Македонска фудбалска репрезентација

Член од
17 ноември 2021
Мислења
109
Поени од реакции
201
Ја сум постар од Екс-Ју што прател фудбал и велам дека не може да се каже дека бил еден од најдобрите играчи од среден ред во СФРЈ.
Кој бил боље? Џипунов или Просинечки ?
 
Член од
1 април 2018
Мислења
2.102
Поени од реакции
4.099
Член од
6 мај 2021
Мислења
705
Поени од реакции
1.290
Гледам скоро сите сте пишале ваше мислење со кого е најдобро да играме во баражот и слично, па ајде и јас да пишам нешто. :D
Мислам дека треба да ја почекаме ждрепката и да не правиме калкулации пред време.
Ако зборуваме реално, како и што споменавте голем дел од вас, најголеми шанси имаме со Велс и Шкотска.
Од друга страна пак, ние сме Македонија и се е можно! :D
Во една недела изгубивме од Романија и ја победивме Германија, изигравме нерешено со Ерменија па после ја победивме со 5:0 и сл.
Без разлика дали ќе играме со Велс, Португалија или некоја друга репрезентација, играчите треба да го остават срцето да терен.

Сакав исто да напоменам дека одлуката СП да се игра во зима според мене е глупава одлука, ок е причината која е наведена затоа што во Катар температирите биле многу високи, ама мислам дека во лето е далеку подобро.
 
Член од
22 ноември 2021
Мислења
41
Поени од реакции
63
Па утакмиците на европското првенство требаше да бидат показател дека сме послаби и од Украина и од Австрија, воопшто не сме се држеле туку фино лепо и рутински не исплескaa.

Послаби сме од сите екипи у баражов, `англичанине` не ги коментирам, тие иако изгледаат слабо вака на име и хартија, ќе не отворат, кој ќе трча со нив.
Едино со Русија и Шведска имаме некакви шанси пошто они играат тврд и копачки фудбал па би можеле да се носиме некако. Иако ќе се паднеме со Русија на Лужники со вештачка трева, наросен со мраз у 6 саат попладне на минус 60 има да не одлепат.
U 6 popladne na -60 na Luzhniki ima da ne odlepat vika :pos::pos::pos:
Автоматски споено мислење:

Pa 90 posto od igračive u ruskava reprezentacija igraat za ruski klubovi.. taka da naviknati se momcite da igraat na -5 stepena da rečeme bez nikakov problem.
Автоматски споено мислење:

Ne be... kje ne iscepi Rusija. Ne bi sakal so niv da igrame.
 
Член од
18 декември 2019
Мислења
599
Поени од реакции
1.666
А со кого да играме? :D Шкотска, Велс не. Русија не. Португалија и Италија не. Шведска не.
 
Член од
4 март 2007
Мислења
698
Поени од реакции
137
Јас искрено бев изгубил надежи за бараж најкасно по поразот од Германија во Скопје. Ама....чудо се случи..пак! Не можеме да кажеме дека немавме среќа.
Поправо, бараж не добивме ние, туку бараж изгуби Романија, т.е. Исланд ни дувна нас у грб.

Него да почнеме со ред. Боби Милевски имаше 3 ремија од кои едно му замераме. Прокоцка водство од 2:0 против Исланд. Таков лапсус може да ми се случи мене, или на ојле или на дојле, ама не на човек професионалец со интернационално искуство. Требаше да се дере од линија во второто полувреме ако заборавил на пауза да им каже. Нема опуштањеее! Идеме со исто темпо!!! Не потценувајте екипа!!! 30 год. губиме од слаби репрезентации поради курчење колку сме јаки против слаби екипи.

2 дел:
Изјава за медиуми: Најважнииот и најтешкиот натпревар за нас ќе бил тој на гостувањето во Лихтенштајн. А тој со Германија? Не го ни спомна...дали резултатот бил познат однапред? Не знам за вас ама мене такви работи ме нервираат. Силум не тераат да пуниме гаќи од фудбалски инсекти.(нас не викаат џуџиња) Замисли цела Македонија треба да трепери пред келнери и стражари, да речеме, од Св.Николе. Таква атмосфера се прави...

3 дел:
Текмата со Германија, де-жаву Полска/Австрија. Безволно, со 60% капацитети....
И јас би му пружил рака по утакмица на тренерот/противник, ама да му се насмеам НИКАКО.
Што фалеше, уште да му кимнеше... „Немај гајле завршивме работа! Му оправме усран шупак и на Вернер плус. Сите задоволни, и федерација и народ, медиуми, спонзори. Јака е Германија, мај ес! Не се јавивте пред Дуизбург да ја договориме, да не ве ругаме по цртани филмови пред цела планета...

Ама ај, Македонци сме ние, a не знаеме што значи името Македонија. Замисли Хрватска на клоци ја избрка Англија од еуро 2008 у гости. А овие викаа не смеат да не тепаат Хрватите, нема да ги пуштиме у ЕУ. А ние вртиме шупак на ојлевци и дојлевци.Како викаат Русите, не ве сакаме само ние, цела Европа сака да се договори со вас у бараж.

4 дел:
Ја фативме Ерменија на лева нога, ние изигравме стандартно. Ерменија не беше таа што ја знаевме. Како и да е попија заслужено тоа што си наточиле. Ваљда и они си имаат некои маки, штом им варира формата, желбата. И чудо се случи, Исланд и скина една нога на Романија у гости. Чудо! Е сеа тек је, на поправен, пак се у наши нозе. И фала богу не потфрливме. Исланд ме изненади, поцрвсто одиграа од ерменциве...ама...

Бараж:
Ја лично ги посакувам најтешките, Португалија и Италија. Едно нарачано 0:1 од Полска, Русија или Австрија би било грозно. А ако бидеме без Елмас, не ми се губи од еден Велс, Шкотска или Чешка. Идеме со најаките, најако. Џа или бу, како финале да е у Катар.
А баражот за нас е сепак добар успех. Сепак е светско....

Поправки:
Алиовски:
Што праиме позади? Како да се мотивира да биде работник и у одбрана? Голот од Исланд иде на негова сметка. Еден таков кикс у март, и одма куферите...
(Секоја чест иначи за кулнес напред, пенали и некои шашави голови.)

Трајковски:
Секоја чест човече, за залагање и игра. Ако, шутирај од кај мислиш, ама не претерувај кога не ти е ден. И уште поважно, ако имаш човек у подобра позиција од тебе - додај! За репрезентација се работи, не се коцкај. Работи малце на физика, да бидеш побрз. Може треба да симнеш 2-3 кила.

Елмас:
Знаеме дека си најдобар, ама не дриблај безвезе негде на средина. Поготово ако видиш дека не ти иде. Те гледаат сите, те студираат. И изгубена топка се рачуна, ама у минуси.

Ристовски:
Читам дека у последно време накако не е у форма. Слабо нафрлување од десно, акции општо. Може треба да дели утакмица со Ашковски.

Костадинов:
Го критикувавме сите талентот. Ама и тогаш и сега он е работник, се залага, работи поготово позади напорно. Знае да закочи контра кога треба. Му треба изгледа тој бед бој карактер, да се охрабри и напред нешто. Може Елмас и Барди може да го окуражат малце.
Да се работи на пасови, градење и држење топка напред. Тоа се основни работи, тоа мора да биде прецизно и сигурно.

Сите останати треба да поработат на емоционална стабилизација, со тремата малце. Напнати беа сите на европско, истрошени од возбуда. Мозокот троши бајаги енергија, како искра барут.

Дајте ги Португалија и Италија у пичку матер!
 

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
13.496
Поени од реакции
24.740
Ја сум постар од Екс-Ју што прател фудбал и велам дека не може да се каже дека бил еден од најдобрите играчи од среден ред во СФРЈ.

Кој бил боље? Џипунов или Просинечки ?

Џипун едно време играше во Динамо, така да дека беше талент беше. Анегдота од времето на Дончо во Вардар.... Му се дере Дончо на Џипунов да трча и да покрива повеќе овој мртов ладен му одговара - „Мајсторе мене да ми се трчаше ќе играв во Динамо“. Беше солиден крај јужна у сенката, вршеше работа ама дека бил еден од најдобрите не баш... Еден Вележ го имаше Семир Туце што беше величина за него не пак играчите од големата 4ка...

Просинечки е помал, он експлодира кога Џипунов веќе беше готов... Во тоа време од Македонците може да се каже дека Милко Ѓуровски беше Бог... Пијан и без тренинзи газеше и во Звезда и во Партизан.

Автоматски споено мислење:

Кој се шансите на Македонија против можните противници во баражот?

Португалија - Македонија - 95/5 - спортски е да се надеваме, во суштина не гледам на било која позиција да сме појаки а со овие нема да сме ни помотивирани, плус дома играат

Италија - Македонија - 95/5 - исто ко со Португалија, тешко со овие

Русија - Македонија 90/10 - никад не ни одело со овие, трчаат ко луди, покриваат, плус на нивен терен ептен тешко. Сепак Вардар еднаш одмана ги лупна ЦСКА а фудбалот не им значи до толку и не се баш толку загреани за репката поготово ако играат во Москва. Некако мислам дека ќе сме помотирвирани од нив па можно е чудо.

Шведска - Македонија 80/20 - незнам зашто ама со овие мислам дека веќе имаме некоја спортска надеж... Ако им игра Златан ќе даде се од себе и мислам дека ќе искине у бараж со било кој ама и ние ќе сме на ниво. Не ги гледам ко нешто специјално и може да се надеваме ама дека се појаки реално се.

Шкотска - Македонија 60/40 - со овие веќе имаме шанса. Ќе бидат мотивирани плус дома, ама нивниот фудбал ни лежи. Би сакал со нив да паднеме.

Велс - Македонија 60/40 - исто ко со Шкотска мада овие ми се помалку атрактивни и плус Кардиф е тиња за гостување, порадо би на ексурзија во Глазгов.
 
Последно уредено:
Член од
25 ноември 2021
Мислења
37
Поени од реакции
44
Џипун едно време играше во Динамо, така да дека беше талент беше.
Просинечки е помал, он експлодира кога Џипунов веќе беше готов... Во тоа време од Македонците може да се каже дека Милко Ѓуровски беше Бог... Пијан и без тренинзи газеше и во Звезда и во Партизан.
Просинечки има играно во Реал Мадрид, Барселона и Севиља.

Освен во Динамо... во кои други клубови играл Џипунов?? И кој Динамо? Загреб? Киев? Го нема ни на википедиа Џипунов, не можам да најдам ни биографија и на гугл... од што бил еден од најдобрите играчи во среден ред во бивша Југославија според некои членови тука.
Автоматски споено мислење:

Русија - Македонија 90/10 - никад не ни одело со овие, трчаат ко луди, покриваат, плус на нивен терен ептен тешко. Сепак Вардар еднаш одмана ги лупна ЦСКА а фудбалот не им значи до толку и не се баш толку загреани за репката поготово ако играат во Москва. Некако мислам дека ќе сме помотирвирани од нив па можно е чудо.
мисли си...

... дека не се загреани за репката
 
Последно уредено:

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
13.496
Поени од реакции
24.740
Просинечки има играно во Реал Мадрид, Барселона и Севиља.

Освен во Динамо... во кои други клубови играл Џипунов?? И кој Динамо? Загреб? Киев? Го нема ни на википедиа Џипунов, не можам да најдам ни биографија и на гугл... од што бил еден од најдобрите играчи во среден ред во бивша Југославија според некои членови тука.
Автоматски споено мислење:



мисли си...

... дека не се загреани за репката
Dinamo Zagreb. Vo toa vreme ne mozese da napravis transfer vo stranstvo ako nemas napolneto 26 god. Prosinecki e doktor za fudbal u sporedba so Dzipunov, zborot mi bese deka igraa vo razlicni vreminja. Imase mal preklop koga edniot bese mladinec i rezerva a Dzipun na zalez na karierata. Dzipunov bese soliden ama mrzliv, trcase edno poluvreme, imase dobar prodor i odlicen centrashut. Nalik Prosinceki ama so vojla za igranje edno poluvreme i toa strikno pod senka, so toa sto u prvite 20tina min znaese da napravi haos u bilo koja odbrana, zaedno so Savevski, predhondo Odzakov u sredina i Pancev napred Vardar imase soliden napad. Vtoro poluvreme ne baraj od nego, ne baraj trcanje kon sever, on bese strikno za edno poluvreme i za pod juzna u senka... Deka e apsolutna legenda na Vardar i deka ima znaenje apsolutno, deka znae da izvadi fudaleri da, ama ko so rece beric deka bil eden od najdobrite srednjaci u taa era lol, daleku od toa, duri i vo toj vtor eshalon na ekipini kako Vojvodina, Saraevo, Rjeka, Velez, Vardar i Zeljo imase znacitelno podobri igraci.

Za mal fudbal bese super, pomalku trcanje, pod senka u sala, plus vo izraz doagase negovata tehnika, odlicen dribler i odlicen sut...Imase pekolni prvi 20-25 min i recisi sekogas ili davase ili mestese gol i barem eden dva kartoni imase nad nego. Gi vadese od patiki bekovite...
Автоматски споено мислење:

Просинечки има играно во Реал Мадрид, Барселона и Севиља.

Освен во Динамо... во кои други клубови играл Џипунов?? И кој Динамо? Загреб? Киев? Го нема ни на википедиа Џипунов, не можам да најдам ни биографија и на гугл... од што бил еден од најдобрите играчи во среден ред во бивша Југославија според некои членови тука.
Автоматски споено мислење:



мисли си...

... дека не се загреани за репката

Бев на светското во Русија. Мој општ впечаток е дека хокеј и баскет повише ги интересира. Фудбал они сами не веруваа и не беа загреани буквладно дур не ја пројдоа групата. Тогаш онака се осети разлика, иначе пред тоа со кој и да зборев (а бев во 8 града) речиси сите истото го верглаа дека не се ни квлафикувале и дека ко домакини се дел од турнирот, дека не се бог знае што итн... Не добив престава да им значи и да се загреани. Сосема друг филинг сум доживеувал на други места каде сум бил сеедно дали на гостување или голем турнир, секогаш имало повеќе емоции.. Овие епетен ладни беа, така да си стојам на зборот, не мислам дека толку им значи и дека ќе се помотивирани од нас.
 
Последно уредено:
Член од
22 август 2018
Мислења
196
Поени од реакции
81
Ќе има ли пренос во живо од баражот после?Ако најде некој стрим споделете го.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom