Македонска ракометна суперлига

  • Креатор на темата Xsago
  • Време на започнување

Кои 4 екипи ќе влезат во завршната фаза од првенството?


  • Вкупно гласачи
    22
  • Гласањето е завршено на .
Член од
19 август 2010
Мислења
3.529
Поени од реакции
8.000
Еурофарм Работник продолжува да работи сериозно.
Официјално, нов голман им е Никола Митревски. Одлично засилување, ме зачуди што се враќа во Македонија.
Па се најавува јак проект, презентирано му е се на маса, ќе игра Сеха, можни настапи во ЛШ во иднина, плус кешарица добра. Па на крај коа ќе видиш и не е така лошо a:)
 

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.070
Поени од реакции
22.103
ke bide MNOGU smesno ako mihajlo za vtor mkd prestavnik vo seha go pokani osvojuvacot na kupot. do sega nema beknato za smena na timovite od mkd dodeka veke se zbori za metaloplastika od srbija na primer
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
1.839
Поени од реакции
3.292
Браво за Еурофарм, но никако не можам да се помирам со изборите на Митревски. Од секогаш сум сметал дека има далеку поголем капацитет како голман. Далеку од тоа дека би можел да биде на нивото на Штербик, Омејер, Ландин, Волф итн. и да игра за некои од топ тимовите во Европа, ама апсолутно можел и може да заигра за некој Бундеслигаш. Можеби не најквалитетните 5-6 тимови, но за тимови како Вецлар, Ханофер, Бергишер, Гепинген, Штутгарт и ним слични. А, не дека немал понуди, баш напротив, имал. Кога еден Борко можеше да направи онаква кариера, не гледам зошто не би можел Митревски? Се ебава цел живот по Македонија, Португалија и Романија. :toe:
Па и не му било дадено некаква си шанса. Прв пат го препознав по квалитет кога играше против Швајцарија во квалификациски меч и бранеше супер. После тоа против Барселона со Металург изигра феноменално. Бајаги потценет е. Дури некако сега му даваат повеќе шанса во репрезентација.
Ама добро подобро во Еурофарм, отколку во некој си романски клуб.
Тоа исто како со Несторовски и Трајковски во Палермо. Шуќур го турнаа клубот заради превари, па конечно ќе се тргнат од тој тим и ќе заиграат барем во Серија А. Нека и Џенова или било кој друг тим, пак подобро во Серија А отколку Серија Б.
 
Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.698
Поени од реакции
5.589
Бутел си ја тераат работата,одлично работи Котевски,обезбедија и во европски натпреварувања да играат следна сезона.
Добри играчи имаат обезбедено,норамлно за наши услови,Печенковски е солиден плеј,Младеновски и Спасовски карпи во одбрана,на десен бек некој странец договорија ако не се лажам,солидна екипа се мислам дека според квалитет се подобри од Пелистер моментално.
Ќе видиме како ќе се снајдат со странски екипи.

Инаку од други екипи,еве Металург успеа да го заржи Танкоски што мислам дека не е добар потег за играчот,ќе треба да игра во Суперлига само се до Јануари кога ќе биде светското,дефинитивно најдобар играч е во лигава нормално ако не ги бориме овие од Вардар.
Ќе видиме летово што ќе направат со Серафимов ако остане ќе им биде од доста корист,го договорија и Чантурија на крило,тука е Шилегов исто,Попович крилото од Пелистер исто доаѓа,според мене одличен играч незнам како залута во нашава лига да игра мислам дека има квалитет за многу повеќе.
Горе-доле солидна екипа склопи Металург,може и уште некое засилување ќе има,незнам како се со финансии,очекувам да завршат први во регуларниот дел.

Пелистер спијат уште ни засилувања ни тренер ништо немаат,или можеби не објавуваат па се на еднаш да кажат после.
Им фалат доста играчи Кобетич,Маџовски,Попович,Петров заминаа.
Слабо се со ростер на пикер само вечниот Димитриовски го имаат,крилата ништо Димитриовски и Стоилевски незнам колку можат само на нив да се ослонат,од бековска линија само Дрогишки,Табаге и Станојевич ги имаат.
Незнам што мислат да прават ама времето ги гази веќе ќе,а треба на сите позиции барем по 1 играч да земат,ако планираат да се борат за Европа следна година.

Останатите екипи се тука некаде Пролет стандард,млади играчи главно од школата никој не ги знае ама функционираат некако,Андоновски како лидер им е тука го имаат и Мартин Манасков па на останати позиции крпат некако,чудо е како овие секоја година се во топ 4.
Радовиш слаби се со финансии ги продолжија договорите на неколку играчи ама немаат капацитет за нешто повеќе ќе бркаат плеј оф,ама не верувам дека ќе обезбедат.
Охрид со нов тренер сега,играчи уште немаат договорено но најверојатно ќе бидат некои просеци за суперлига,успех за нив ќе биде ако фатат плеј оф.
Струга има интересна екипа,ќе видиме Мојсо дали ќе донесе нешто,или пак како лани ќе бидат на средина на табела.

Штета само што многу градови немаат никаков клуб,ама тоа е нема финансии,скоро сите се од буџет на општината.
Срамота е Прилеп и Борец да немаат екипи,знаеме каква традиција имаат,плус салите се полни кога играат,има убава атмосфера ама тоа е што е.
 
Член од
19 август 2010
Мислења
3.529
Поени од реакции
8.000
http://24rakomet.mk/официјално-марин-вегар-потпиша-за-еур/

Работник го потпишале оној Марин Вегар, го памтам како ракометар на Нексе, а доаѓа од Стеауа. Кога играше за Неске против Вардар редовно се напалуваше и ни рокаше по 5-6 гола од бековска позиција. Добар потег на "фармацевтиве".
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.124
Поени од реакции
18.110
Тамам за во дербито со Cocks во групата :ROFLMAO:
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.709
Поени од реакции
15.580
Член од
12 март 2009
Мислења
19.709
Поени од реакции
15.580
Македонија е трета ракометна сила во Европа

Ние имаме 115 поени со што сме само зад Франција и Германија или тоа во случајов ни гарантира едно место во ЛШ и три во Европска ракометна лига (ЕХФ Купот се преименува).
не пратев, каква е конечната табела ??кој е 3-от представник, Пелистер или Бутел ??
а ако се фузираат Пелистер и Работник, тогаш и Бутел влага во ЕХФ ??
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
не пратев, каква е конечната табела ??кој е 3-от представник, Пелистер или Бутел ??
а ако се фузираат Пелистер и Работник, тогаш и Бутел влага во ЕХФ ??
Таа табела нема никаква врска со оваа сезона. Ранкинг според кој иницијално се делат места по европските купови за федерациите. Оваа ќе важи за 2020-2021 натпреварувањата.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.029
Нели од оваа сезона требаше и претставниците во Сеха да играат паралелно во дпмашното првенство? Мислев дека со таа цел ја поделија Сеха на две групи, за да има помалку натпревари.
 
Член од
4 март 2017
Мислења
2.033
Поени од реакции
5.477
Нели од оваа сезона требаше и претставниците во Сеха да играат паралелно во дпмашното првенство? Мислев дека со таа цел ја поделија Сеха на две групи, за да има помалку натпревари.
Се одложи за наредната.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom