Презаслужено, и со Косово и денес со овие планинциве, во прво полувреме имав некои сумњи, ама во второ веќе знаев дека сигурно тераме накај победа, се гледаше разликава во квалитет, далку подобри индивидуалци, техничари, по голот 99% беше готова работата, немаа никаква игра во второ полувреме грузииците.
Огромен, огромен успех, пласман на европско во фудбал, невиден успех, настрана форматот како се стигаше дотаму, ова веќе е рамно на кошаркарските успеси од 2011-та, ако направиме некаква сензација и минеме група, тоа веќе ќе биде ненадминливо!!
Се погоди во ова време, многу потешко е еуфорија да се направи без собори, веројатно и догодина еурото ќе биде без публика или со минимален капацитет на стадиони, но како и да е, да си во најдобрите на Европа во фудбал, од колку репрезентации има 60-тина, ние сме во 24-те најдобри!