Македонска фудбалска репрезентација

M

Mario Gómez

Гостин
Maла плата е тоа бе. Треба да прајш тактики и Наумоски да го водиш на ливада да пасит,
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.732
Поени од реакции
22.892
Абе, од ФФМ прво рекоа до 9ти Јули ќе одлучат за новиот селектор, па после рекоа до средината на месецот. Цццц, демек ако си дадат пред медиумите пократко време, попаметни ќе испаднат. Ако и тие самите си знаат дека минумим до средината на Август, нема ни 3 средби вкупно да направат со кандидатите.

П.С.
Видете го вие Стевица рекордерот бе! :D

ПОГОДОК НА СЕКОЕ ДЕБИ
Ристиќ кандидат за Гинис
Стевица Ристиќ, напаѓачот претплатен за голови во деби-настапите за своите клубови, традицијата ја продолжи и во дресот на корејскиот Сувон Блувингс. Откако пред една недела дебитираше со погодок, викендов и во вториот настап стрелаше прецизно за минимална победа против Инчон.
- Останав верен на традицијата, еве и во шестиот клуб во кој се преселив, постигнувам гол во премиерниот настап. Така беше пред осум години во дресот на Силекс, продолжив во корејските Чонбук и Поханг, не прекинав ниту во Бунјодкор и Амкар, и еве ми се повторува истото во Сувон. Ако на ова додадам дека постигнав погодок и на дебото за фудбалската репрезентација против Албанија, тогаш веројатно сум кандидат и за Гинисовата книга на рекорди. И да не заборавам дека пред четири години во дресот на Чонбук го постигнав најбрзиот погодок во историјата на К-лигата, во 30-тата секунда против Гвангжу - вели голгетерот.
Популарниот Риле има постигнато и пет погодоци на еден меч во дресот на Силекс, но овој рекорд го дели уште со Зоран Бошковски, Саша Ќириќ, Ванчо Мицевски и Александар Толески. (О.А.)
 
Член од
16 јануари 2009
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.068
И германецов се одкажал од нашава репрезентација :pos:
Овие од ФФМ се најголеми морони кој може да постојат месец дена бараат селектор и неможат едно време беше чест да бидеш селектор ама како стигнала работава веќе никој нејќе.е тоа ти е македонска работа,ќе постават некој колку само да седи и да зима плата и резултати пак ќе нема.Катастрофа(n)
 

Pelister 2008

Ветеран
Член од
28 ноември 2010
Мислења
1.047
Поени од реакции
554
Кој не би се откажал со онаква мафија на чело на ФФМ .. Се додека е Хари , фудбалот за нас ќе биди апстрактен поим !
 
Член од
5 јануари 2009
Мислења
2.654
Поени од реакции
81
Тасевски продолжува во Ростов!?
Македонскиот репрезентативец Дарко Тасевски е пред можност за продолжување на својата кариера во рускиот премиерлигаш Ростов

Како што пренесуваат руските медиуми, ФК Ростов е сериозно заинтересиран за услугите на Тасевски. Според информациите, деновиве раководствата на двата клуба се очекува да ги прецизираат деталите околу евентуалниот ангажман на македонскиот фудбалер од средниот ред. Бугарските медиуми, пак, потврдувајќи ја информацијата од Русија ја пренесуваат и веста дека нов спортски директор на Ростов треба да биде бугарската фудбалска легенда Христо Стоичков, а тој со себе во клубот го носи Дарко Тасевски.

извор:Македонски Спорт
 

TheIks

Fork & spoon operator
Член од
1 октомври 2007
Мислења
712
Поени од реакции
469
Прават филмови сега со селектори за да се одврати вниманието од Хари и бандата. Хари прво да го фати патот, па после селектор!
 
Член од
5 јануари 2009
Мислења
2.654
Поени од реакции
81
Харалампие во пекол за 250.000 евра!
Градежната фирма од Струмица со судски спор си го наплати долгот со камата, а во "куќата на фудбалот" се фаќаат за глава
ФФМ загуби судски спор со градежната фирма која во минатото ги извршуваше работите на стадионот "Младост" во Струмица за кој пари донираа ФИФА и УЕФА. Тоа е стадионот кој во 2005 година беше отворен лично од Сеп Блатер, првиот човек на ФИФА, и Шенес Ерзик од УЕФА. Двете институции дадоа милионски суми за да се направи современ стадион, но "Младост" не наликува ни 50% од проектот кој беше направен за тој стадион.

извор:Македонски Спорт
 
Член од
17 мај 2010
Мислења
217
Поени од реакции
27
Харалампие во пекол за 250.000 евра!
Градежната фирма од Струмица со судски спор си го наплати долгот со камата, а во "куќата на фудбалот" се фаќаат за глава
ФФМ загуби судски спор со градежната фирма која во минатото ги извршуваше работите на стадионот "Младост" во Струмица за кој пари донираа ФИФА и УЕФА. Тоа е стадионот кој во 2005 година беше отворен лично од Сеп Блатер, првиот човек на ФИФА, и Шенес Ерзик од УЕФА. Двете институции дадоа милионски суми за да се направи современ стадион, но "Младост" не наликува ни 50% од проектот кој беше направен за тој стадион.

извор:Македонски Спорт
хахаха и до тоа ли стигна харалампие ццц а стадионот во Струмица младост наликува на детско игралиште,џабе имаше протести од страна на ајдуците кога Беласица веќе не е тим за натпреварување така да и многу многу не им треба добар стадион што е и жално и за самиот град и за клубот:(
 

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.662
Поени од реакции
9.983
КОМИТЕТОТ ЗА ИТНОСТ ВО ФФМ ЈА ЗЕДЕ РАБОТАТА ВО СВОИ РАЦЕ
Костов пред селекторска промоција со додавката в.д.

Првиот соработник на разрешениот селектор Мирсад Јонуз ги заврши разговорите со челниците на ФФМ, на кои пред утрешното аминување за Бразил им остана само да го промовираат во вршител на должноста
Влатко Костов, десната рака на разрешениот македонски фудбалски кормилар Мирсад Јонуз, ќе ја добие селекторската трка со додавката вршител на должноста. Во играа за ваквото решение беа и Бобан Бабунски, Артим Шаќири и Гоце Седлоски. Вчера доцна попладне заседаваше Комитетот за итнос во ФФМ, кој требаше делумно да ја затвори приказна со новиот селектор на Македонија, што е актуелна повеќе од еден месец. Костов деновиве бил поканет на разговори, но не сака ништо да зборува пред да биде соопштена одлуката од страна на ФФМ.

- Разговаравме. Ги кажав моите видувања околу репрезентацијата. Треба најдоцна денеска да добијам одговор - кусо возврати Костов на информацијата што вчера беше прераскажувана како готова работа во фудбалските кругови.

Пред тренерот Костов, кој ги предводеше Брегалница, Куманово, Осогово, Хоризонт Турново и Ренова со која стаса до шампионската титула, како и до признанието најуспешен стратег во Македонија, е нов предизвик. Зимоска го зеде во свои раце кормилото на Работнички, од каде што самиот замина, откако ги немаше посакуваните резултати. За првпат Костов ќе се соочи со селекторската одговорност, иако лани во септември по казната за Јонуз, тој против Ерменија (2-2) беше во улога на диригент. Македонија на 10 август ќе гостува во Азербејџан, а веќе на 2 и 6 септември ја очекуваат два квалификациски натпревари од Б групата за ЕП-2012, со Русија во гости и Андора пред своите навивачи.

Повеќе од еден месец измина откако Јонуз доби отказ, а ФФМ не успеа да најде негов наследник. Остави простор да се направи долга листа со кандидати домашни и странски, посакувани и самопредложени, но по завршените разговори остана со куси ракави. Фаворитите Ѓоре Јовановски, Ѓоко Хаџиевски, Клаус Аугенталер се откажаа, па на еден ден пред заминувањето во Бразил, каде што в сабота ќе има ждрепка за составот на квалификациските групи за СП-2014, одлучија селкторското прашање да го решат времено, а вистинската одлука да ја донесат подоцна. (Д.Н.)
Извор
Реков ја пиун некој нивни ќе постават за селектор....
 

Tоni

ILLYRIAN
Член од
26 февруари 2009
Мислења
13.639
Поени од реакции
10.237
Сепак нивни човек,кој ќе игра како ќе му свират!
 
Член од
18 февруари 2011
Мислења
53
Поени од реакции
23
Бабунски „предводник“ во Азербејџан

Вторник, 26 Јули 2011 10:29

Фудбалската репрезентација на Македонија на 10. Август гостува во Азербејџан каде ќе одигра пријателски натпревар со домашната селекција на оваа земја.
Раководството на ФФМ одлучи националниот тим за овој натпревар да го предводи селекторот на репрезентацијата до 21г. Бобан Бабунски кој веднаш потоа се враќа во младиот тим со кој го очекуваат квалификациски дуели за ЕП .
Македонската фудбалска репрезентација по разрешувањето на Мирсад Јонуз од селекторската функција по средбата со Р. Ирска во Скопје е без селектор. Во тек е постапката за избор на наследник на Јонуз.
До крајот на квалификацискиот циклус репрезентацијата треба да одигра уште четири квалификациски средби, а првата е на почетокот на м. Септември во Москва против Русија.
Дуелот со Азербејџан е планиран токму како подготовка за овие дуели.
- Како човек на федерацијата секогаш сум подготвен да помогнам на националниот тим кој е светост за сите нас. Најважно е во овој момент да се сконцетрираме на анимирање на играчите за да се претставиме во што подобро светло на гостувањето во Азербејџан. Едноставно да го продолжиме профилот што го создаваме во младата репрезентација и во А-тимот. Тие што ќе бидат повикани да го дадат максимумот, да одиграат квалитетно , професионално во Баку. Денеска упативме покани кон играчите, контактираме со нив и се надевам дека во текот на утрешниот ден преку сајтот на ФФМ ќе го соопштиме списокот за јавноста- изјави селекторот Бобан Бабунски .
Да потсетиме дека ова е вторпат Бабунски да седне на клупата на А-репрезентацијата на Македонија. Претходно ја предводеше нашата најдобра селекција на квалификациските дуели со Финска (пораз од 5-1), со Холандија во Амстердам (0-0) и на пријателската средба со Лихтенштајн во Вадуц (победа од 2-1).
Со селекцијата на Азербеџан досега сме играле четири пати:
Квалификации за СП 2002
Азербејџан – Македонија 1-1
Македонија – Азербејџан 3-0
Пријателски средби:
29.Мај 2010г. Азербејџан – Македонија 1-3
27.Јули 2000г. Македонија – Азербејџан 2-1

http://ffm.com.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=1665:2011-07-26-08-33-17&catid=37:a-national-team&Itemid=421&lang=mk
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.967
Поени од реакции
57.733
Дежа ву! Сеа ќе ги победи Азербејџан и ќе му дадат шанса... Мрш бе !!!!
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Тоа е бе ние само гледаме тие шо ќе направат.Гледаме молчиме и пцуеме по форумиве само.
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.990
Поени од реакции
16.430
Исти ташак ни е кој ќе е ни е тренер.
Барем кај мене не менува дали е Бабунски, Аугенталер или Ќиро.
Четврто место не ни бега секако, а ништо чудно да бидиме конкурентни и за петата позиција на наредните квалификации.. не е се до тренерот ;)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom