Ташак се навикна кај нас, изгледа добар му е нашиов режим.
Фото : Џон “Вејн“ Тошак
Селекторот на Македонија Џон Тошак, на прес конференцијата за новинарите се однесуваше во стилот на неговиот далеку познат “имењак“ Џон Вејн.
Тошак кој повеќе од јасно дека беше “станат од на ручек“ па со чачкалица во устата одговараше, овај не одговараше на новинарските прашања.
М.П.
11.11.2011 16:17
Прочитана е : 192 пати
© 2011 Ohridnews.com
Џон "Mister No Comment" Тошак
No comment, no comment, no comment беше одговорот кој новинарите го добиваа од селекторот Џон Тошак на прес конференцијата во Охрид. Вистинско прашање е зошто се оргазнизираат ваквите средби кога селекторот нема коментар на поставените прашања. Но и на ваквото прашање селекторот со одговор “за да немам коментар“ на вашите прашања.
Актуелниот селектор кој се уште ја чека првата победа на македонската клупа, немаше коментар зошто во составот не е повикан Стевица Ристиќ и зошто во репрезентацијата има фудбалери кои не се ниту резерви во своите клубови. Тој не кажа дали воопшто планира да посети натпревар на некој од нашите интернационалци и во живо да се увери во неговиот потенцијал.
Исто така велшанецот се пожали и на присуството на камерманите на националните телевизии кои се обидоа да снимат дел од вчерашниот тренинг, истите неможеа да си ја завршат работата, а селекторот им објасна како тоа се прави.
- Не се чувствувам многу пријатно кога се снимаат тренизите, кога има постојано камери околу мене, ќе им биде дозволено да снимаат единствено на тренингот пред натпреварот и тоа само петнаесетина минути, додека на другите тренинзи нема да би дозволено. – рече Тошак.
Нема коментар за тие што не ги повика, но затоа уште предвреме си побара алиби на сметка на репрезентативците кои поради повреди беа ослободени. Во составот на Македонија ќе недостигаат капитенот Пандев, потоа дефанзивците Попов и Новески, како и напаѓачот Тричкоски, додека до последно ќе биде неизвесен настапот на Ибраими.
- Атмосферата во националниот тим е добра, ние сите сакаме да ги видиме нашите најдобри фудбалери сите кои играат во Европа. Македонија како репрезентација тешко ќе може да игра без овие стандардни играчи. Сепак задоволен сум од залгањето на пристуните во кампот – рече Тошак кој доправа ќе го одреди тимот кој ќе истрча на стадионот “Гоце Делчев“ во Прилеп
.
Тошак кој кажа дека нема стратегија пред мечот со Албанија, а на неговата инагурација напомена дека негов приоритет ќе биде пласманот на Мундијалот во Бразил 2014 година, таинствен околу неговите желби пред престојната ждрепката за распоредот на натпреварите од квалфикациите .
- И тоа ќе си го задржам за себе. Јас сум бил на неколку такви средби кога бев селектор на Велс, и многу е тешко да се договори распоредот на првата средба. Така што најчесто УЕФА е таа што на крајот ќе пресече. Истото тоа го очекувам и сега бидејќи Србија, Хрватска и останатите ќе имаат свој план. Ова се репрезентации кои што имаат свои желби и планови и не очекувам поволен резултат – заврши селекторот Тошак.
Синот на селекторот Тошак, Камерун кој е сврстен во стручниот тим на македнската селекција е отсутен поради операција на лигаментите. А новина во македонскиот тим е приклучувањето на Гоце Седлоски кој заедно со Бобан Бабунски ќе работат во стручниот штаб.
Мирко Постоловски
11.11.2011 15:57
Прочитана е : 280 пати
© 2011 Ohridnews.com