Македонска фудбалска репрезентација

Член од
5 јануари 2012
Мислења
9.288
Поени од реакции
4.961
Ама ти очигледно не се запознаен со мак фудбалот, колку натпревари од мак лига имаш гледано, за кој клуб навиваш? за реал:гомце:, колку играчи од македонскава лига знаеш?
Македонскиот фудбал, македонските играчи и македонската репрезентација имаат потенцијал, само за да се искористи тој потенцијал треба паметна работа, подобра лига, квалитетни тренинг центри и стадиони, шоа значи дека треба паметно да се инвестира, а сега сме на почетокот од една транзиција шо ќе не одведе на повисоко ниво и до поквалитетен фудбал :)


Да многу јаките репрезентации, индивидуалци да ама тимска игра слабо, знаеш кога последен пат некоја од овие репрезентации играла на големо натпреварување? или да почекаме да погуглаш ;)
Алооо уште верувате дека фудбалов оди кон подобро ??? Мислите дека ќе смени нешто Илчо во однос на Хари ??? Власта ја има целата моќ ... го сменаја хари али неговиот најверен човек остана потпретседател назначен од кого ?? Од Илчо ... а него пак тоа му е речено од власта ... не се глупави тие да не знаат од каде да земаат пари сега !
за болдираното .. ако не сум јас запознаен ти си повеќе запознаен во мак фудбал каков е корумпиран !! Секоја утакмица лани на Охрид бев на трибина само до полусезона !! после тоа почна местењето и кога секој човек во Македонија знаеше дека Охрид местат утакмици кога јавно се дозна дека им е платено од Шкендија на полувреме зошто од ФФМ не го казнија фк Охрид ??? дека имаа ќар од тоа ! немој бре да ми кажуваш дека балканските држави се слаби не гледај за нив имаат тие јаки федерации ке излезат на големо натпреварување ако не се лажам хрватска и беше на едно светско првество а Македонија никогаш нема да оди ни на европско ни на светско освен ако не добиеме да бидеме организатори !
 
Член од
6 септември 2009
Мислења
2.637
Поени од реакции
1.223
Подобар од претходниците (Ташак и Мирсад) би требало да биде, е сеа дали ќе биде доволно да не тргне од мртва точка, ќе видиме. Ја можам да кажам за периодот кога беше у Звезда.

Тогаш, како и сега ситуацијата у клубот беше лоша, али играчкиот кадар и не беше толку лош. Имаше солидни играчи, али немаше никаков тимски дух нити ништо, а Чеде го наследи Земан и мораше да поправа многу работи. Се задржа кратко, ама за тоа кратко време немаше некој забележителни резултати, а богами и Звезда не играше некој убав фудбал. Ваљда заради катастрофалната ситуација не успеа да направи нешто повеќе, али секако имаше и негова кривица.
Углавном форсираше формација со два напаѓачи, значи 4-4-2, а шанса редовно добиваше и Тричко, кој тогаш играше за Звезда.

Ќе видиме како ќе се покаже во репрезентација. Ја се надевам на најдобро, а под најдобро мислам е да не мрдне од мртва точка.
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.605
Поени од реакции
22.610
А ти демек гледаш во аматерите наши репрезентација како што се србија , хрватска, босна , не ме јеби бре .. на овие не можеме да ги победиме и 100 различни селектори да дојдат и 10 претседатели на ФФМ да се сменат ... Македонија може да игра само со Андора , Фарски Острови , Луксембург, Сан Марино ..
Сигурен си?
 
Член од
8 јули 2011
Мислења
265
Поени од реакции
202
Убаво да се надеваш и да си оптимист.Но дека ке се случи нешто преку ноќ тешко да поверуваш.Со смена на преседател и на тренер на репрезентација не се решава долго наталпжен проблем во Мак фудбал.
Ама од главата смрди рибата па се надевам во иднина нешто ке се смени времото ќе покаже.
Треба многу работи да се сменат за да тргни раб напред.
Пред се целосна рекострукција на управните органи во ффм и општинските сојузи нови луѓе кои ке се посветени само за доброто на фудбалот - ама кај ке ги најдеш.
Прво треба да се доврши реформирајнето во акционерски друштва и во трета лига
и да биди услов за влез во трета лига мора клуб да се трасформуира

Да се формира здружение на Прво второ и трето лигаши и тие самите да раководат со лигите под закрила на ФФМ и на УЕФА
Треба да се напраи рекострукција на лигите
Прва лига 10 клуба - последни 2 клуба испаѓаат
Втора Лига 10 Клуба - првите 2 во прва последните два во трета лига
Трета Лига исток и запад по течение на Вардар
По 12 клуба Шампоиони во втора лига - испаѓат 2 до 4 клуба во зависност од колку клубови ке испаднат од втора ( од кој реѓион исток - запад) тие што ке испаднадт да одат во матичен меѓурегион
Услов за влез во трета лига клуб мора да биде тарнсформиран во акцинерско друштво и да победи во група на шампиони од 4 меѓурегиони и да има најмаклу три категории резервен состав под 21 год Младинци до 18 год и Кадети до 16 год сите овие да настапуваат во паралени лиги со нивниот состав
Да се формираат 4 мегурегиони и тие да раководат со пониските лиги
Севро исток Северо запад Југо исток Југо запад
Секој меѓурегион
12 клуба Регион 12 Клуба ако има повеќе клубови и опш
тински лиги
Исто да се формираат младински лиги под закрила на меѓурегион
по категори
Втори состави од прва втора и трета лига да се натпреваруваат во овие лиги под закрила на Меѓурегион ако има повеќе екипи нека се формира А и Б лига
Младинци до 18 Год
Кадети до 16 год
Пионери до 15 Год
Млади Пионери до 13 Год

Помали категории
Да се игра на пола терен за децата да бидат добро технички подготвени на мал простор неограничен број на измени
Петлина до 12 год пола терен со 9 по еден тим помали голови
Пилина до 11год 1/4 од терен со помали голови по 7 деца по тим

Најмалите да се направат повеќе лиги секој клуб да има повеќе екипи пријавено да се формираат локални лиги ама уште од маили нозе да се учат
10год на мали голови 4 деца на тим без голман плус 2 Резерва
Под 9Год 3 деца по тим без голман плус 3 Резерва
Под 8 год 2 деца по тим без голман 2 резерва

Со изработена стратегија мози да се создадат добри генерации
ФФМ треба да финасира Тренери инструктори кои ке школуваат тренери за како да раб со деца од мали нозе во меѓуреегиони
За ова треба добра организација и малку пари

Најтежок проблем инфракстратура е за ова само држава ако помогне и општините да изградат повеќе фуд терени со подобри услови за тренирајне и подобри стадиони.

Само на ваков начин со стратегија можи да се постани фуд нација.
Се друго е мачкина кашлица крпејне.
 
А

Анноун

Гостин
Сакавме Хари да го тргнат , сакавме фудбалски имања да ја водат федерацијата, сакавме странец што иде само за утакмица да немаме .. се од ова се исполни и пак не ви е погодено .

Не знам што сакате , јас баш како што се надевав и испадна ( Хари да го тргнат и Јаневски да го стават селектор).
Сега играчите не можеш да ги смениш , тоа е најтажното , ама барем најавува човекот дека сигурно ќе има место за 2-3 играчи кои не беа повикувани ( претпоставувам Тасевски и Наумовски се меѓу овие , и двајцата се громови во споредба со некои играчи кои ги повикуваат) .

Сигурен сум оти ќе биде подобро , колку подобро ќе видиме. 12-13 бода од 30 можни ќе биде супер за почеток.
 
Член од
25 јуни 2012
Мислења
2.497
Поени од реакции
2.407
Кога ќе се објави списокот за Хрватска и Шкотска?
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Можеме желби за првите 11 да си пишуваме од сеа?

Богатинов, Г. Попов, Новевски, Шиков, С. Ристовски, Демири, Спирковски, Ѓуровски, Тричковски, Пандев, Хасани.
И да, сериозен сум.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.399
Поени од реакции
85.350
Мене најмногу ме интересира дали ќе го викне Ристиќ
Можеме желби за првите 11 да си пишуваме од сеа?

Богатинов, Г. Попов, Новевски, Шиков, С. Ристовски, Демири, Спирковски, Ѓуровски, Тричковски, Пандев, Хасани.
И да, сериозен сум.
No Shumulikoski. 1/10 would not watch
 

Tiveriopol

Струмичанец
Член од
23 декември 2007
Мислења
1.198
Поени од реакции
959
Многу за Јаневски незнам, но полошо од тоа што беше неможе да биде. Сепак човекот е Македонец и го зне добро нашиот посран менталитет. Многумина велат дека немаме играчи...Точно немаме некој си кујзнае какви ѕвезди, но сите наши играчи играат на страна... Проблемот кај нас е што истите тие мислат дека се кујзнае какви ѕвезди, па првата работа на Јаневски ке биде да ги направи да играат како колектив, а не како поединци... Само колективот носи резултат, а и како што немаме некојси светски ѕвезди, каде играчите по квалитет се тука некаде само Пандев, Попов, Новески и Тричковски се издвојуваат ( и тоа двајца се одбранбени) неможеме со индивидуалност да се надеваме на резултат...
Групата и не е така тешка, можеме да се носиме со сите всушност и ги имаме победено Хрватите на домашен терен ( но знаеме каков беше теренот тогаш) мислам дека само Белгијците се издвојуваат малку повеке со својот квалитет... Но проблемот е дека со такви неатрактивни противници играме многу послабо него ли пример со Англија, Холандија, Шпанија, Португалија...
За првиот состав имаме солидни фудбалери, единствен проблем ни е средниот ред, но очекувам вракање на Тасевски и Ѓуровски со што ке имаме малку поголема конкуренција таму...

Мое мислење кој би биле најдобри за во првиот состав

-----------------Пачовски (сепак е поискусен од Богатинов, Кристијан Наумовски)----------
С.Ристовски(незнам кој би играл десен бек друг)---Грнчаров(Шиков)---Новески(Д.Мојсов)-Г.Попов(Лазевски или Урдинов)
----------------------------------Демири(резерва незнам кој друг навистина за овде)--------
-----------Тасевски(Давид Бабунски кој е редно да биде повикан во А тимот)-----------Ѓуровски(Спировски)
------------------------------Пандев------------------------------------
Ибраими(Хасани)-------------------Тричковски( и плус Илчо Наумовски или Балдовалиев)

Тоа би бил засега според мене најквалитетното што го имаме можеби со плус еден два играчи...
 
Член од
5 јануари 2012
Мислења
9.288
Поени од реакции
4.961
Според мене би требало да играме 4-2-3-1 формација ..
Пачовски - С.Ристовски , Шиков , Новески , Попов - Демири , Тасевски - Тричковски , Ѓуровски , Пандев - Наумовски / Хасани ..
единствено во нападов дилемата ми е .. и да да се исфрли одма Фазли , да се викнат во тимот играчи како Владе Лазаревски , Александар Лазовски , Влатко Гроздановски и Стевица Ристиќ.
 

Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.127
Поени од реакции
8.074
Пандев зад Тричковски и Хасани(или наумовски) мислам добитна комбинација
Горан своите најдобри натпревари ги има изиграно на таја позиција..зад шпицовите
по назад да биде(секако не среден играч) и да биде играчот шо ќе можи и да дај и да асистира за голој

инаку иако Велче наш е тежок селанец, глуп, прост и слично...сигурен сум дека во дефанзивни задачи можи повеќе да допринеси од тој Демири
Ѓуровски мислам дека треба да игра исто така или Спировски или тој Тасевски
одбраната стандард..ни требаат сигурни Новевски и Шиков да не си дозволуваат почетнички грешки
лев бек Попов...стандард иако и Урдинов ме изненадува
за на десен бек не знам кој би било најдобро решение

и само едно Чеде да им објасни дека треба да играат и за себе и за Македнонија
а не само да се шетаат и да се фалат дека се репрезентативци
 

Kajgana Shop

На врв Bottom