- Член од
- 8 јуни 2011
- Мислења
- 2.502
- Поени од реакции
- 2.805
ФУДБАЛ МАKЕДОНСKИОТ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ ПОЈАСНУВА ЗОШТО НЕ ИМ СЕ ПРИДРУЖИ НА СОИГРАЧИТЕ
Попов: Тошак ми рече да не доаѓам во Луксембург

Еден од најдобрите македонски фудбалери, Горан Попов, за клупската веб-страница на украинскиот Динамо Kиев истакна дека не ~ се приклучи на репрезентацијата за пријателскиот натпревар во Луксембург, што се одигра синоќа, затоа што селекторот Џон Тошак му рекол дека нема потреба да доаѓа. Левиот репрезентативен бек до вчера беше на подготовки со Динамо Kиев во Израел. Тој се најде на списокот кај македонскиот селектор Тошак за контролната средба со Луксембург, но во меѓувреме се соочил со ризик од повторно обновување на повредата на коленото и се пријави дека не е подготвен за настап во црвено-жолтиот дрес.
На прашањето зошто не е со својот национален тим кога веќе не може да игра за својот клуб на зимските подготвителни натпревари, конкретно на вчерашниот меч против Макаби Хаифа, Попов одговара дека повредата е од специфичен карактер. Неговиот соиграч од Динамо Kиев, Бадр ел Kадури, заминал да ~ даде поддршка на селекцијата на Мароко, иако бил повреден.
- Знам дека практиката вели дека секој повикан фудбалер во националниот тим кога е повреден мора да се појави на самото место на собирот и да се сретне со лекарот на репрезентацијата. Но за мене секој ден е важен. Македонија е во Луксембург, а таму треба да се лета со линија од Израел преку Виена. Потоа од Луксембург треба да се снаоѓам до Kиев бидејќи во меѓувреме мојот клуб ќе се врати дома, а патот не е премногу блиску. Сето ова не придонесува во моето брзо закрепнување. Морав да се јавам кај селекторот на репрезентацијата, Џон Тошак, и да му ја објаснам ситуацијата. Му благодарам за неговото разбирање. Тој ми рече да останам во Динамо бидејќи така ќе се забрза процесот на закрепнување од повредата – појаснува Попов.
Пред да замине на репрезентативната обврска, на еден од тренинзите му се јавил оток на коленото, а клупските лекари го советувале да мирува. Попов нема настап за репрезентацијата од дуелот со Ерменија на 7 октомври, а последен пат на официјален меч играше против Шахтер на 26 октомври кога доби повреда на коленото. За Македонија требаше да игра на пријателски натпревар со Албанија, на 15 ноември минатата година во Прилеп, но и тогаш поради повреда беше ослободен од обврските заедно со Николче Новески, Горан Пандев и Иван Тричковски. За разлика од сега, тогаш мораа да се јават на повикот пред здравствената комисија за да се провери повредата, по што замина на операција во Италија и с` уште се рехабилитира.