Македонска фудбалска репрезентација

Член од
13 август 2009
Мислења
20
Поени од реакции
7
Во игра за мај се и БиХ и Ј. Кореја...
Најдобар избор за пријателска би ни биле Словенците...
Прво... поради тоа што беа во група со Словачка, а ја елиминираа на Русија...
Второ... поради тоа што на времето губеа од нас со астрономски разлики, па да видиме дали можеме да ги потсетиме на тоа :)
Да, Словенија би ни бил феноменален кандидат. Мислам дека во квалификации два пати ја тепаа Словачка. На гости ги тепаа со 2-0 и перфекно им ги злоупотребија слабостите во одбрана. Словаците навалуваа со цел тим во напад, а овие изведоа неколку феноменални контри. особено во последните 3 минути имаа две интересни контри а од втората постигнаа и гол.
А иначе сега многу тешко да закажеме пријателска со учесник на светско. Тоа ко ќе почнат квалификациите тек....

последните 4 минути:
 

Bibo

Модератор
Член од
9 април 2006
Мислења
4.154
Поени од реакции
4.038
Ќе биде „офлеле“ ако падне снег со Црна Гора

Македонската фудбалска репрезентација својот меч против Црна Гора ќе го одигра на 3 март, а ново е што вчера ФФМ го објави терминот за почеток на мечот - 14.30 часот

Ова е многу ризичен тајминг со оглед на променливото време во Скопје, каде што и ќе се игра натпреварот, па ако временските прилики бидат слични на завчерашните, кога снежното невреме ја намали видливоста до максимум, дуелот ќе биде само измачување за играчите, но и за гледачите. Мечот би завршил околу 16.30 часот, тоа е период кога може да биде сериозно стемнето на нашата национална арена Филип Втори Македонски.

Оваа одлука е уште почудна зашто Македонија последниот дуел што го одигра во Скопје против Катар во октомври почна во 14 часот, а тогаш беше летно сметање на времето, што значи дека денот беше подолг. Сега се ризикува прекин, зашто освен рефлекторите на врвот од Северната трибина, нема друго осветлување на Филип Втори.
Од друга страна, ФФМ објави дека младите селекции на Македонија и Србија својот дуел ќе го играат истиот ден, во Кавадарци, но од 13 часот.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=212101120139&id=19&prilog=0&setIzdanie=21908
Lelele lele... Aj sea ke placeme poso ke mozelo da se stemne, kako li ke igraat... So moralo da se prai problem od niso? Kakov pusti sneg, toa sega e do mart ke bide druga prikaska...

I sto e cudno ako e vo 14 casot natprevarot, vo samata statija pisuva deka imaat problem so osvetluvanje taka da nemozat navecer da go odrzat... A toa deka e raboten den ne zavisi od niv, ova se termini opredeleni od FIFA, nie samo saatot za start na mecot mozevme da go opredelime, ne i denot...
 

gunner_mkd

>МиСтЕр ТиПсТеР
Член од
12 септември 2009
Мислења
1.483
Поени од реакции
83
Ќе биде „офлеле“ ако падне снег со Црна Гора

Македонската фудбалска репрезентација својот меч против Црна Гора ќе го одигра на 3 март, а ново е што вчера ФФМ го објави терминот за почеток на мечот - 14.30 часот

Ова е многу ризичен тајминг со оглед на променливото време во Скопје, каде што и ќе се игра натпреварот, па ако временските прилики бидат слични на завчерашните, кога снежното невреме ја намали видливоста до максимум, дуелот ќе биде само измачување за играчите, но и за гледачите. Мечот би завршил околу 16.30 часот, тоа е период кога може да биде сериозно стемнето на нашата национална арена Филип Втори Македонски.

Оваа одлука е уште почудна зашто Македонија последниот дуел што го одигра во Скопје против Катар во октомври почна во 14 часот, а тогаш беше летно сметање на времето, што значи дека денот беше подолг. Сега се ризикува прекин, зашто освен рефлекторите на врвот од Северната трибина, нема друго осветлување на Филип Втори.
Од друга страна, ФФМ објави дека младите селекции на Македонија и Србија својот дуел ќе го играат истиот ден, во Кавадарци, но од 13 часот.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=212101120139&id=19&prilog=0&setIzdanie=21908

Зошто мораше вака? Работен ден во 14:30 !!! Максимум 2000 гледачи, според мене.
де бе друже кај неписмени новинари пишуваат статии ти па уште се исплаши ццц
баба ми поубав текст ќе напишеше

Тој неписмениот пишува за некои си временски услови кои што ќе бидат за еден месец ,тоа ти е исто како сега јас да кажам ако временските прилики бидат како денес како ли ќе играат фудбал на СП во Африка :pos2:

После тоа пишува како би било стемнето ПО ЗВРШУВАЊЕТО на натпреварот во 16:30 ,па што ни е гајле на нас што ќе биде стемнето по натпреварот ...(важно за време на натпреварот нема да биде темно),што е најтрагично уште продолжува во истата насока па уште и го спомнува минатиот меч кога било летно сметање на времето :pos2:
ОВа е неверопјатен текст навистина ,штета што авторот е потпишан само со неговите иницијали :pos2:

ОФЛЕЛЕ е неговиот талент за пишување и новинарство ...
 
Член од
1 декември 2008
Мислења
1.043
Поени од реакции
182
де бе друже кај неписмени новинари пишуваат статии ти па уште се исплаши ццц

............................................
Не ме плаши снегот или невремето, туку часот за кога е закажан натпреварот. 14:30 во работен ден.
Публиката не е само од средношколци и студенти. Има некој што чека 3-4 месеци натпревар на репрезентација и сега нема да може да го гледа.
Треба да имаат во предвид и публика, а не само да се одржи натпревар затоа што им ветиле на Црна Гора. Зошто се прави стадион со толкав капацитет? За да изгледа празен? Подобро да играат во друг град. Срамота е да игра репрезентација пред 20% пополнет стадион.
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.015
Поени од реакции
5.680
А во друг град ќе имаше повеќе публика? Фала богу не ни играат меч заради публика, играат меч за да тестираат, да пробаат нови играчи, да видат до каде се оние стандардните... Испод 2000-3000 гледачи нема да има. Ако се одржуваше мечот во вечерен термин, ќе имаше уште 1000-2000 најмногу.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.094
Поени од реакции
74.898
А во друг град ќе имаше повеќе публика? Фала богу не ни играат меч заради публика, играат меч за да тестираат, да пробаат нови играчи, да видат до каде се оние стандардните... Испод 2000-3000 гледачи нема да има. Ако се одржуваше мечот во вечерен термин, ќе имаше уште 1000-2000 најмногу.
Да де, и во другите градови луѓето работат до 16 и покасно не е само во Скопје така :)
Публика нема да има многу тоа е факт, а вечер неможе да се игра од познатите причини. Плус стадионите низ Македонија во оваа годишна доба се во очајна состојба, па освен на градски нема каде да се игра на друго место :)
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.015
Поени од реакции
5.680
Нема врска ни терминот, да игравме против Португалија девојки и педерчиња (кои многу „сакаат“ да ја гледаат нашата репрезентација) ќе излегуваа од работа да го видат оној циганон Роналдо... Едноставно народот нема навика да оди на стадион за да ја гледа нашата репрезентација и стадионот може да биде полн само ако дојде некоја топ репрезентација... или... ако почнат да прават добри резултати. 90% од народот нема ни да знае дека ќе играме со Црна Гора на 02.03, а од оние што знаат само 1% ќе одат на стадион. Искрено се надевам дека стадионот ќе биде во добра состојба и дека ќе можеме да видиме колку-толку квалитетен фудбал. Црногорците ни се големи должници затоа што на нефер начин стигнаа до победа кај нив во Подгорица. Исто така љубителите на фудбалот ќе може да ја видат една од најголемите растечки ѕвезди во европскиот фудбал Јоветиќ, како и Мирко Вучиниќ... Плус ова ќе биде првиот настап на Горан Пандев за репрезентацијата после потпишувањето за Интер... ај да видиме како ќе функционира сега за репрезентација :) Исто се надевам и дека Јонуз ќе повика што повеќе нови играчи за овој тест меч.
 

Bibo

Модератор
Член од
9 април 2006
Мислења
4.154
Поени од реакции
4.038
Не ме плаши снегот или невремето, туку часот за кога е закажан натпреварот. 14:30 во работен ден.
Публиката не е само од средношколци и студенти. Има некој што чека 3-4 месеци натпревар на репрезентација и сега нема да може да го гледа.
Треба да имаат во предвид и публика, а не само да се одржи натпревар затоа што им ветиле на Црна Гора. Зошто се прави стадион со толкав капацитет? За да изгледа празен? Подобро да играат во друг град. Срамота е да игра репрезентација пред 20% пополнет стадион.
Citatot sto ni go pokaza bese 100% useless information so isklucok na edna recenica i ti ocigledno bas taa recenica ne ja primeti... Stadionot ima problemi so reflektori, taka da nemozat da go odrzat mecot navecer posto ke bide problem ako se stemni, i zatoa go imaat staveno vo 2:30 popladne... Taka da koga veke pustas nekoi informacii, bar procitaj gi sam prviot pred da postavuvas prasanje.
 

Lord Brandon

I came-I saw-I conquered!
Член од
15 февруари 2010
Мислења
63
Поени од реакции
2
Да не знае некој шо стана со фарсава шо не заеба Аралампие дека демек ќе сме играле со Аргентина у Април.... нели и у вест на насловна имаше...
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.958
Да не знае некој шо стана со фарсава шо не заеба Аралампие дека демек ќе сме играле со Аргентина у Април.... нели и у вест на насловна имаше...
Абе ќе играме ние со Аргентина, после рекоа ќе сме играле со Бразил, па пак се вратија со Аргентина и на крај остана Тунгузија слободна.:toe:
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.468
Поени од реакции
8.606
Квалификации под рефлектори во октомври

Македонската фудбалска репрезентација квалификациски натпревари од Б-групата за ЕП 2012 како домаќин во вечерните термини под светлоста на рефлекторите ќе може да игра од октомври. Тоа е рокот што изведувачот „Бетон“ и Јавното претпријатие што стопанисува со Градскиот стадион во Скопје, го договориле по комплетирањето на документација околу реконструкцијата на јужната трибина. Согласноста од „Силекс“, кој е сопственик на поттрибинскиот простор, околу изведувањето на реконструкцијата на трибината била причина рокот за завршување на работите да биде поместен од 31 мај до 1октомври.

- До октомври јужната трибина треба да биде направена како новата северна трибина. Осветлението што ќе биде со јачина од 1.800 лукса ќе има приоритет во работата, за да може стадионот да биде во функција за вечерни натпревари. Се надевам дека и комплетирањето на трибината со столчињата ќе биде завршено во овој рок, додека пак поттрибинскиот простор е во втор план - вели Зоран Мисовски, директорот на секторот за градба во јавното претпријатие што стопанисува со стадионот.

ФФМ од проектните фондови на УЕФА обезбеди наменски средства за реконструкцијата на јужната трибина во висина од околу 650.000 евра. Овие пари ќе бидат ставени во функција откако ФФМ и Јавното претпријатие ќе го потпишат договорот што се' уште е на ревизија кај договорните страни. За возврат, ФФМ најави дека ќе добие бесплатно користење на стадионот за одигрување меѓународни натпревари во период од 15 години.

- Комплетирањето на стадионот продолжува, а овие средства се добредојдени. Објектот како целина, со кревањето на трибините зад головите треба да го завршиме до крајот на годината. На јужната трибина се работи. Се вади лимениот покрив за да се види во каква состојба се челичните носачи на покривната конструкција, и тој ќе биде заменет со нов како на северната трибина, по што ќе се монтира осветлението - додава Мисовски.

Октомврискиот термин за ставање во функција на осветлението на стадионот во Скопје, при составувањето на натпреварувачкиот календар за натпреварите од групата во која ќе играат уште Русија, Словачка, Република Ирска, Ерменија и Андора наметнува нова стратегија. ФФМ на договорната средба ќе треба да бара првите мечеви во септемвриските термини (3/4 и 7) да ги игра како гостин или, пак, под дневна светлина.

- Ако е само таа отстапка, на договорната средба ќе настапиме со предлог да стартуваме против Андора како домаќини под дневна светлина, а потоа да гостуваме на една од трите репрезентации Русија, Словачка или Ирска, со кои ќе треба да биеме битка за водечките места во групата - вели селекторот на македонската репрезентација Мирсад Јонуз.

Македонија во изминатиот квалификациски циклус за СП 2010 стартуваше под дневна светлина. Под скопскиот „вршник“ изгоре Шкотска (1-0), а за наредниот меч со Холандија беа донесени подвижни рефлектори што чинеа дополнителни средства. Атрактивноста на противниците и приходот од ТВ-правата во групата за ЕП 2012 нема да ја наполнат каста на ФФМ, па играњето под дневна светлина со ривалите може и дополнително да ја подиспразни. (Д.Н.)

Одложен собирот во Москва
Договорната средба за натпреварувачкиот календар, што требаше да се одржи утре во Москва, е одложена на неопределено време. Новиот термин и евентуално град-домаќин за составување на календарот од квалификациската Б-група за ЕП 2012, каде што покрај Македонија ќе играат уште Русија, Словачка, Р. Ирска, Ерменија и Андора, ќе биде дополнително одреден, а најдоцна до првата половина на март, до кога УЕФА им даде рок да се договорат репрезентациите меѓу себе кога и каде ќе играат.

И надежите на мегдан во Скопје
На 3 март во Скопје сепак ќе има двојна репрезентативна фудбалска програма. Македонија, покрај дуелот со најдобрата фудбалска репрезентација на Црна Гора, силите во овој термин за пријателски средби ќе ги одмери со надежниот тим, играчи до 21 година, против Србија. Средбата надежите, наместо во Кавадарци, како што беше првобитно најавено, ќе ја одиграат во Маџари со почеток во 12.30 часот. Саатницата е поместена за да може да се стаса од 14.30 на Градски, каде што ќе играат најдобрите тимови на Македонија и Црна Гора.

Како само скопје да е во Македонија другите градови треба еднаш на десет години да видат реперзентација и тоа за младата до 21 година а за А-селекцијата само прилеп два пати и струмица еднаш на хари се да му ебам и на јонуз и бабунаски да не го заборавам па после ќе имало по 200 луѓе абе копиљаци смрдени со сила клавате играчи за да кренат на цена па после да се продадат демек како реперзентативци и ќе си играте пред 200 души а ако одите во другите фудбалски градови ќе ве исвиркаат за тоа што ставате ваши играчи и на крајот пак се да ви расклецам по дома :salut:
 

Bibo

Модератор
Член од
9 април 2006
Мислења
4.154
Поени од реакции
4.038
Samo sto procitav: Gus Hiding ja napustal Ruskata reprezentacija i ke ja prevzemel Turskata! Toa moze da bide sansa za nas, nisto cudno da opadnat Rusite bez nego :)
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Со Црна Гора пријателска во март кај ќе се игра?
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.015
Поени од реакции
5.680
На 03.03 во 14:30 на Филип Втори :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom