Македонска фудбалска репрезентација

Invader

I am not in danger, I am the danger!
Член од
17 ноември 2008
Мислења
18.021
Поени од реакции
22.929
Значи едни Украина, Австрија, Шкотска или Велс ќе игра светско, а една од Италија и Португалија, а можда и двете нема.

Sent from my SM-A217F using Tapatalk
Сами си се криви, што не победија против Ирските :toe:
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.280
Поени од реакции
5.532
Ако ги поминеме двете, може комотно да не пуштат директно во осминафинале, пошто исто е ко да си прошол група.
Не реално нема смисла ова да треба да ги пројдеш последните 2 европски прваци у плеј-оф за светско за да одиш после како послабо рангиран у ждреб за група кај што ќе те чека на мегдан Франција и уште една солидна репрезентација.
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
2.108
Поени од реакции
3.857
Не реално нема смисла ова да треба да ги пројдеш последните 2 европски прваци у плеј-оф за светско за да одиш после како послабо рангиран у ждреб за група кај што ќе те чека на мегдан Франција и уште една солидна репрезентација.
Имавме среќа во квалификациската групава во која се најдовме. Прошлата група за Европско не беше тешка. И јас сакав да паднеме со Велс/Шкотска, ама ништо. Еве нека изиграат добро и нека ги тепаат двете, па да идат на СП. Се бива, нема со бело знаме да се иде кога сме веќе тука.
 
Член од
19 август 2010
Мислења
3.977
Поени од реакции
9.643
Позитивен момент во ваквата ждрепка против ултра фаворити е тоа што немаме што да изгубиме односно можеме да одиграме растеретено каде целиот притисок е на страната на оние кои се веќе посочени како патници во финале, во случајов Италија. Нашиве треба да изиграат за своја душа, растеретено и да уживаат на терен, така и ќе бидат најопасни. Шансите вака гледано се минимални, ама као што кажав нема што да изгубуме може само да добиеме. И за србите ретко кој веруваше дека сред Португалија ќе му се посерат на Роналдо и ќе се визираат за Катар, па ете им успеа, и тоа видовме на кој начин.
 
Член од
12 мај 2014
Мислења
1.138
Поени од реакции
2.669
Не реално нема смисла ова да треба да ги пројдеш последните 2 европски прваци у плеј-оф за светско за да одиш после како послабо рангиран у ждреб за група кај што ќе те чека на мегдан Франција и уште една солидна репрезентација.
Ако ја праиме работава, да ја праиме како што треба :D
Да не речат после пак еее Македонија тогаш преку Косово и Казахстан се пласираа. Вака барем ќе заќутат кога ќе се пласираме.
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.131
Поени од реакции
13.258
Сеа ќе звучам како Џони ама ист таков бев и пред Европското кога цела нација беше у транс како да имаме капацитет за полуфинале.
Ја тепавме Ерменија што ни врати за таа намештаљката од 3-0 коа Столе од раце ги испушташе топките, киксна Романија, за малце пак ќе ја поебевме оваа со Исланд, откако претходно се бламиравме и срамевме на веќе добиени утакмици... и ете завршивме 2ро место у група, историски најдобар пласман и слично и одеднаш класика македонецот се вивнува у облаците и мисли дека станал Бразил.
Како тоа не треба да се мочаш у гаќи од Италија, Португалија, Русила или Шведска, екипи што редовно играат на европски и светски натпреварувања, кои имаат фудбалска историја поголема од нашата држава, кои имаат титули и титули освојувано, кои имаат играчи што редовно играат на врвно ниво и коишто се имаат изнаосвојувано све и свашта, кои знаат што значи да се игра клучен наптревар и да не набројувам понатаму.

Па утакмиците на европското првенство требаше да бидат показател дека сме послаби и од Украина и од Австрија, воопшто не сме се држеле туку фино лепо и рутински не исплескаа.

Послаби сме од сите екипи у баражов, `англичанине` не ги коментирам, тие иако изгледаат слабо вака на име и хартија, ќе не отворат, кој ќе трча со нив.
Едино со Русија и Шведска имаме некакви шанси пошто они играат тврд и копачки фудбал па би можеле да се носиме некако. Иако ќе се паднеме со Русија на Лужники со вештачка трева, наросен со мраз у 6 саат попладне на минус 60 има да не одлепат.

Не летајте дека сме некој убер квалитет, а до пред месец дена го корневте од пцуење Милевски.
Само, ко што кажа Курајберот, некоја таква шанса каде противникот ќе го изеде притисок и ќе нема свој ден па да се протнеме некако на среќа.
Еј извини, дури сегам го гледам ова, ми промакнало. Целта не ми беше да создадам лажна слика и да го преувеличам нашиот квалитет, туку да испратам критика до низата мислења од типот “ќе не напунат сите“, “немаме шанси никакви“, бидејќи ако ние како навивачи од старт сме со таков песимистички став, тогаш на што уствари треба да се надеваме, што очекуваме, кој да верува во тие играчи ако не ние? Претходно исто имав напишано мислење дека не треба да летаме во облаци и моментот на среќа да не си го расипуваме со преголеми очекувања од играчите, едноставно треба да сме приземни и да бидеме поддршка, позитивни мисли, шанса секогаш има. И ние и многу други екипи/репрезентации докажале дека во фудбалот паѓале и многу појјаки од многу послаби, на вакви важни натпревари. Јужна Кореја ти ја победува Италија 2002 на Светско првенство, Сенегал ти ја победува Франција на Светско првенство 2002, на Европско Исланд со Англија, Грција со Португалија 2004, примери мал милиони има, каде што тежината на мечот била и поголема од оваа сега, значи тука имаш и поголема шанса да се надеваш дека некој нема да те сфати сериозно и ќе можеш на изненадување (“спиење“) да го фатиш. И не би рекол дека рутински не исплескале Австрија и Украина, со првиве до 78 минута бевме резултатски егал, вториве минимален пораз со стативите на Ацето, беа доминантни во играта и повеќе шанси имаа, ама тоа е се тактика во фудбал, колку ти држи газот толку ќе нагазиш, резултатот на крај се гледа, освен од Холандија друго плескање не добивме. Пак ќе кажам видливо е подобрување во тактичката поставеност, тогаш бевме распашана команда тотално, има што да влева надеж дури и кога се чоукнавме со Исланд и Романија делувавме подобро од нашето издание на Светското, кое беше бајги лошо. Шансите се минорни, ама ако успееме да издржиме 0:0 после воведните налети и искористиме една од 2-5 контри што ќе се создадат, тогаш се може да биде.
 
Последно уредено:

Knoppix

El Patrón
Член од
16 април 2012
Мислења
723
Поени од реакции
1.908
Без Италија и/ли Португалија на светоско.... Катастрофа.
Жал ми е што се паднаа со нас а уште повќе што една од овие две или двете нема да играат на светско...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom