КОМИТЕТОТ ЗА ИТНОСТ ВО ФФМ ЈА ЗЕДЕ РАБОТАТА ВО СВОИ РАЦЕ
Костов пред селекторска промоција со додавката в.д.
Првиот соработник на разрешениот селектор Мирсад Јонуз ги заврши разговорите со челниците на ФФМ, на кои пред утрешното аминување за Бразил им остана само да го промовираат во вршител на должноста
Влатко Костов, десната рака на разрешениот македонски фудбалски кормилар Мирсад Јонуз, ќе ја добие селекторската трка со додавката вршител на должноста. Во играа за ваквото решение беа и Бобан Бабунски, Артим Шаќири и Гоце Седлоски. Вчера доцна попладне заседаваше Комитетот за итнос во ФФМ, кој требаше делумно да ја затвори приказна со новиот селектор на Македонија, што е актуелна повеќе од еден месец. Костов деновиве бил поканет на разговори, но не сака ништо да зборува пред да биде соопштена одлуката од страна на ФФМ.
- Разговаравме. Ги кажав моите видувања околу репрезентацијата. Треба најдоцна денеска да добијам одговор - кусо возврати Костов на информацијата што вчера беше прераскажувана како готова работа во фудбалските кругови.
Пред тренерот Костов, кој ги предводеше Брегалница, Куманово, Осогово, Хоризонт Турново и Ренова со која стаса до шампионската титула, како и до признанието најуспешен стратег во Македонија, е нов предизвик. Зимоска го зеде во свои раце кормилото на Работнички, од каде што самиот замина, откако ги немаше посакуваните резултати. За првпат Костов ќе се соочи со селекторската одговорност, иако лани во септември по казната за Јонуз, тој против Ерменија (2-2) беше во улога на диригент. Македонија на 10 август ќе гостува во Азербејџан, а веќе на 2 и 6 септември ја очекуваат два квалификациски натпревари од Б групата за ЕП-2012, со Русија во гости и Андора пред своите навивачи.
Повеќе од еден месец измина откако Јонуз доби отказ, а ФФМ не успеа да најде негов наследник. Остави простор да се направи долга листа со кандидати домашни и странски, посакувани и самопредложени, но по завршените разговори остана со куси ракави. Фаворитите Ѓоре Јовановски, Ѓоко Хаџиевски, Клаус Аугенталер се откажаа, па на еден ден пред заминувањето во Бразил, каде што в сабота ќе има ждрепка за составот на квалификациските групи за СП-2014, одлучија селкторското прашање да го решат времено, а вистинската одлука да ја донесат подоцна. (Д.Н.)
Извор
Реков ја пиун некој нивни ќе постават за селектор....