Македонска фудбалска репрезентација

Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.982
Поени од реакции
74.025
Ќе ги даваат на некоја телевизија младинциве?
3 и пол години сме немале победа во квалификациски меч во младинска категорија :eek:
 
П

Паспарту

Гостин
Ќе ги даваат на некоја телевизија младинциве?
3 и пол години сме немале победа во квалификациски меч во младинска категорија :eek:
На sportefe ќе има пренос, другиве зафатени се со репризите на индиско-казакстанските серии...
--- надополнето: Nov 11, 2011 12:12 PM ---
Осврт: Половина Балкан игра за на ЕП, а ние ќе играме пријателска со Албанија

Хрватска, Црна Гора и БиХ вечерва ги играат првите бараж натпревари за ЕП 2012, а македонскиот селектор Џон Тошак на тренинзи се обидува да ги научи имињата на сите наши фудбалери пред пријателскиот дуел со Албанија. Во Зеница е лудница, затоа што Един Џеко и соиграчите се подготвуваат за новата мегапресметка со Португалците која овојпат може да ги одведе на европскиот фудбалски самит. Билиќ, Модриќ и останатите се во турска мисија со надеж дека ќе ја остварат целта за ново големо натпреварување, а Мирко Вучиниќ е предводник на црногорскиот брод што се обидува да отплови за Полска и за Украина. Половина Балкан е во фудбалска еуфорија, а кај нас сосема поинаква ситуација.

Нашите најдобри фудбалери си тренираат во Охрид за мечот со Албанија. Можеби и не се најдобрите тука, ама така мисли селекторот Џон Тошак, со поддршка од Бобан Бабунски, а од оваа тренинг сесија имаат засилување и во поранешниот капитен на националниот тим, Гоце Седлоски. Уште еден човек повеќе за да му поткажува на Тошак кој е кој од македонските репрезентативци, па можеби до почетокот на новиот квалификациски циклус и ќе ги научи сите по име и презиме. До претходниот натпревар, за жал, не знаеше кој е Иван Тричковски, еден од само двајцата наши фудбалери кои сезонава играат во ЛШ, па на прес-конференцијата по мечот мораше да побара помош од портпаролот Зоран Николовски. „Бројот седум? Да, тој е Тричковски“...Туку, добро е што сега има дресови со презимиња на грбот, па барем во текот на натпреварот ќе може да знае по кого да вика...

И така, додека Славен Билиќ, Сафет Сушиќ и Бранко Брновиќ имаат вистински европски искушенија, Велшанецот Џон Тошак е на уште поголеми маки. Мора да ги научи македонските фудбалери што е тоа почит кон националниот дрес, па затоа им нареди на сите да дојдат и да се појават во репрезентативниот камп во Охрид, па тој и лекарскиот тим да одлучат дали се способни да играат или не...Горан Попов, кој има повреда на менискусот, го ослободија прв, тој игра во Динамо Киев, па веројатно Тошак веќе добро го познава, по име и презиме...Горан Пандев, исто така, па и тој доби слободно поради повреда, само што мораше да дојде до Охрид, иако претходно најави од Неапол дека „нема да се приклучи на репрезентацијата и дека ќе се подготвува мирно за мечевите на Наполи со Лацио и со Манчестер сити“. И Новески е дефинитивно еден од оние што ги познава Тошак, беше капитен на минатиот натпревар, па и тој доби слободно, затоа што е повреден.

Е, сега, и Иван Тричковски е повреден, ама тој ќе мора да потрча уште ден или два, за да влезе во меморијата на селекторот и веќе да не мора да потпрашува за него, кога новинарите ќе му постават прашање за „седумката“. За останатите...Вторник е денот за мегдан, освен за Ферхан Хасани, кој наместо денеска да игра за младата репрезентација на квалификациски меч со Фарски острови, ќе мора да се докаже на тренинг пред Тошак. Потоа, ќе му даде виза за да се пресели во младиот тим, ама за вториот квалификациски меч со Данска што ќе се игра токму во вторник. Значи, ќе тренира со А-тимот, нема да игра за младите, а кога ќе треба да игра во А-селекцијата, ќе го испратат да игра за младата репрезентација. Ваков изум, сигурно немал Тошак ниту кога бил тренер на Реал Мадрид...

Ова за „докажувањето“ на репрезентативците на тренинг е многу интересна работа, ја потврди и првиот асистент Бобан Бабунски, на прес конференцијата во „Континентал“. Вели, Тошак не ги знае сите добро, па на тренинзи треба да ги види...Ајде мајката, додека Хрватите, Црногорците и Босанците играат дуели за пласман на ЕП, нашите фудбалери се „убиваат“ на тренинг за да ги запознае Тошак. Убава тактика е ова, нема што, ама кога ќе ги запомни убаво, тогаш немаат гајле, ќе бидат меѓу стандардните...И кога се повредени, можеби ќе добијат и „слободно“...

Ете така, уште еден очаен циклус помина, повеќе од половина работа „закашка“ Мирсад Јонуз, но новиот селектор Џон Тошак најави дека во следниот ќе ја одведе Македонија на мундијалот во Бразил 2014. А, замислете, тогаш го знаел само Горан Пандев. Откако сега полека ќе ги запознае и сите други, можеби ќе најави и настап во четвртфинале во земјата на „кариоките“.

За крај, Џон Тошак ќе има доволно време во базата во Охрид да го пронајде новиот „центарфор“. Најави по мечот со Словачка во Скопје, дека му е потребен голгетер, арно ама ги повика истите напаѓачи што и претходно беа на неговиот список. Дополнување е само Илчо Наумоски, ама тој не е класична „деветка“, туку подобро се снаоѓа по страничните позиции. Можеби и тоа ќе го увиди Тошак од тренинзите во Охрид, а фудбалерите ќе мора навистина да се потрудат и да се докажат - за селекторот да може да ги запомни.

А за следниот повик, ако може да не даваат голови во своите клубови, и по можност да не бидат стандардни, па сигурно ќе се најдат на списокот. И така повикот во А-тимот сега служи за да потренираат пред Тошак.

http://ekipa.mk/News.aspx?newsId=2484
 
Член од
8 април 2007
Мислења
16.034
Поени од реакции
9.126
1-0 прво полувреме .. ФАЗЛИ С. :)
Добро знаемо дека е албанец, немора на секој гол на албанци за репрезентација да им ги пишуеш имињата со 4893534758943 фонт.
 
П

Паспарту

Гостин
Каква иднина имаме во фудбалот тоа е нешто страшно (и жално)... Една акција не знаеме да направиме против Фарски Острови, а шут во рамки на гол е мисловна именка. Колку од овие што "играат" во странство настапуваат за своите клубови?
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: B92
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.982
Поени од реакции
74.025
Каква иднина имаме во фудбалот тоа е нешто страшно (и жално)... Една акција не знаеме да направиме против Фарски Острови, а шут во рамки на гол е мисловна именка. Колку од овие што "играат" во странство настапуваат за своите клубови?
Самир Фазли не го земаат ни во купот да игра за херенвен, па камоли да заигра некоја минута. Стефан Ристовски нема ни минута изиграно за второлигашот Кротоне, a истото важи и за Абдула Џелал или како и да се вика кој не е ни земен за да игра за Де Графшап. Така да од овие тројца кои играат во посилни првенства во доста слаби клубови, сите заедно имаат 0 изиграни минути. Ристовски барем го зимаат во состав :icon_lol:
Трајковски колку толку игра, и тоа во Белгиската лига... И Илија Несторовски е колку толку стандарден во Викторија Жижков
Другово што игра во странство не треба ни да се спомене.
Теута, Билш, Тироспол, Јавор Ивањица...
 
B92

Член од
14 октомври 2011
Мислења
331
Поени од реакции
129

Асистенција на Џелил Абдула и гол на Самир Фазли, кои што ви дадоа една победа после 3 и пол години :)

Џелил Абдула - чекајте, рано е , дечкото има убава иднина :)

За овој Фазли не знам што дажувам ..
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.982
Поени од реакции
74.025
Асистенција на Џелил Абдула и гол на Самир Фазли, кои што ви дадоа една победа после 3 и пол години :)

Џелил Абдула - чекајте, рано е , дечкото има убава иднина :)

За овој Фазли не знам што дажувам ..
Готово е веќе со Фазли, нема никаква иднина во момакот. Кога беше помал играше во помали категории па ги фаќаше на сила противниците пошто е како вол манастирски.
Сега веќе неможе само на сила да просперира.

Овој Абдула може ќе го биде не викам не, рано е да се каже.

Од Албанциве во составот, највеќе може да покаже Хасани...

Бтв ги растуривме у пм :D
1-0, победа после 3 и пол години :icon_lol:
 
ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
^^^ Не дажувај ништо, 1-0 против Фарски факинг острови еј... сеа криво ми е што не ја играв у кладилница...
 
Член од
23 март 2011
Мислења
88
Поени од реакции
16
Самир Фазли не го земаат ни во купот да игра за херенвен, па камоли да заигра некоја минута. Стефан Ристовски нема ни минута изиграно за второлигашот Кротоне, a истото важи и за Абдула Џелал или како и да се вика кој не е ни земен за да игра за Де Графшап. Така да од овие тројца кои играат во посилни првенства во доста слаби клубови, сите заедно имаат 0 изиграни минути. Ристовски барем го зимаат во состав :icon_lol:
Трајковски колку толку игра, и тоа во Белгиската лига... И Илија Несторовски е колку толку стандарден во Викторија Жижков
Другово што игра во странство не треба ни да се спомене.
Теута, Билш, Тироспол, Јавор Ивањица...
Za abdula si greska kolku tolku vlaga igra a i ovie so se u sosedstvo igraat, osven mecinovik ristovski i fazli, koi ne igraat, drugite se ok
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.982
Поени од реакции
74.025
Za abdula si greska kolku tolku vlaga igra a i ovie so se u sosedstvo igraat, osven mecinovik ristovski i fazli, koi ne igraat, drugite se ok
Сега проверив на страната на Де Графшап, Абдула има одиграно 2 утакмици од 12 првенствени кола :)
Not bad :D
Муабетот ми беше дека играчиве што играат во соседство играат во екипи на рамниште на Македонскиве...
Али во време кога и сениорските репрезентативци играат во 5-та Француска лига, и ова е добро.
Ако не се лажам Кире Ристовски даде гол за Балш минатиов викенд:D
 
B92

Член од
14 октомври 2011
Мислења
331
Поени од реакции
129
Сега проверив на страната на Де Графшап, Абдула има одиграно 2 утакмици од 12 првенствени кола :)
Not bad :D
Муабетот ми беше дека играчиве што играат во соседство играат во екипи на рамниште на Македонскиве...
Али во време кога и сениорските репрезентативци играат во 5-та Француска лига, и ова е добро.
Ако не се лажам Кире Ристовски даде гол за Балш минатиов викенд:D
Има постигнато и еден гол во Купот на Холандија ;)
 
Член од
23 март 2011
Мислења
88
Поени од реакции
16
Сега проверив на страната на Де Графшап, Абдула има одиграно 2 утакмици од 12 првенствени кола :)
Not bad :D
Муабетот ми беше дека играчиве што играат во соседство играат во екипи на рамниште на Македонскиве...
Али во време кога и сениорските репрезентативци играат во 5-та Француска лига, и ова е добро.
Ако не се лажам Кире Ристовски даде гол за Балш минатиов викенд:D
Pak greska 3 natprevari liga i 2 kup se na se 275
min inache osven albanskata liga koja e vo podem ne bo rekol deka nekoja druga e poslaba od nasava
 
Kajgana Shop

На врв Bottom