Македонска фудбалска репрезентација

Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.502
Поени од реакции
2.805
http://ekipa.mk/News.aspx?newsId=10326
:facepalm:
Го бараа во Вардар, отиде да печали пари негде на крај завршува во втора Грчка лига.
Трагедија се фудбалериве наши да ги фатиш со стап и да ги скршиш од ќотек :facepalm:
Каков талент имаше Деспотовски, лом правеше во Вардар во 2007-ма, послен и во Ворскла играше добро, и од тогаш место да почне да игра сериозно за некој клуиб цело време само бара клубови од Казахстан, Азербејџан за пари и целосно пропаѓа како играч...
Си ја заврши Деспотовски работата. Се уби од пари зимање. Го боли к‘р за кариера.
 
Член од
18 февруари 2011
Мислења
53
Поени од реакции
23
Селекторската функција би била врвот на мојата кариера




Во тренерскиот занает напредував чекор по чекор, од младинските категории, па до помошник и главен тренер во големи клубови, но уште од почетокот си зацртав еден ден да бидам селектор на Македонија, вели Јаневски



Во моментов сум слободен, без ангажман од ниеден клуб, па би ми било чест доколку бидам поканет да станам нов селектор на фудбалската репрезентација, искрен е македонскиот стратег Чедомир Јаневски, кој во моментов живее во Белгија, по шпекулациите за можна смена на селекторската функција.
- Сепак, засега не знам ништо за ова и никој од Фудбалската федерација на Македонија ме нема контактирано на оваа тема. Јас бев заинтересиран за оваа позиција уште пред да дојде сегашниот селектор Џон Тошак, па и пред Мирсад Јонуз, но ништо не излезе. Сметам дека сега, со 51 година, сум доволно искусен и напредував чекор по чекор, од младинските категории, па до помошник и главен тренер во големи клубови, но уште од почетокот си зацртав еден ден да бидам селектор на Македонија - признава Јаневски.
Тој досега беше селектор на младинската репрезентација на Македонија, како и тренер на Клуб Бриж, Црвена звезда, Енозис Паралимни и на Етникос Ахна. Јаневски смета дека сегашниот состав на репрезентацијата и потенцијалните кандидати имаат квалитет, но не за врвни резултати во претстојните квалификации за Светското првенство во Бразил 2014 година.
- Имам своја идеја како би ја поставил играта. Групата не е лесна, но е атрактивна затоа што играме против Србија и Хрватска. Првиот меч нѐ очекува за нецел месец, така што сметам дека не треба да се експериментира многу. Можеме да се надигруваме со Велс и со Шкотска, па според мене реално е да се бориме за четвртото место во групата. Многу е важно како ќе почнеме, без притисок, па потоа желбата кај играчите и кај навивачите за победа да се врати и да биде возбудливо на двата меча на домашен терен во октомври, против Хрватска и Србија. Ги ценам овие две селекции, но може да ги изненадиме. Сепак, дали и тоа ќе биде доволно за пласман на Мундијалот е друга работа - отворено вели Јаневски.



http://www.time.mk/read/NONE/4ae7517bff/index.html
 

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.431
Поени од реакции
16.747
Во ФФМ место ќе добијат Најдоски, Милошевски, Васоски, Стојковски, Мицевски, Шаќири...

Новиот претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски, полека ги влече првите потези од фотелјата и разговара за вклучување на познати и признати фудбалски имиња во телата на федерацијата. Дел од нив ќе бидат функциониери, другите ќе се грижат за репрезентативниот фудбал, за младинскиот фудбал во Македонија итн. Веќе се познати и имињата со кои е разговарано и кои набрзо треба да влезат во структурите на ФФМ, како Илија Најдоски, Петар Милошевски, Митко Стојковски, Тони Мицевски, Артим Шаќири, Александар Васоски. Претседателот Ѓорѓиоски јавно истакнува дека вратата е отворена за сите кои сакаат да работат и да дадат свој придонес за подобрување на состојбите во македонскиот фудбал. „Точно е, извршени се и се уште се водат разговори со познати фудбалски имиња, директно од фудбалската струка, за да се вклучат и да помогнат во работата на Фудбалската федерација на Македонија, буквално во сите структури. Потребна е помош од сите, секако, од оние кои сакаат да работат и да дадат свој придонес. Со голем дел е разговарано, ќе се разговара и со многу други, и се надевам дека со еден максимално сериозен и чесен пристап, пред се со многу работа, дека ќе успееме да направиме коренити промени, секако, на подобро, во Фудбалската федерација на Македонија“, вели за ЕКИПА, Илчо Ѓорѓиоски.

ЌЕ ИМА СОВЕТ НА ФУДБАЛСКИ ЛЕГЕНДИ ВО ФФМ Планирано е да се формира и Совет на фудбалски легенди во ФФМ, каде треба да бидат вклучени имиња од калибарот на Кирил Дојчиновски, Васил Рингов, и неколкумина други истакнати поранешни фудбалери со богата биографија. Тие исто така ќе даваат свои совети и ќе можат активно да се вклучат во промените што се планирани во федерацијата. „Планираме да оформиме Совет на фудбалски легенди, составен од поранешни истакнати фудбалери, чие искуство и совети секако ќе бидат од голема корист. И уште еднаш ќе повторам, вратата е отворена за сите, кои ќе сакаат да работат и да помогнат“, дополнува Ѓорѓиоски. Малку е спорно што засега никој не открива дека во некаква улога ќе биде вклучен и Дарко Панчев, најдобриот фудбалер на Македонија во 21.век.

ЌЕ СЕ РАЗГОВАРА СО СИТЕ СЕЛЕКТОРИ, ЌЕ ИМА КРИТЕРИУМИ ЗА ПОВИК ВО РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА
Претседателот Илчо Ѓорѓиоски најавува и итни разговори со сите селектори, почнувајќи од предводникот на А-репрезентацијата, Џон Тошак, селекторот на младата селекција, Бобан Бабунски, како и сите останати кои ги предводат младите репрезентативни категории. Ќе се воведат критериуми за избор на репрезентативци, како и кодекс на однесување додека се носи националниот дрес. „Ќе имам разговори со селекторите, со Џон Тошак, со Бобан Бабунски, и со сите останати кои ги предводат националните селекции. За задржување на нивните позиции, секако, најмеродавни ќе бидат остварените резултати. Јас доаѓам токму од тренерската фела и добро знам дека резултатите го држат секој тренер. Сигурно ќе се бидат воведени одредени критериуми за избор на репрезентативците, како и кодекс на однесување во националниот тим, како за фудбалерите, така и за сите кои ќе бидат дел од селекцијата, стручен штаб, лекарски тим, оперативен дел кој ќе треба да ги опслужува“, најавува за ЕКИПА, Илчо Ѓорѓиоски.

ЌЕ ИМАМЕ И ПОРТПАРОЛСКИ ТАНДЕМ ВО ФФМ
Златко Андоновски, поранешниот ТВ коментатор на Канал 5, е вклучен во работата во ФФМ и тој отсега ќе има идентични овластувања како и досегашниот портпарол Зоран Николовски, ТВ коментатор на телевизија Сител. Се очекува да работат во тандем во иднина, а во „медиумскиот штаб“ досега имаше и уште неколкумина, кои реално, според квалитетот и рејтингот, не заслужуваа(т) да бидат дел од ФФМ. Како ќе биде понатаму, останува да покаже времето. Златко Андоновски се очекува да „дебитира“ како портпарол на прес - конференцијата со селекторот Џон Тошак која е закажана за в недела во 11 часот, во хотелот „Холидеј Ин“ во Скопје, во пресрет на пријателскиот натпревар меѓу Македонија и Литванија, што ќе се одигра на 15 август на арената „Филип Втори“.

http://www.ekipa.mk/News.aspx?newsId=10451

Сите Вмровци, само Панчев у опозиција :icon_lol:
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.364
Гледам никој ништо не спомнал за пријателскиот со Литванија.
Во среда играме пријателска со Литванија.Картите се веќе во продажба во тобако и тугедр по цена од 100 ден.
 
Член од
25 јуни 2012
Мислења
2.502
Поени од реакции
2.414
Ако изгубиме од Литванија тогаш ги губиме и минималните шанси што ги имавме барем за второ место во кфалификациите за светско.
Инаку незнам зошто Тошак не го зема Ѓуровски во репрезентација, колку што знам цело време голови дава.
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.015
Поени од реакции
5.680
Ако изгубиме од Литванија тогаш ги губиме и минималните шанси што ги имавме барем за второ место во кфалификациите за светско.
Инаку незнам зошто Тошак не го зема Ѓуровски во репрезентација, колку што знам цело време голови дава.
???
Што има врска Литванија со нашите шанси за СП?
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
http://www.stokecityfc.com/news/article/popov-306070.aspx

Горан Попов на едногодишна позајмица во Стоук Сити со можност за откуп ако се прилагоди на лигата. Негуваат дефанзивна игра Стоук, еве шанса да блесне :)
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.726
Поени од реакции
22.874
За со Литванците по можност Владо Илиевски да го отвори натпреварот. Како што набиле трауми, Литанците има да се изгубат на теренот. Апа и Игорче од некаде да се развика 'Тројкааа, тројкааа, тројкаааааа', има службено да ни ја предадат. :icon_mrgr:
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
14.617
Поени од реакции
14.491
http://www.stokecityfc.com/news/article/popov-306070.aspx

Горан Попов на едногодишна позајмица во Стоук Сити со можност за откуп ако се прилагоди на лигата. Негуваат дефанзивна игра Стоук, еве шанса да блесне :)
Најубава вест што сум ја прочитал летово. Нека му е со среќа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom