Македонска фудбалска репрезентација

Член од
11 мај 2008
Мислења
3.358
Поени од реакции
7.343
Немој жити се да ми го фали некој Мрме, што го напраи незапамтливиот успех за пласман на ЕП со победите на ултра јаките Грузија и Косово. И таму освои 0 бодови пошто нели бил Фергусон за Боби, а кутриот и после три месеци не може да најде било каков ангажман. Штама.
И убаво пишал Веном, погледнете ја моменталната позиција на Боби, без Адеми и да не збориме што значи повлекувањето на Пандев од репрезентацијата. Човекот е во неблагодарна ситуација да испробува сега други варијанти во меч за бодови, без ниту еден претходно одигран контролен натпревар.
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.138
Поени од реакции
5.258

Реално мислам дека сите го пропуштаат моментот дека Македонија нема лидер на терен, од аспект кај што ќе имаат почит и страв спрема него. Ја мислам дека Адеми е Ибра кај нас у соблекувална фрчат шалтаци за неозбилност. Сега кога го нема пробуваат да надохнадат со его посебно Елмас, премногу се курчи и недисциплинирано знае да изигра со некои финти. Ристовски не е баш човек што може да ја држи цела соблекувална под контрола сам.

Барем една победа со 2 нерешени да извадевме зашто зрел беше таквиот резултат ама јебига, тоа е што е. Сеа треба да соберат газот за против Германија зашто они ќе биднат дојдени за да не отворат поради тој пораз таму.
 
Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.642
Поени од реакции
81.648
Macron ќе ги произведуваат новите дресови на репрезентацијата, најверојатно ќе почнат од 2022... Договорот со ЈАКО е истечен летово, али сеуште ги носиме нивните дресови.
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.138
Поени од реакции
5.258
Macron ќе ги произведуваат новите дресови на репрезентацијата, најверојатно ќе почнат од 2022... Договорот со ЈАКО е истечен летово, али сеуште ги носиме нивните дресови.
Лацио вајбс, ја спукаа со Јако ради резилот што се деси со дресовите за Европско. Мое мислење е дека требаше да направат некако овој циклус да го играат со новите. Баш ме интересира каков дизајн ќе направат со Макрон (на политички план овој не заеба малце, се надевам на спортски името нема да ни е ноќна мора хахаха)
 
Член од
26 јануари 2019
Мислења
3.630
Поени од реакции
5.606
Збориме за истиот оној Мрме што го ровареа низ квалификации? Истиот оној што го пцуеше на европското? Што е крив Боби што Столе голманот ја посра утакмицата со Исланд и што играчите се ужасно слаби на психа пола и повеќе шабански се понашаат на терен во отсуство на Адеми и Пандев. И дај ве молам не трујте со идиотски муабети и гледајте си таму пинг понг , хокеј , балет или друго.
Тие муабети глеј тенис на татко ти да му ги кажеш. Во споредба со Милевски Мрме е доктор. Не знам кај си прочитал да го пцујам Мрме на европско. Истиот тој Мрме што ти овозможи да ја гледаш Македонија во твојот мизерен и патетичен живот.
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.138
Поени од реакции
5.258
Абе под Мрме више почнаа да не читаат како играме, затоа на Европско не убија сите. Мрме не смени ништо во играта. Ама па кога ќе споредиш со Романија таму утакмицата ова е големо разочарување требаше да ги растуриме зашто ништо не играа ни они ни ерменците.

Ај ќе видиме како ќе бидне у следни 2, се надевам подобри ќе сме
 
Член од
7 јули 2010
Мислења
1.695
Поени од реакции
828
Првата со полицајцине лесен тренинг и после го јадеме од Њемачка.Клучни ке бидат последните две со Ерменија и Исланд.

Инаку топ фудбал играме за наши можности, но очигледно е дека немаме напаѓач, а немаме ни просечен напаѓач.Јас на моменталнава постава би го пробал Елмас како лажна 9ка место тажнине напаѓачи и Адеми во средина.
 
Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.010
Поени од реакции
55.284
Човекот е во неблагодарна ситуација да испробува сега други варијанти во меч за бодови, без ниту еден претходно одигран контролен натпревар.
Ова е една од тие работи каде глупи тренери горат и исчезнуваат од мапа.

Кој го тера и кој му рекол дека е исправно сега да испробува други варијанти, во меч(еви) за бодови, без ниту еден претходно одигран контролен натпревар?
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.138
Поени од реакции
5.258
Првата со полицајцине лесен тренинг и после го јадеме од Њемачка.Клучни ке бидат последните две со Ерменија и Исланд.

Инаку топ фудбал играме за наши можности, но очигледно е дека немаме напаѓач, а немаме ни просечен напаѓач.Јас на моменталнава постава би го пробал Елмас како лажна 9ка место тажнине напаѓачи и Адеми во средина.
Плот твист како сме тргнале со нерешениве, изиграме 0-0 со Германија :icon_lol:
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Сега најдобро се гледа колкаво е значењето на Горан Пандев за репрезентацијата. И како најквалитетен играч и како капитен и мотиватор. Едноставно со и без него на теренот не сме истата репрезентација. Сега немаме лидер кој би создал таква поврзаност и мотивација каква што владееше во тимот пред Европското.

Тоа дека не сме квалитетни и дека се преценуваме не смее да биде оправдување во една ваква група. Веројатно сме во најлесната група и до сега загубивме премногу бодови. Една Ерменија на која и се случи распад систем овие септемвриски квалификации е уште втора. Оваа Романија не е ни 20 посто силна како нивната златна генерација. До сега едноставно моравме да бидеме во ситуација сами да си ја кроиме судбината а не да правиме калкулации кој ќе киксне и дали ќе киксне.

За Милевски рано е да се дава целосна оцена. Јас секогаш сум тврдел дека секој нов селектор или тренер на екипа треба да биде оставен некое време на мир за да го подготви тимот и да ја наметне неговата визија. За сега само ќе кажам дека почетокот не е многу ветувачки. Посебно ме разочара со последната прес конференција со арогантноста. Ако ова се трите најдобри мечеви на Македонија до сега, ич да не гледаме фудбал веќе. Колку да немаме историја на успеси, сме имале повремени блесоци и оваа изјава е непочитување за многу поранешни селектори. Посебно не е во ситуација да кажува вакво нешто после 6 изгубени бодови. Но, секако не е доцна да увиди некои свои грешки и да се поправи. За почеток, веќе да не го видам Јаховиќ во репрезентацијата, да не се форсираат неискусни играчи како Чурлинов и да ги батали антиталентите како Костадинов. Не е време за експерименти во веќе започнати квалификации во кои се уште сме во игра за бараж.
 
Член од
11 мај 2008
Мислења
3.358
Поени од реакции
7.343
Ова е една од тие работи каде глупи тренери горат и исчезнуваат од мапа.

Кој го тера и кој му рекол дека е исправно сега да испробува други варијанти, во меч(еви) за бодови, без ниту еден претходно одигран контролен натпревар?
А како да не испробува кога му фали Адеми и веќе го нема Пандев?! Никој не го тера, туку едноставно човекот е приморан. А сите знаеме дека ние неаме соодветни замени за нив двајца и Македонија е послаба за 50 % од составот, што беше на ЕП.
Тие муабети глеј тенис на татко ти да му ги кажеш. Во споредба со Милевски Мрме е доктор. Не знам кај си прочитал да го пцујам Мрме на европско. Истиот тој Мрме што ти овозможи да ја гледаш Македонија во твојот мизерен и патетичен живот.
Бре стварно треба да си доктор да ја однесеш Македонија на ЕП преку Гибралтар, Лихтенштајн и остала боранија. Нема што...
 
Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.010
Поени од реакции
55.284
А како да не испробува кога му фали Адеми и веќе го нема Пандев?! Никој не го тера, туку едноставно човекот е приморан. А сите знаеме дека ние неаме соодветни замени за нив двајца и Македонија е послаба за 50 % од составот, што беше на ЕП.
Адеми има отсуствувано и кај Мрме па не памтам дека било тоа некој сериозен проблем. Се корегирало со Николов и Спировски у тандем.
Пандев е проблем, тоа е точно и не постои играч што може да го замени, не верувам ни дека ќе се појави некој таков у блиска иднина.

Што сакам да кажам. Боби нема потреба да трипа и испробува други варијанти во ваков збиен распоред каде бодовите се од преголемо значење со оглед на тоа што игравме со послаби екипи од нас.

Не ги глеав утакмиците, ама од тоа што читав, како тоа е приморан од нигде никаде да игра со Костадинов 3 утакмици по ред, со тој Милан Ристовски, кој кур го приморал да го враќа големиот Јаховиќ и тој Ашковски кој кур и да е.
Само Адеми и Пандев ги немаше од прошлите собири и Николов на првите две утакмици.
 
Член од
4 јануари 2006
Мислења
160
Поени од реакции
109
А добро кој треба да игра на местото на Костадинов? Дајте подобра опција, не само напамет да се коментира и критикува.
Очигледно дечкото е физички спремен, игра стандардно во својата екипа (макар била и Ружемберок) и башка вчера одигра според мене повеќе од солидно, дури имаше и неколку добри долги топки напред.
Не велам дека е тоа тоа, ама немаме подобро.

Генреално на овие 3 средби одигравме добро се до завршницата од акциите каде како што повеќето рековте фали некој како Пандев или пак некој поквалитетен гол играч. Секако дека опциите како Јахович и М.Ристовски не се добри, ама имаме ли подобри?

Резултатите од првите 3 утакмици на Милевски не се добри, ама играта не е толку лоша како што ја правите. Со Мрме подобро ли игравме? Ве лажат резултатите од лигата на нации каде игравме само со боси репрезентации и каде реално неколку натпревари ги добивме на среќа, а не дека игравме нешто многу добро.

Не знам зошто си мислите дека со едно европско на кое отидовме по многу полесен пат сега треба да бидеме фаворити и да газиме се пред себе.
 
Член од
26 јануари 2019
Мислења
3.630
Поени од реакции
5.606
А како да не испробува кога му фали Адеми и веќе го нема Пандев?! Никој не го тера, туку едноставно човекот е приморан. А сите знаеме дека ние неаме соодветни замени за нив двајца и Македонија е послаба за 50 % од составот, што беше на ЕП.

Бре стварно треба да си доктор да ја однесеш Македонија на ЕП преку Гибралтар, Лихтенштајн и остала боранија. Нема што...
Да пошто ние сме веле сила со години во фудбалот па под чест ни е што сме се така пласирале во европско. И сега го имаме тренериштето Боби Милевски на клупа. Како некој се осмелува Мрме да го стави над него. Стварно не знам.
 
Член од
17 јануари 2019
Мислења
3.313
Поени од реакции
7.448
Да пошто ние сме веле сила со години во фудбалот па под чест ни е што сме се така пласирале во европско. И сега го имаме тренериштето Боби Милевски на клупа. Како некој се осмелува Мрме да го стави над него. Стварно не знам.
Добро бе па и ти не умарај Бобсон од младите направи репрезентација, ја плескавме и Франција и за прв пат во историјата преку групи се пласиравме на Европско без разлика што е младинско...

И Бобсон и Мрмињо за Македонски стандарди се одлични тренери...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom