Како и што се очекуваше -
Аријан Адеми се пензионира од репрезентативните обврски.
Еден од најдобрите и најтехнички потковани играчи во историјата на македонската фудбалска репрезентација.
Човек што поради неверојатен склоп на ситуации заврши кај нас во репрезентација и човек што реално можеше воопшто да не ни игра репрезентативен фудбал и тоа ќе беше сосема разбирливо (или пак да чека повик за Хрватска)
Иако е фала богу повеќе поврзан со Македонија и не е 100% странец како Лестер Бо Мекејлеб на пример, ако збориме зa "натурализирани" играчи, дефинтиивно Адеми е на исто елитно ниво како и Мекејлеб во мојата книга. Клучен играч за настапот на ЕП. Играч што ако постоеше многу порано сигурен сум дека нашата репрезентација ќе имаше многу подобри играчи. Баш беше тоа што ни требаше.
Изгледа како можеби да планираше повлекување и после ЕП, ама ете, Боби можеби го убедил со лажно ветување дека ќе
се бориме пак за пласман и дека ќе ни треба (што реално требшае да се случи). Плус во меѓувреме ете и имаше чудна авантура со трансфер во Азија, па така очигледно беше дека е време за повлекување од репрезентацијата, а се поизвесно е дека и е при залезот и на фудбалската кариера општо.
Ќе биде добро ако се исполни планот за испраќање негово со уште еден настап, мислам дека заслужи нешто такво со се што направи за репрезентацијата.