Македонска фудбалска репрезентација

Bibo

Модератор
Член од
9 април 2006
Мислења
4.154
Поени од реакции
4.038
Ne trebase denes ustvari da gi objavat datumite i rasporedot na natprevarite od nasata grupa?
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.015
Поени од реакции
5.680
Мислам дека преговорите се одложени за март.
 
Член од
18 февруари 2010
Мислења
9
Поени од реакции
0
Cena gora doaga bez Jovetic ama zatoa tuka ke bide Mirko Vucinic od Roma.A inace mislam deka ke gi dobieme Crnogorcite.
 
Член од
18 февруари 2010
Мислења
9
Поени од реакции
0
Pa da i jas imam isto mislenje kako ti,samo mislam deka treba poise da igrat so srce a ne samo kolku da igrat...togas i pojaki reprezentacii bi padnale vo skopje a i nadvor.taka li e????
 

superstarpizza

Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Член од
20 септември 2008
Мислења
6.025
Поени од реакции
1.363
Распоредот на натпреварите на 15 март во Москва


На 2 март ќе биде поставен камен-темелникот на четирите фудбалски терени и тренинг центарот, што ќе ги изгради АМС. Цената на билетите за контролата со Ц. Гора во Скопје по 200, 400 и 500 денари


Дефинитивно на состанокот во Москва на 15 и 16 март ќе се одреди распоредот и термините на одигрување на натпреварите во Б групата од квалификациите за Европското фудбалско првенство во 2012 година, во Полска и Украина. За ова е постигнат договор меѓу репрезентациите на Македонија, Русија, Словачка, Р. Ирска, Ерменија и Андора, информира генералниот секретар на Фудбалската федерација на Македонија Игор Климпер на средбата со новинарите.

Првобитно, начелно договорениот состанок уште на ждрепката на групите во Варшава, за 18 февруари во Москва, а во игра беше и Братислава, беше одложен поради несогласување и проблеми со зафатеноста на претставниците на Р. Ирска. Од слични причини, УЕФА го пролонгира и рокот за пријавување на распоредите на натпреварите во сите девет квалификациски групи, закажан за 9 март.

Климпер информираше и за другите активности на ФФМ во наредниов период.
- Камен-темелникот на фудбалските терени и тренинг центарот, во договор со Агенцијата за млади и спорт, ќе биде поставен на 2 март. Во трипартитниот договор со АМС и општина Аеродром, четирите тревнати терени се дадени на користење на ФФМ на концесија за 99 години. Документацијата за Куќата на фудбалот и стадионот со вештачка трева треба да бидат готови до 1 март, по што ќе биде испратена во европската фудбалска централа за префрлување на средствата во висина од 2,8 милиони евра за нивна израдба од Хет-трик програмата, истакна Климпер.



Добро е шо им текна. Парите ни се дадени во исто време со Србија, а тие веке ја пресекоа лентата!


Одредредени се и цените на билетите за пријателскиот натпревар со Црна Гора на 3 март во Скопје (14,30 ч.), што ќе бидат во продажба од 25 февруари. Тие се доста солени за ваков натпревар и ќе се продаваат по 200, 400 и 500 денари, а ќе се користат сите 10.036 места на северната трибина, која единствена е во употреба.


Само едно ке кажам............СРАМОТА!!!


Управниот одбор на ФФМ ќе одржи состанок, в сабота во Кавадарци, на кој ќе бидат разгледани актуелните прашања во мак-фудалот и се очекува да биде укината забраната за патување на навивачките групи на гостувањата.


Е ај нека разгледат, белким ке решат нешто стручњаците!


На 22 и 23 март на гости во ФФМ ќе пристигнат претставниците на ФИФА, Хуан Мартин и Рита Санчез, кои ќе ја одржат обуката на клубовите за трансфер на играчи.
Фудбалскиот сојуз на Македонија ја доби довербата да биде домаќин на Купот на регионите, на кој настапуваат аматерските репрезентации. Од 24 до 30 септември Македонија ќе ги нагости селекциите на Северна Ирска, Естонија и Шведска.

.................................................................

Еве една, ја би рекол добра вест, инаку ке пукнеше срам пак!


УЕФА го прогласи Антон Генов за невин
Автор: Марина Виларова 18:14 | 18 февруари 2010


ЖЕНЕВА

Дисциплинската комисија на УЕФА го прогласи бугарскиот судија Антон Генов за невин по денешното 30 минутно сослушување, јави „Гонг.бг“.
Генов во средината на декември минатата година беше суспендиаран од страна на УЕФА под сомневање дека го наместил пријателскиот натпревар помеѓу Македонија и Канада кој се одигра на 17 ноември во Струмица.
Натпреварот заврши 3:0 за Македонија, а Генов досуди четири пенали. Одлуката на УЕФА ќе биде објавена за три дена на официјалниот сајт.
Антон Генов повторно ќе може да ја дели правдата на меѓународните турнири и фудбалски натпревари откако беше суспендиран од настап во сите натпреварувања организирани од УЕФА, вклучувајќи ја и Лигата на шампионите./крај/гонг/сл
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.015
Поени од реакции
5.680
Абе овие со цел памет поставиле вакви цени? Абе не се здрави, ццц... :kesa:
 
Член од
17 септември 2008
Мислења
822
Поени од реакции
19
ФФМ не се нормални, веќе нема зборови да се опишат нивните глупости, катастрофа. Каде бе со овие цени, пријателска играме со Црна Гора алооо. Натпреварот се игра во среда во 14.30, колку луѓе ќе има на стадион 1000? Срамота, не ми се верува.
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.015
Поени од реакции
5.680
Со картите од 500 денари имало и храна и пијалок :pos:
 
Член од
24 декември 2007
Мислења
12.694
Поени од реакции
4.520
Место да прават да има се повеќе фанови,да се полни стадионот они како за инает ставаат карта 500 денара.Дали ќе има 1000-2000 народ,не е некој улав од друг град да оди за пријателски натпревар да плати пат + карта 500 денара башка што ќе треба да купи нешто.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom