Македонска фудбалска репрезентација

Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.231
Поени од реакции
14.576
А мене како фан на Македонска репрезентација не треба да ме боли цеф кој раководи со фудбалот.
Ти си отиден да гледаш фудбал, а не криви дрини да исправаш.
Тоа што Пандев незнае да постигне гол, Хари е крив? Тоа што немаме фудбалски школи, Хари е крив?
Не дека го бранам Хари и тие што го раководат фудбалот, ама проблемот не е само во него ..
Тоа што се викнати дебили за репрезентација Хари е крив?
Тоа што е Јонуз селектор Хари е крив?
Тоа што првенството ни е 0 Хари е крив?
Тоа што краде пари како луд Хари е крив?
Тоа што местеше избори Хари е крив?

Ти се молам, додека не се смени Хари кај нас ништо нема да успее. Треба да дојде човек кој нема да гледа за своја корист од тоа место. За да има младински школи треба да има тимови прво а кај нас за жал нема тимови.

Незнам само зашто никој не се нафати да вложи околу милион евра во младинска школа, имаме претерано голем број на таленти кои само се усеруваат поради тоа што игра на "мојот познаник детето"
Немора да играат тие во прв тим, нека биде само младинската школа, доволно е да се соберат најдобрите таленти од Македонија на едно место во една школа со врвни тренери, инвестицијата одма ќе се исплати штом стигнат до 15-16 години сите ќе отидат во Европа. само штета голема што никој не се замара со тоа кај нас.
 
Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Какви се - такви се. Немам преголеми очекувања и ќе го цитирам бившиот селектор и воедно најдобар до сега - Катанец: "To je to". Колку можат - толку. Битно да ги подржиме и да направат колку можат. Незнам зашто очекувате премногу од репрезентацијата, кога едноставно толку можат. Реалноста не е дека имаме сили за пласман во некое натпреварување. На тоа ниво сме каде што сме. Здравје во иднина повеќе, сеа да навиваме само за добра игра. Напред Македонија!
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.986
Поени од реакции
16.425

Имаме други фудбалери од „светска“ класа? o_O
 
Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.231
Поени од реакции
14.576
Имаме други фудбалери од „светска“ класа? o_O
Можеби немаме светска класа фудбалери ама и дете од 5 години знае дека во репрезентација играат фудбалери пред да се продадат а после има дилови со парите делење меѓу Јонуз, Хари и менаџерите
Немора да си светска класа за да успееш, Словенија како стигна на светско? Све беа анонимци. Летонија? исто
Значи немора да имаме Меси во тимот доволно е да има атмосфера, план, селектор и да играат само тие што во овој момент заслужуваат да играат.
 
Член од
8 април 2007
Мислења
16.034
Поени од реакции
9.126
А мене како фан на Македонска репрезентација не треба да ме боли цеф кој раководи со фудбалот.
Ти си отиден да гледаш фудбал, а не криви дрини да исправаш.
Тоа што Пандев незнае да постигне гол, Хари е крив? Тоа што немаме фудбалски школи, Хари е крив?
Не дека го бранам Хари и тие што го раководат фудбалот, ама проблемот не е само во него ..
Не, ја не идем да гледам фудбал, зошто НЕМА ФУДБАЛ! И фала му на Бога, не сум еден од оние што и гзот ќе го дадат за да им даде некој муфте карта (во овој случај глас). Не е само до него точно, ама он е најголемиот кривец што до овде ни е фудбалов. Па кој е крив што нема фудбалки школи, ја или ти или некој трет?? Кај се парите што УЕФА и ФИФА постојано ги даваат, може ја ги земам???

Него ајде, на оваја тема е многу зборено до сега и нема фајде од тоа. Уживајте си у фудбалов вечер, зошто ја ќе го гледам ама нема да уживам у никој случај.
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.986
Поени од реакции
16.425
Можеби немаме светска класа фудбалери ама и дете од 5 години знае дека во репрезентација играат фудбалери пред да се продадат а после има дилови со парите деење меѓу Јонуз и Хари.
Немора да си светска класа за да успееш, Словенија како стигна на светско? Све беа анонимци. Летонија? исто
Значи немора да имаме Меси во тимот доволно е да има атмосфера, план, селектор и да играат само тие што во овој момент заслужуваат да играат.
--- надополнето: Jun 4, 2011 1:41 PM ---
Moже да ми наброиш некој што не е во составот, а заслужува да игра за репрезентацијата?!
Јас не гледам некој таков што се покажал во својот клуб, па да го викни селекторот во репрезентацијата.
Тие што се надвор од Македонија, сите се повикани, сеа кој поради повреда, кој поради икс причини некогаш и неможат да играат за репрезентацијата.
Сфатете дека толку ни се можностите..па и Мурињо да ни е селектор.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
До пред 1 саат имаше останато уште малку карти за на сите трибини,незнам веќе дали има бидејќи имаше гужва пред билетарата.А имаше и некои луѓе вишок имаа препродаваа.
Од каде тоа инфо дека имало уште малце карти за сите трибини?
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Абе јас пак ќе кажам грев ќе биде да не се полни север и југ плус сега глетката и од запад и од исток е многу подобра има одлична перпсектива за гледање се надевам дека со раздадените карти ќе пројде 20.000 гледачи.
 
Кирца

Монк
Член од
7 април 2008
Мислења
7.051
Поени од реакции
2.289
Денес нема да има никаква атмосфера.Сеа дај боже да има и тоа да биде мотив плус али кога сите идат да го видат стадионот и кога пола имаат добиено од негде гага карти џабе би имало 33.000 луѓе.Или па ако натпреваров го искористат за некоја политичка цел нека се гонат у пм.Иначе сеа колку влеза има Градски?
 
Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Хмм не сакам да внесам политика но држете ме за збор - повеќе аплауз ќе има кога ќе го претстават премиерот отколку кога ќе заврши нашата химна.
 
Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.431
Поени од реакции
16.747
Хмм не сакам да внесам политика но држете ме за збор - повеќе аплауз ќе има кога ќе го претстават премиерот отколку кога ќе заврши нашата химна.
А зашто би го претставиле премиерот, по која причина/заслуга ?
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.327
Поени од реакции
15.586
Какви се - такви се. Немам преголеми очекувања и ќе го цитирам бившиот селектор и воедно најдобар до сега - Катанец: "To je to". Колку можат - толку. Битно да ги подржиме и да направат колку можат. Незнам зашто очекувате премногу од репрезентацијата, кога едноставно толку можат. Реалноста не е дека имаме сили за пласман во некое натпреварување. На тоа ниво сме каде што сме. Здравје во иднина повеќе, сеа да навиваме само за добра игра. Напред Македонија!
Додека вака размислуваме, нигде нема да стигнеме. Ако немаме сили за пласман не значи дека треба да се бориме со Андора за последното место. Со трето место јас би бил презадоволен, или пак да имаме добар селектор кај што ќе игра секој што заслужува не секој што...
Ипак, ретко се наоѓаат чесни луѓе и луѓе што можат да го издржат целиот притисок од јавноста, пријателите и рекетарите...
Нешто треба да се менува, не само во фудбалот, општо во спортот во Македонија, но што...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom