Бутел си ја тераат работата,одлично работи Котевски,обезбедија и во европски натпреварувања да играат следна сезона.
Добри играчи имаат обезбедено,норамлно за наши услови,Печенковски е солиден плеј,Младеновски и Спасовски карпи во одбрана,на десен бек некој странец договорија ако не се лажам,солидна екипа се мислам дека според квалитет се подобри од Пелистер моментално.
Ќе видиме како ќе се снајдат со странски екипи.
Инаку од други екипи,еве Металург успеа да го заржи Танкоски што мислам дека не е добар потег за играчот,ќе треба да игра во Суперлига само се до Јануари кога ќе биде светското,дефинитивно најдобар играч е во лигава нормално ако не ги бориме овие од Вардар.
Ќе видиме летово што ќе направат со Серафимов ако остане ќе им биде од доста корист,го договорија и Чантурија на крило,тука е Шилегов исто,Попович крилото од Пелистер исто доаѓа,според мене одличен играч незнам како залута во нашава лига да игра мислам дека има квалитет за многу повеќе.
Горе-доле солидна екипа склопи Металург,може и уште некое засилување ќе има,незнам како се со финансии,очекувам да завршат први во регуларниот дел.
Пелистер спијат уште ни засилувања ни тренер ништо немаат,или можеби не објавуваат па се на еднаш да кажат после.
Им фалат доста играчи Кобетич,Маџовски,Попович,Петров заминаа.
Слабо се со ростер на пикер само вечниот Димитриовски го имаат,крилата ништо Димитриовски и Стоилевски незнам колку можат само на нив да се ослонат,од бековска линија само Дрогишки,Табаге и Станојевич ги имаат.
Незнам што мислат да прават ама времето ги гази веќе ќе,а треба на сите позиции барем по 1 играч да земат,ако планираат да се борат за Европа следна година.
Останатите екипи се тука некаде Пролет стандард,млади играчи главно од школата никој не ги знае ама функционираат некако,Андоновски како лидер им е тука го имаат и Мартин Манасков па на останати позиции крпат некако,чудо е како овие секоја година се во топ 4.
Радовиш слаби се со финансии ги продолжија договорите на неколку играчи ама немаат капацитет за нешто повеќе ќе бркаат плеј оф,ама не верувам дека ќе обезбедат.
Охрид со нов тренер сега,играчи уште немаат договорено но најверојатно ќе бидат некои просеци за суперлига,успех за нив ќе биде ако фатат плеј оф.
Струга има интересна екипа,ќе видиме Мојсо дали ќе донесе нешто,или пак како лани ќе бидат на средина на табела.
Штета само што многу градови немаат никаков клуб,ама тоа е нема финансии,скоро сите се од буџет на општината.
Срамота е Прилеп и Борец да немаат екипи,знаеме каква традиција имаат,плус салите се полни кога играат,има убава атмосфера ама тоа е што е.