Квалификации под рефлектори во октомври
Македонската фудбалска репрезентација квалификациски натпревари од Б-групата за ЕП 2012 како домаќин во вечерните термини под светлоста на рефлекторите ќе може да игра од октомври. Тоа е рокот што изведувачот „Бетон“ и Јавното претпријатие што стопанисува со Градскиот стадион во Скопје, го договориле по комплетирањето на документација околу реконструкцијата на јужната трибина. Согласноста од „Силекс“, кој е сопственик на поттрибинскиот простор, околу изведувањето на реконструкцијата на трибината била причина рокот за завршување на работите да биде поместен од 31 мај до 1октомври.
- До октомври јужната трибина треба да биде направена како новата северна трибина. Осветлението што ќе биде со јачина од 1.800 лукса ќе има приоритет во работата, за да може стадионот да биде во функција за вечерни натпревари. Се надевам дека и комплетирањето на трибината со столчињата ќе биде завршено во овој рок, додека пак поттрибинскиот простор е во втор план - вели Зоран Мисовски, директорот на секторот за градба во јавното претпријатие што стопанисува со стадионот.
ФФМ од проектните фондови на УЕФА обезбеди наменски средства за реконструкцијата на јужната трибина во висина од околу 650.000 евра. Овие пари ќе бидат ставени во функција откако ФФМ и Јавното претпријатие ќе го потпишат договорот што се' уште е на ревизија кај договорните страни. За возврат, ФФМ најави дека ќе добие бесплатно користење на стадионот за одигрување меѓународни натпревари во период од 15 години.
- Комплетирањето на стадионот продолжува, а овие средства се добредојдени. Објектот како целина, со кревањето на трибините зад головите треба да го завршиме до крајот на годината. На јужната трибина се работи. Се вади лимениот покрив за да се види во каква состојба се челичните носачи на покривната конструкција, и тој ќе биде заменет со нов како на северната трибина, по што ќе се монтира осветлението - додава Мисовски.
Октомврискиот термин за ставање во функција на осветлението на стадионот во Скопје, при составувањето на натпреварувачкиот календар за натпреварите од групата во која ќе играат уште Русија, Словачка, Република Ирска, Ерменија и Андора наметнува нова стратегија. ФФМ на договорната средба ќе треба да бара првите мечеви во септемвриските термини (3/4 и 7) да ги игра како гостин или, пак, под дневна светлина.
- Ако е само таа отстапка, на договорната средба ќе настапиме со предлог да стартуваме против Андора како домаќини под дневна светлина, а потоа да гостуваме на една од трите репрезентации Русија, Словачка или Ирска, со кои ќе треба да биеме битка за водечките места во групата - вели селекторот на македонската репрезентација Мирсад Јонуз.
Македонија во изминатиот квалификациски циклус за СП 2010 стартуваше под дневна светлина. Под скопскиот „вршник“ изгоре Шкотска (1-0), а за наредниот меч со Холандија беа донесени подвижни рефлектори што чинеа дополнителни средства. Атрактивноста на противниците и приходот од ТВ-правата во групата за ЕП 2012 нема да ја наполнат каста на ФФМ, па играњето под дневна светлина со ривалите може и дополнително да ја подиспразни.
(Д.Н.)
Одложен собирот во Москва
Договорната средба за натпреварувачкиот календар, што требаше да се одржи утре во Москва, е одложена на неопределено време. Новиот термин и евентуално град-домаќин за составување на календарот од квалификациската Б-група за ЕП 2012, каде што покрај Македонија ќе играат уште Русија, Словачка, Р. Ирска, Ерменија и Андора, ќе биде дополнително одреден, а најдоцна до првата половина на март, до кога УЕФА им даде рок да се договорат репрезентациите меѓу себе кога и каде ќе играат.
И надежите на мегдан во Скопје
На 3 март во Скопје сепак ќе има двојна репрезентативна фудбалска програма. Македонија, покрај дуелот со најдобрата фудбалска репрезентација на Црна Гора, силите во овој термин за пријателски средби ќе ги одмери со надежниот тим, играчи до 21 година, против Србија. Средбата надежите, наместо во Кавадарци, како што беше првобитно најавено, ќе ја одиграат во Маџари со почеток во 12.30 часот. Саатницата е поместена за да може да се стаса од 14.30 на Градски, каде што ќе играат најдобрите тимови на Македонија и Црна Гора.
Како само скопје да е во Македонија другите градови треба еднаш на десет години да видат реперзентација и тоа за младата до 21 година а за А-селекцијата само прилеп два пати и струмица еднаш на хари се да му ебам и на јонуз и бабунаски да не го заборавам па после ќе имало по 200 луѓе абе копиљаци смрдени со сила клавате играчи за да кренат на цена па после да се продадат демек како реперзентативци и ќе си играте пред 200 души а ако одите во другите фудбалски градови ќе ве исвиркаат за тоа што ставате ваши играчи и на крајот пак се да ви расклецам по дома :salut: