чекав тој натпревар уште од кога се извлекоа противниците..... :nerv:
 
Член од
11 ноември 2009
Мислења
1.227
Поени од реакции
556
Луѓе, во каква форма е Христијан Кировски? По моето скромно мислење, за него има место во оваа репрезентација. Последен пат го гледав кога играше во Работнички.
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.998
Поени од реакции
5.626
Луѓе, во каква форма е Христијан Кировски? По моето скромно мислење, за него има место во оваа репрезентација. Последен пат го гледав кога играше во Работнички.
Дај не зезај, мислам дека игра/ше во Металург, ама дефинитивно не е за во репрезентација.
 
Член од
8 април 2007
Мислења
16.034
Поени од реакции
9.126
Моментално игра во Скопје, добар е ама не е за во репрезентација.
 

Vetrence

...believe in yourself! :)
Член од
2 јули 2007
Мислења
7.469
Поени од реакции
676
Лазовски би бил добро решение за бековската позиција. А исто така и Балдовалиев игра во врвна форма и дава голови во Израел. Би се снашол добро во нападот покрај Стојков и Пандев.
 

DimceY

Jimmy
Член од
20 ноември 2007
Мислења
5.780
Поени од реакции
5.521
Лазовски би бил добро решение за бековската позиција. А исто така и Балдовалиев игра во врвна форма и дава голови во Израел. Би се снашол добро во нападот покрај Стојков и Пандев.
а шо ќе му паравиме на Горан Попов?? на клупа??
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.799
Поени од реакции
44.296
а шо ќе му паравиме на Горан Попов?? на клупа??
Попов со Ајакс играше крило или бек ? Видов ептен малце од тој меч а ми се чини дека играше поофанзивно, поправете ме ако грешам ...
Нејсе тоа, супер е за тимот што добиваме уште едно ново бекче, како и да е, МОРА да добие ''детево'' репрезентативен статус, без разлика дали ке дреме на клупа или не, го има '' она '' потребното за националниот дрес, еве и goal.com како го оцениле за денес :
More sure-footed at the back than last week, he had a clear brief to keep his side's defensive shape and venture forward only on rare occasions. - 7.0
Заедно со Крстајич, Илиев, Станкович и Клео се најдобро оценетите кај белградскиот состав.
 

DimceY

Jimmy
Член од
20 ноември 2007
Мислења
5.780
Поени од реакции
5.521
Попов со Ајакс играше крило или бек ? Видов ептен малце од тој меч а ми се чини дека играше поофанзивно, поправете ме ако грешам ...
Нејсе тоа, супер е за тимот што добиваме уште едно ново бекче, како и да е, МОРА да добие ''детево'' репрезентативен статус, без разлика дали ке дреме на клупа или не, го има '' она '' потребното за националниот дрес, еве и goal.com како го оцениле за денес :
Заедно со Крстајич, Илиев, Станкович и Клео се најдобро оценетите кај белградскиот состав.
истото што го игра кај нас во репрезентација го играше и тогаш... значи има целосна слобода да игра по левата страна... буквално и бек и крило :) иначе Лазевски го гледав на една утакмица за Партизан играше и халф, најверојатно повредени или суспендирани им беа дел од играчите што ја покриваат таа позиција... сепак АЛАЛ ДА МУ Е што издржа и што остана во Партизан, кај се не го праќаа на позајмица.. ако добро се сеќавам и оваа сезона сакаа да го пратат некаде на позајмица ама не се согласи, реши да остане и да се бори за позиција во старниот тим и успеа во таа намера...

--- надополнето ---

Мислам дека може да игра и десен бек. :) А и квалитетна клупа да имаме ќе ти смета тебе или ? :)
никаде не реков дека ќе ми смета... само што моментално на неговата позиција неприкосновен е Попов... не дај боже само повреда може да му ја земе таа позиција
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
На 4-септември играме прво коло за квалификации на европско против Словачка. Традицијата на нашата репрезентација да не загуби натпевар во првото коло од било кои квалификациски циклуси е на наша страна. Единствениот пораз во првото коло го имаме токму против сегашнот противник словачка, и затоа еве ни шанса тоа да го поправиме и да ја следиме традицијата на добор отварање на секоја кфалификациска рунда. Еве ги сите резултати од првото кола на нашата македонска репзентација од самостојувањето па се до прошлите квалификации.


Квалификации за ЕП 1996
Македонија – Данска – 1 – 1

Квалификации за СП 1998
Македонија – Лихтенштајн - 3 – 0

Квалификации за ЕП 2000
Македонија – Малта - 4 – 0

Квалификации за СП 2002
Словачка – Македонија - 2 – 0


Квалификации за ЕП 2004
Лихтенштајн - Македонија - 1 – 1

Квалификации за СП 2006
Македонија – Ерменија - 3 – 0

Квалификации за ЕП 2008
Естонија - Македонија - 0 – 1

Квалификации за СП 2010
Македонија – Шкотска - 1 - 0


Затоа верувам дека на 4-ти септември можеме да извлечеме позтивен резлтат поради традицијата која е на наша страна.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Слушам изјави се крева некоја фама дека ќе сме се пласирале на Европско. Абе дали веќе еднаш ќе се разбере дека за фудбал не само што не не бива туку и имаме најкорумпирана федерација. За цела среќа во другите спортови имаме успеси и се движиме напред. И конкретно за нашата група не верувам дека ќе успееме ни четврто место да освоиме познавајќи ги нашите играчи и целокупната организација за Ирска, Русија па и за Словачка немам што да коментирам.
 

Bavarecot

Доле Влада !!!
Член од
4 март 2008
Мислења
2.813
Поени од реакции
358
Така е Junkie,за жал така е.И нека не си праат филмови дека нешто ќе биде од овие квалификации кога не сме кадарни,уште помалце и психолошки спремни за таков подвиг...пласман на ЕП.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom