Го пишувам овој пост за историски причини.
Накај 2028(или 2029, 2030, а можеби и многу порано) Македонија ќе изеде некој опасен блам од некоја екипа со некој си 5-0 пораз. Најверојатно ќе бидеме во петтиот, а можеби и шестиот шешир.
Некој после тој пораз ќе праша "Каде згрешивме, што утнавме" и ќе може да му се одговори со цитат на овој пост, за да се потсети.
Овој натпревар со Украина е последниот полу-релевантен натпревар што македонската фудбалска репрезентација ќе го има уште долго долго долго време.
Нормално, ќе има по некој мини-блесок во меѓувреме, чисто да ве залаже дека "а бе не сме толку лоши", ама реалноста е дека од вечерва Македонија веќе никогаш нема да биде релевантна на било кој начин и дека доаѓаат најлошите денови што било кога сме ги имале како репрезентација.
Не верувам дека тука има некој хардкор фан на реперзентацијата што секој пораз или лош резултат си го зема премногу на срце, ама ако има таков, би му препорачал уште од вечерва да престане со било каква емоционална поврзаност со оваа репрезентација бидејќи само ќе страда во иднина.
Беше добро додека траеше.
Здравје, ако имаме среќа можеби за 10+ години од сега пак ќе станеме полу-релевантни на некое ниво каде натпреварите би биле барем забавни за гледање. А можеби и за 20+, што некако делува и како пореална опција.
А тогаш кој знае и дали репрезентацијата ќе ја преставува Фудбалската Федерација на Македонија.