Денес ќе мораме да дадеме гол повеќе од Исланд.
Да, ќе треба топката да влезе во нивната мрежа.
Некој од нашите фудбалери, со помош на неговата нога или глава, најчесто, ќе треба да ја шутне топката и голманот на Исланд да не ја фати. Целта е топката да ја помине гол линијата на нашиот противник, што во овој случај, вечерва, е Исланд.
Мислам дека тренерот треба да им каже да клавет голови, да клавет бар еден гол поќе од Исланд.
Ако Исланд не успее да постигне еден гол, Северна Македонија ќе треба да постигне еден.
Ако Исланд постигне еден гол, Северна Македонија ќе треба да постигне два.
Ако Исланд постигне два гола, Северна Македонија ќе треба да постигне три.
Ако Исланд постигне три гола, Северна Македонија ќе треба да постигне четири.
Ако Исланд постигне четири, Северна Македонија ќе треба да постигне пет.
Ако го претставиме тоа во вид на равенка, каде што бројот на голови постигнати на Исланд ќе го означиме со x, а бројот на голови што треба да ги постигне Северна Македонија е y, y=x+1.