Македонска фудбалска репрезентација

Член од
8 април 2007
Мислења
16.034
Поени од реакции
9.126
Никаде не рекоа овие спортистите дека нема да настапат за Македонија, не знам зошто весникот имаше таков наслов!
Сите рекоа дека сакаат извинување од некого бидејќи со тие навреди ги навредиле и оние кои настапуваат за оваа држава.

За фудбалериве Фазли и Усеини, па и тенисерот, одбојкарот и тој Тачи можете да кажете што сакате ама за каратистот Берат Јакупи да ви кажам дека грешите! Дечкото е двоен европски првак во карате, тој е во ист ранг со Наташа Илиевска и Жарко Арсовски ама никогаш не го доби третманот што го добиваат тие двајца. Дури ни спортска стипендија не му даваат од Агенцијата за млади и спорт!
Јакупи за овој весник кој ја даде веста вели дека се чуствува навреден и кажува дека на плеј-оф натпреварите за ЕП во карате што се одржа во Охрид, беше навреден од публиката на национална основа!
Од кого да добијат извинување и за што?? Бог да чува!

Ова е исто како на нив да им забранат да играат за Македонските репрезентации, и да им речат додека не се извините заради запалените Цркви, нема да играте за Македонија.
Нека не се фолираат и нека си гледаат работа, ако сакаат некоја пажња од медиумите и од народот нека ja заработат преку тоа за што се задолжени, не да изиграваат некакви херои овде.
 
Jovo Sk-Mk

Е брзо е,брзо е
Член од
16 јануари 2008
Мислења
310
Поени од реакции
40
Ете така е тоа кога политиката се меша во спортот. Што е уште пострашно актуелниве збиднувања немаат никаква допирна точка со некои возвишени национални или верски идеали туку се партиски сценарија за подобрување на рејтинзите во пресрет на локалните избори. Кога се во прашање националните селекции на Македонија, играчите не треба да се делат на Македонци, Албанци и други, туку на добри и лоши, односно на оние кои според својот квалитет и однос заслужуваат да го носат националниот дрес, и на оние на кои не им местото во репрезентацијата.

Според мене еден професионален спортист не треба да го интересираат скандирањата и дофрлањата од трибините. Се разбира дека никој не може да остане рамнодушен на навредите, меѓутоа на трибините секогаш ќе постои некој кој ќе сака да ве омаловажи. Спортистот е должен да се справи со тоа и да го надмине. Конкретно јас работам како спортски новинар, и за секој текст што сум го напишал сум добивал и лајкови и пофалби, но и навреди и пцости, кои едноставно сум ги игнорирал, без да им дозволам да ме обесхрабрат да престанам да се бавам со она што го сакам.

Незнам, можеби Фазли и Усеини за некого ќе станат херои доколку го фрлат дресот на сред утакмица, меѓутоа истото можеа да го направат и Македонците кои играа за Шкендија на мечот против Партизан, па сепак професионално ги истрпеа сите провокации од трибините. И тука сосем е ирелевантно прашањето кој прв почнал, туку кој ќе биде поцивилизиран да им стави крај на сите овие глупости! Репрезентацијата е светост и секој повикан треба да биде благодарен за укажаната чест да го облече дресот со државното знаме. Тоа важи подеднакво и за Пандев и за Фазли и Усеини или било кој друг. А доколку сакаат некого да го замолкнат на трибините, тоа најдобро ќе го направат со постигнување на голови наместо со фрлање на дресот или јавното откажување од него, небаре репрезентација нема да има без нив.

Никаде не рекоа овие спортистите дека нема да настапат за Македонија, не знам зошто весникот имаше таков наслов!
Сите рекоа дека сакаат извинување од некого бидејќи со тие навреди ги навредиле и оние кои настапуваат за оваа држава.

За фудбалериве Фазли и Усеини, па и тенисерот, одбојкарот и тој Тачи можете да кажете што сакате ама за каратистот Берат Јакупи да ви кажам дека грешите! Дечкото е двоен европски првак во карате, тој е во ист ранг со Наташа Илиевска и Жарко Арсовски ама никогаш не го доби третманот што го добиваат тие двајца. Дури ни спортска стипендија не му даваат од Агенцијата за млади и спорт!
Јакупи за овој весник кој ја даде веста вели дека се чуствува навреден и кажува дека на плеј-оф натпреварите за ЕП во карате што се одржа во Охрид, беше навреден од публиката на национална основа!
За Берат Јакупи секоја чест, дечкото е двократен младински европски првак и во 2009 година беше избран за најдобар млад спортист во Македонија. На младинското европско првенство во Истанбул при свечената церемонија на доделување на златниот медал, на пиедесталот се појави со македонското знаме на својот грб и за тоа крајно го почитувам подеднакво како Мартин и Наташа. Доколку АМС му нема доделено стипендија тогаш тоа е голем пропуст кој не смее да ни се случува и во иднина.
 
П

Паспарту

Гостин
Нивново откажување е исто како јас да се откажам од настапите за Бразил...

Овие ебиветриве и онака повеќе немаше да заиграат за репрезентација, вака барем ќе се тешат со тоа дека се од оние "големите" албанци кои покажале заби и поради тоа не играат. Убаво пишува, на сите АЛБАНЦИ треба пример да им биде Артим Шакири, човек пред кој се поклонува ЦЕЛА Македонија. За овие другиве не вреди ни тастатура да арчи човек, а не па да се замара кога и онака освен Аце ниту еден друг албанец не го заслужил чесно местото во репрезентација. Јас да сум на местото на Тошак нема ниту еден да нив да повикам, бидејќи и онака никој од нив во моментов не вреди да игра дури и во една ваква "никаква" репрезентација.

Сега им останува да се пријават на ЕП во пеливанство, таму може и ќе ги биде...

Палење цркви не е навреда!? Вадење пароли во Косово не е навреда!? Палење на македонски знамиња не е навреда!? Дајте бе, не сме малоумни...
 
Jovo Sk-Mk

Е брзо е,брзо е
Член од
16 јануари 2008
Мислења
310
Поени од реакции
40
Јас да сум на местото на Тошак нема ниту еден да нив да повикам, бидејќи и онака никој од нив во моментов не вреди да игра дури и во една ваква "никаква" репрезентација.
Ако Ферхан Хасани успее да фати место во првата постава на Волфсбург, мислам дека играч од негов профил очајно ни недостасува во фазата на организацијата на нападите. Башка освен Николче Новески и онака немаме друг играч со бундеслигашко искуство каде што секој викенд се играат тешки натпревари.
 
Може, но прво ќе треба да се извини на сите Македонци... : )
 
Jovo Sk-Mk

Е брзо е,брзо е
Член од
16 јануари 2008
Мислења
310
Поени од реакции
40
Може, но прво ќе треба да се извини на сите Македонци... : )
Ех сега ... како прво и прво тој не беше дел од листата на спортисти од етничка албанска припадност кои и изразија одбивност во иднина да настапуваат за националните селекции на Македонија. Никој не бара да ни ги бакнува газовите, само нека се наметне кај Феликс Магат за да биде во потребната форма за следните квалификациски предизвици каде што ќе биде задолжен да ги тресе мрежите на Србија, Хрватска, Белгија, Шкотска и Велс!
 
Баш затоа и напишав, чим треба ние да се извиниме за скандирањата во Србија, тогаш и он (сличните на него) ќе треба да се извинат за скандирањата, палењето на знамињата итн. Искрено сеуште стојам на тоа дека освен Артим ниту еден друг албанец не заслужува да го носи дресот на Македонија, па дури и Хасани ништо не покажал... Дај Боже да успее во Волфсбург, но отом-потом :)

Фазли, Мазли, Усеини, Бедуини и сличните на нив се недоквакани за нашава лига, а не пак за нешто повеќе. Фазли имаше среќа со менаџерите, овој другиов ни тоа го нема...
 
Член од
18 февруари 2011
Мислења
53
Поени од реакции
23
Давид Бабунски, репрезентативецот на македонската фудбалска репрезентација под 19 години и член на фудбалскиот клуб Барселона, денес повторно тренираше со првиот тим на клубот. Бабунски е играч на Јувенил А и Б тимовите, но се почесто добива можност да тренира со првите ѕвезди на тимот.

http://www.time.mk/read/NONE/6f2cbb4e82/index.html
 
Член од
9 април 2009
Мислења
3.183
Поени од реакции
3.830
Македонскиот младински репрезентативец, 17-годишниот Давид Бабунски деновиве е приклучен на тренинзите на првиот тим на Барселона

Членот на младинскиот тим на Каталонците на инсистирање на шефот на стручниот штаб Пеп Гвардиола беше дел од тренажниот процес заедно со првотимците во пресрет на денешниот натпревар против Реал Сосиедад на "Ноу Камп".

http://sport.com.mk/?ItemID=A535739A4466CD4F94DF7FD0E4D41A26

е па сега останува се на ташак, ова тошак, да си го викне малиот во репрезентација. иако има само 17 или 18 години, малиов е подобар од било кој играч кој моментално игра во репрезентацијата на неговата позиција!!!
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.882
Поени од реакции
1.094

Ако го викат ке го викне татко му.Се знае кој влече конци во репрезентација.До сега за репрезентацијата до 18години беше стандарден,се надевам ке продолжи така и понатака и во А селекција.
 
Bibo

Модератор
Член од
9 април 2006
Мислења
4.150
Поени од реакции
4.035
Тошак веќе беше да го гледа во живо пред месец-два, ништо чудно да биде повикан сеа против Луксембург..

Иначе Ѓуровски (кој е едини „ривал“ на Бабунски за таа позиција во репрезентацијата која нас ни е најпроблематична и дефицитарна) денес потпишал за некој си клуб во Тајланд...
 
:facepalm:
оф леле, а тој беше ептен добар на времето! шо му се случува на чоеко?

ако веќе се повикува бабунски, тогаш нека направат комплетен рез и нека го исфрлат сето ѓубре од репрезентацијата и нека повикаат млади играчи и од нашето првенство нека бидат, па со помош на постарите и поискусните да се обидеме да направиме и некое изненадување. ете гледам велкоски и аврамоски од работничи играат во средина и двајцата се екстра млади играчи, трајкоски да добие поголема шанса, после има еден трајкоски од марибор, десен бек игра... за едно 5-6 години би имале добра репрезентација, а вака :tapp:
--- надополнето: 4 февруари 2012 во 18:31 ---

Од Мак Спорт најавија дека наводно тој Дејан Трајковски од Марибор ќе дебитирал сеа против Луксембург. Ама ја колку што знам он игра лев бек (како Попов и Лазевски), не десен, така да незнам колку ни е стварно потребен у случајов... Не викам дека е лош, ама за таа позиција дефинитивно не би ни требал оти Попов и Лазевски ни се одлични играчи додека он (Трајковски) ни во еден Марибор неможе да се избори за во старна постава така да незнам колку има логика да се пробува кога и онака се знае дека нема што да бара покрај Попов и Лазевски...

А иначе за Ѓуровски и јас се шокирав, не очекував и он вака да заврши... Од една страна, и јас сакав да си иде од Металурх оти очигледно таму никад немаше да влезе у игра и веќе повеќе од година дена нема изиграно натпревар, што е веќе лошо оти мора да биде во играчки ритам, макар и да игра во пониска лига како Српската или така нешто, немора во Украина да биде... Ама па Тајланд ептен ниско ниво е... А тој ни беше едина алтернатива за таа позиција во репрезентацијата (кој друг иаме освен него, само Тасевски кој 50 пати веќе играше за нас и ништо нема покажано, и овие Деспотовски, Глигоров и Муарем сеа што играа ЛОЛ) така да стварно не гледам некое решение за таа позиција, и баш затоа имам чуство дека Тошак сеа ќе се реши да го проба Бабунски како ќе се покаже оти очигледно неаме поарни опции...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom