Македонска фудбалска репрезентација

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.015
Поени од реакции
5.680
Па ако добие покана од Македонија... и ако посака да игра за Македонија, не гледам причина зашто да не игра. Но, сепак тој е еден од најнадежните играчи од Австралија, така да би било чудо да прифати да игра за нас.
Патем Горан Славковски пред два дена постигнал два гола за вториот тим на Бохум на пријателски натпревар.
 

Stoichkov

Царево Село/Делчево
Член од
9 февруари 2010
Мислења
204
Поени од реакции
60
Па ако добие покана од Македонија... и ако посака да игра за Македонија, не гледам причина зашто да не игра. Но, сепак тој е еден од најнадежните играчи од Австралија, така да би било чудо да прифати да игра за нас.
Патем Горан Славковски пред два дена постигнал два гола за вториот тим на Бохум на пријателски натпревар.
Сакам само да кажам дека сум тука за да говорам за фудбал ,а не за другите работи ...:smir:
Зборувах со Кантаровски на феjсбук ,и го прашах дали сака да игра за МК и ми каза дека се уште мислел :toe:Говорих и со Наjдоски и Стамболджиев и те ми казаха истото .
П.С. Иначе им казах да играт за БГ ...само Наjдоски ми каза дека ке си помисли :icon_lol:
 

gunner_mkd

>МиСтЕр ТиПсТеР
Член од
12 септември 2009
Мислења
1.483
Поени од реакции
83
Сакам само да кажам дека сум тука за да говорам за фудбал ,а не за другите работи ...:smir:
Зборувах со Кантаровски на феjсбук ,и го прашах дали сака да игра за МК и ми каза дека се уште мислел :toe:Говорих и со Наjдоски и Стамболджиев и те ми казаха истото .
П.С. Иначе им казах да играт за БГ ...само Наjдоски ми каза дека ке си помисли :icon_lol:
:ebetese: но комент...бидејќи си само за фудбал тука ...:ebetese:
 

Stoichkov

Царево Село/Делчево
Член од
9 февруари 2010
Мислења
204
Поени од реакции
60
:ebetese: но комент...бидејќи си само за фудбал тука ...:ebetese:
Епа jaс и на двама бразилци кои што играат во БГ сум им говорил истото :helou:
П.С.За БГ са играли-бразилци,срби,хрвати,турци ...каков е проблемот ?:toe:
 
J

Johnny Stulic

Гостин
Не знам дали пиша некој претходно денеска читав во спорт дека Бесарт Ибраими дебитира за првиот тим на Шалке 04. Се надевам дека ќе се избори за некаков статус во тимот, ќе напредува во кариерата и ќе биде од голема корист за репрезентацијата.
Премногу ќе ама му посакувам се најдобро
 

gunner_mkd

>МиСтЕр ТиПсТеР
Член од
12 септември 2009
Мислења
1.483
Поени од реакции
83
Епа jaс и на двама бразилци кои што играат во БГ сум им говорил истото :helou:
П.С.За БГ са играли-бразилци,срби,хрвати,турци ...каков е проблемот ?:toe:
нема некој поголем проблем :pos2:
единствениот проблем е во твојата глава ,знам дека не го разбираш а јас не мислам да ти го објаснувам ,затоа што како што кажа овде си за фудбал
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.468
Поени од реакции
8.609
Македонија ќе конкурира само за првите две места
Досега секогаш бевме четврти и нема да ни значи ништо ако бидеме трети во групата, освен за рејтингот, вели предводникот на "црвено-жолтите". Репрезентатиците посакуваат на стартот да играат со Русија во Москва

Според селекторот Мирсад Јонуз уште во Варшава со ждрепката на групите за ЕП 2012, за него почнале квалификациите за ЕП 2012, во Полска и Украина и размислувањата за она што не очекува. Веќе се прават плановите околу одигрувањето на самите натпревари во групата во која сме со Русија, Словачка, Р. Ирска, Ерменија и Андора. Целта е поставена и јасна: македонскиот фудбал да направи голем исчекор во борбата за освојување на едно од првите две места што водат на завршницата.
- Објективно гледајќи ги противниците по рејтинг, групата е тешка, Русија 13-та, Словачка 36-та, Ирска 37-ма, а ние сме 64-ти. Но не се замарам со рејтинзи и бројки, секое место што води на ЕП е голем успех и на тоа ќе се стремиме. Во фубалот никогаш не можеш да превидиш што ќе се случи. Но, јас сум оптимист и мислам дека оваа генерација играчи, што последниве шест месеци е под мое водство, покажа дека има квалитет и игра да се спротивстави на секој противник, што ни дава за право да веруваме дека ќе стартуваме онака како што треба, а тоа е со позитивен резултат. Не отстапуваме дека треба да се впуштиме во борба за настап на завршницата на ЕП.
Принципите остануваа исти, играчите ја знаат мојата филозофија, останува само да ги затегнеме уште повеќе шрафовите. Ќе има поголема дисциплина и треба подготвени го дочекаме старот во септември. Досега секогаш бевме четврти и нема да ни значи ништо ако бидеме трети, освен за рејтингот. Хипотетички ако не успееме јас ќе бидам исто како и претходните селектори, ќе се сметам за неуспешен ако бидеме четврти, истакна Јонуз на средбата со новинарите во ФФМ.
Во Варшава не беше договорен распоредот на одигрување на натпреварите во групата, што е оставено да се направи на 18 февруари на новата средба, начелно договорена во Москва, иако може да биде и во Братислава. Тогаш и ќе се знае кој ќе ни биде противник на стартот.
- Се договоривме да размислиме, што и нам ни одговара. Објективно нашите услови во моментов, поради реновирање на Националната арена "Филип Втори" не ни дозволуваат на стартот во септември да одиграме некое дерби, како што се дуелите со Русија, Словачка или Ирска. Моја желба е сите да ги почнеме дома. Поддршката од публиката е добредојдена, а без тоа е тешко да се направи атмосфера. Покрај северната трибина за вакви средби треба во функција да биде и јужната на која се поставуваат столчиња и осветлување. Термините за одигрување на средбите се од 18 до 21 часот, а тоа го бараат и од агенцијата што ги има ТВ-правата. Верувам дека ќе се направат напори јужната трибина да биде готова навреме и ќе имаме услови за добар старт дома и освојување на три бода. Ако за 10-тина дена, кога ќе ги направиме консултаците со надлежните, не добиеме потврда дека ќе ги имаме условите што ги бараме, ќе бидеме принудени првите два натпревара да ги одиграме на гости, со што ќе оставиме простор, дополнително од 30 дена, наредните два дуела да ги играме дома во октомври. Успехот на репрезентацијата е на сите, а последен сум јас. Сепак, цела одговорност е врз мене, ја прифаќам и не се плашам од предизвикот.
Меѓутоа, како што истакнува селекторот Јонуз, местото на одигрување на првиот натпревар во групата не влијае многу врз репрезенативците.
- Според расположението и мислењето на играчите, како и од нивните коментари, ние можеме да се впуштиме во борба со сите противници. Идеја на играчите, што не мора да значи дека ќе ја прифатиме, е првиот натпревар да го одиграме против Русија во Москва. Но, јас не ја гледам групата само преку еден натпревар, јас гледам целите квалификации да бидат успешни. Тоа значи дека неминовно е освојување на 12 бода против Ерменија и Андора, вкрстување на силите во директните дуели со Ирска и Словачка, а познато е дека со Русија имаме негативен скор во двата меѓусебни дуела, дома и на гости. Тоа е еден голем предизвик за играчите на стартот да го дадат максимумот и да направиме позитивен резултат. Нема што да загубиме ако првата средба ја одиграме во Москва, единствено можеме да добиеме, објаснува Јонуз.
Селекторот е задоволен што по зимскиот преоден рок сите играчи кои беа стандарни или потенцијални во репрезентацијата се веќе во клубови, играат и се во натпреварувачка форма или тренажен процес, што му ја олеснува работата.
- Можам да направам отстапка за оние кои не играат во наредните три месеца, но по јуни кога ќе почнат подготовките и новите првенства, ако некој не е стандарден во клубот нема да биде и во репрезентацијата.
Во подготовките за успешен старт во квалификациите репрезентативците веќе имаат закажано одигрување на две контроли, со Црна Гора на 3 март во Скопје и со Малта на 11 август во Ла Валета.
- Не очекува пријателски натпревар и во мај и сме во преговори со БиХ, Јужна Кореја и Луксембург. Бидејќи првенствата во Европа завршуваат од 15 до 20 мај, терминот за овој тест би бил од 28-29 мај. На овие тестови ќе имаме прилика да провериме некои што беа условно кажано заборавени и оние кои се вратија во форма со што ќе го заокружиме списокот на играчи кои што ќе влезат во квалификациите. Против Црна Гора веќе ќе дебитира крилниот одбранбен играч Александар Тодоров од белградски Рад. Во потесен круг е и шпицот на австриска Магма, Менсур Куртиши, кој покажа дека има потенцијал и ако продолжи така ќе сметаме и на него. На секоја ппозиција во наредните квалификации мораме да имаме по 2-3 фудбалера. Добро е и што Ристиќ, кој сега е во Казахстан, а Славчо Георгиевски на Кипар, сега се поблиску и ќе можат полесно да се адаптираат, за разлика кога доаѓаа од Кореја, заклучува Јонуз.
 
П

Паспарту

Гостин
Епа jaс и на двама бразилци кои што играат во БГ сум им говорил истото :helou:
П.С.За БГ са играли-бразилци,срби,хрвати,турци ...каков е проблемот ?:toe:
Знаеш колку години имаат поминато болдираниве во бугарско првенство!? Прво дознај, па потоа кажи дека играле за бугарска репрезентација...

Кантаровски, Најдовски и компанија се МАКЕДОНЦИ по татко или мајка, а со самото тоа можат да играат за Македонија. Прашањето ми е, што имаат заедничко со Бугарија!? Доколку сакаат да играат за ваша репрезентација, нема да им биде доволен само бугарски пасош, туку ќе мораат да поминат 4 или 5 години во вашето првенство за да добијат право за настап...
 

superstarpizza

Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Член од
20 септември 2008
Мислења
6.025
Поени од реакции
1.363
Сакам само да кажам дека сум тука за да говорам за фудбал ,а не за другите работи ...:smir:
Зборувах со Кантаровски на феjсбук ,и го прашах дали сака да игра за МК и ми каза дека се уште мислел :toe:Говорих и со Наjдоски и Стамболджиев и те ми казаха истото .
П.С. Иначе им казах да играт за БГ ...само Наjдоски ми каза дека ке си помисли :icon_lol:
Ај коа си веке тука пиши му и на Меси дали ке сака да игра за нас!pos
 

gunner_mkd

>МиСтЕр ТиПсТеР
Член од
12 септември 2009
Мислења
1.483
Поени од реакции
83
Да беше така лесно, сите вукојебински репрезентации ќе ангажираа бразилци, аргентинци и црнци :) Ама на кого да му кажеш...
остај го тој нека прави смешки :pos2:
освен ако не е вистинскиот Стоичков :pos2:
 
Член од
13 август 2009
Мислења
20
Поени од реакции
7
Закажана пријателска со Малта, а во игра е и Луксембург за во мај. Толку ли ни е невозможно да договориме средби со покомпатибилни тимови? Откако ги дознавме противниците за Еуро 2012, треба да бркаме пријателски со екипи чиј стил наликува на оние од нашата група. На пример за да го совладаме стилот на
Словаците, добро би ни дошле игри со Словенија, Бугарија, Литванија, Летонија, Чешка, Австрија, Кипар. Овие екипи играат со креативна координација, со не-стриктно одредени позиции, топката фреквентно се движи и таа ги одредува позициите на играчите.
За Русите - Шведска, Исланд, Белорусија, Норвешка, Украина,....нормално Германија, (ама сепак треба да си ги пружиш нозете колку што ти е долго черџето). Овие играат страшно предвидливо, со некреативни напади насочени дирекно кон одбраната (не над или околу, туку дирекно низ неа), со неколку потези кои постојано се повторуваат, но се толку добро извежбани и затоа тешко се бранат. Како пример ги посочувам двата идентични гола што ги примивме од Аршавин во Скопје и Москва.
Ирците по доаѓањето на Трапатони до некаде го напуштија Островскиот стил и играат некоја мешавина на италјански одбранбен тенк и британски брз напад со прецизни топки преку противничката одбрана. На минатите квалификации ниту добија, ниту изгубија натпревар со повеќе од 1 гол. А скоро сите голови ги постигнаа од центар-шут на околу 20 метри или откако крилата ќе им се ослободеа и ќе ја доведеа топката во 16терец. Незнам конкретно кој би ни одговарал за да се подготвиме против Ирциве освен можеби Шкотска. Знам дека само што игравме и со Исланд и со Шкотска, ама мислам дека и двата овие тима знаат добро да не испотат а во меѓувреме во нас да разбудат добра игра.
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.015
Поени од реакции
5.680
Во игра за мај се и БиХ и Ј. Кореја...
Најдобар избор за пријателска би ни биле Словенците...
Прво... поради тоа што беа во група со Словачка, а ја елиминираа на Русија...
Второ... поради тоа што на времето губеа од нас со астрономски разлики, па да видиме дали можеме да ги потсетиме на тоа :)
 
Член од
1 декември 2008
Мислења
1.043
Поени од реакции
182
Ќе биде „офлеле“ ако падне снег со Црна Гора

Македонската фудбалска репрезентација својот меч против Црна Гора ќе го одигра на 3 март, а ново е што вчера ФФМ го објави терминот за почеток на мечот - 14.30 часот

Ова е многу ризичен тајминг со оглед на променливото време во Скопје, каде што и ќе се игра натпреварот, па ако временските прилики бидат слични на завчерашните, кога снежното невреме ја намали видливоста до максимум, дуелот ќе биде само измачување за играчите, но и за гледачите. Мечот би завршил околу 16.30 часот, тоа е период кога може да биде сериозно стемнето на нашата национална арена Филип Втори Македонски.

Оваа одлука е уште почудна зашто Македонија последниот дуел што го одигра во Скопје против Катар во октомври почна во 14 часот, а тогаш беше летно сметање на времето, што значи дека денот беше подолг. Сега се ризикува прекин, зашто освен рефлекторите на врвот од Северната трибина, нема друго осветлување на Филип Втори.
Од друга страна, ФФМ објави дека младите селекции на Македонија и Србија својот дуел ќе го играат истиот ден, во Кавадарци, но од 13 часот.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=212101120139&id=19&prilog=0&setIzdanie=21908

Зошто мораше вака? Работен ден во 14:30 !!! Максимум 2000 гледачи, според мене.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom