Македонска ракометна репрезентација - (жени)

Член од
11 август 2017
Мислења
499
Поени од реакции
442
Јована беше на претходните 3-4 собири мислам?
 
Член од
4 март 2017
Мислења
2.223
Поени од реакции
6.300

Добар трансфер, време е да се проба во посилна лига. Гичевска е според мене играч од женската репрезентација која има најголем напредок во последниве две години.
 
Последно уредено:
Член од
30 мај 2019
Мислења
2.043
Поени од реакции
3.766
Норвежанките, како што и мислев, ќе дојдат со изменет (ослабен) состав. Би било пријатно изненадување доколку ги добиеме макар еден разлика. А и сакам! :D Норвешка е една од трите репрезентации во Европа против кого немаме победа (Холандија - две реми, еден пораз негде 2001 и Унгарија се другите две... не сум сигурен за Словачка) во женски ракомет (не сме играле со Летонија, Естонија, Грузија, Босна, Косово, Израел, Кипар, Белгија, ама и небитно затоа што истите би ги мачкале на леб. Савевски еднаш ја водеше Македонија против Норвешка на Марит Бревик пред 15 години (кога Вале беше во тимот).
 
Член од
18 декември 2019
Мислења
599
Поени од реакции
1.666
Норвежанките, како што и мислев, ќе дојдат со изменет (ослабен) состав. Би било пријатно изненадување доколку ги добиеме макар еден разлика. А и сакам! :D Норвешка е една од трите репрезентации во Европа против кого немаме победа (Холандија - две реми, еден пораз негде 2001 и Унгарија се другите две... не сум сигурен за Словачка) во женски ракомет (не сме играле со Летонија, Естонија, Грузија, Босна, Косово, Израел, Кипар, Белгија, ама и небитно затоа што истите би ги мачкале на леб. Савевски еднаш ја водеше Македонија против Норвешка на Марит Бревик пред 15 години (кога Вале беше во тимот).
Скандинавците се поопасни кога ротираат него кога се комплетни :icon_mrgr:
Шала на страна, ќе биде интересно да се види каква е разликата меѓу нас и нив. Напредокот беше очигледен против Словенија и Црна Гора, но овие се уште едно ниво погоре.
Не верувам дека можеме да ги тепаме, лично би бил задоволен доколку резултатски сме во игра после 45-50 минути, а победа би билa сензација.
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.896
Поени од реакции
16.139
во нормални околности разликата помеѓу нас и норвешка уште е 20 разлика. ма да ова ехф еуро купот не е некое мерило, па може на домашен терен нешто плус да покажеме.

иначе супер што ќе организираме еп сениорки на крај од година и сп кадетки на лето, штета што сѐ на се во државата имаме две ипол сали во функција.
 
Член од
24 август 2021
Мислења
93
Поени од реакции
255
Кипријановска беше повикана на некои од последните собири, а колку доби шанса не се сеќавам. Се очекува да биде долгорочно решение за десен бек на репрезентацијата, така што со овој трансфер баш ќе има прилика да се развива. Оди во клубот во кој Гичевска многу напредуваше. Одличен трансфер и за неа. Романското првенство се' повеќе се развива и од година во година се' повеќе пари се вложуваат. Се надевам ќе добива добра минутажа + ќе ја има Штериова во тимот да и пренесе искуство и сл.

Ова е тоа што е потребно, што е можно порано да бегаат од нашата лига, па макар тоа било во втора француска лига, како Гичевска и сега Кипријановска. Пред некое време читав интервју со Гичевска, кажуваше дека имаат по 2 транинзи дневно од понеделник до петок, сабота пауза, недела меч. Во втора француска лига...

Следни кои мора што порано да заминат од помладиве кои ми фатија око дека се добри, Јанкуловска и Миновска. И Џатевска, но таа мислам малку помала е, има фора. Штета што се повреди Јанкуловска со Словенија, за 10ина минути неколку гола им даде, многу добар играч очекувам да биде.

За составот на Норвешка утре, не идат ѕвездите, односно првата постава. Другите што се повеќе години дел од репрезентацијата и пак си имаат минутажи и до по 15-20 минути на натпревар кога ротираат на првенствата и сепак имаат значајна улога за медалите - ќе бидат во составот. А за дебитантите може да бидеме сигурни дека нема да им фали физичка подготвеност, вклопеност во системот и мотивација да искористат момент за да се наметнат за во иднина.

Така што се согласувам со коментарот погоре дека победа би била сензација, а и јас би била задоволна доколку 45-50 минути се држиме.

Се гледа дека се почнува да се работи, тоа е тоа што ме радува. Јасно е дека преку ноќ не може да се очекуваат големи резултати, за се' треба време. Прочитав во јуни ќе одат на медитерански игри ако се одржуваат, а и во случај да нема, очекувам тој период да го искористат за подготовки.
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
2.043
Поени од реакции
3.766
Штета што не водиме во првово полувреме и толку зицери пропуштивме (таа краветината нивна толку топки фати, а не е некој голман :eek:). Супер за играва досега, само во одбрана мора многу поцврсто со нив. Кратки фаули и да ги остават да шутираат од 9 метри и да бидат принудувани да грешат и брзо да играат. Стално сум го тупел ова, ама Норвешка едно исто игра напад-одбрана во женски ракомет веќе 15-тина години. Немаат некои класични бек шутери како Тоње Ларсен или Гро Хамерсенг порано. Можат девојките, нека запнат во второ, па макар и да ги искршат овие. :cool:
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.160
Поени од реакции
10.111
Ништо не изиграа нашите. Едино голманката што фати некоја топка.

Еден од тие бекови да знае да шутне квалитетно добро ќе беше.

Од 9м да дадеме гол е научна фантастика, мора некоја соло акција од 6 метри да шутнат, а и тогаш е прашање дали ќе дадат. Едно 10 шута од 6 метри беа директ во голманот.
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
2.043
Поени од реакции
3.766
Штета, овие беа печени да паднат во Скопје. Ваква прилика имавме дури во 2000, само што тогаш Кастратовиќ не играше на ЕП дека беше трудна. :D

Ништо не изиграа нашите. Едино голманката што фати некоја топка.
Не би рекол ништо. Во одбрана во второ игравме супер во поголем дел од мечот. Изгледа Савевски го прочита овој нивниот со неговата една те иста игра, само што во напад игравме лошо во второ... а можевме да го свртиме мечот. Норвешка 9 минути гол немаше дадено, а ако не се лажам имаше само 3 дадени по 14-15 минути игра во второ. Фалеше малку креативност и можеби подобра физичка спремност (извадија душа последниве 10-тина минути).
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.160
Поени од реакции
10.111
Штета, овие беа печени да паднат во Скопје. Ваква прилика имавме дури во 2000, само што тогаш Кастратовиќ не играше на ЕП дека беше трудна. :D


Не би рекол ништо. Во одбрана во второ игравме супер во поголем дел од мечот. Изгледа Савевски го прочита овој нивниот со неговата една те иста игра, само што во напад игравме лошо во второ... а можевме да го свртиме мечот. Норвешка 9 минути гол немаше дадено, а ако не се лажам имаше само 3 дадени по 14-15 минути игра во второ. Фалеше малку креативност и можеби подобра физичка спремност (извадија душа последниве 10-тина минути).
Напад немаме никаков, само подавања една на друга и индивидуални пробивања.
Само со одбрана не се добива утакмица.
 
Член од
2 август 2017
Мислења
274
Поени од реакции
406
Не знам што му е филмот на Цевак, последните 3 утакмици ги игра без леворак бек. Денеска Јована Кипријановска ја пушти дури во 56 минута, а Андреа Седлоска вообичаено ја игнорира и не и дава воопшто шанса. Џабе го малтретира девојчето. Дефинитивно Леонида Гичевска го шармирала ептен цевакот, инаку друга логика не гледам што и дава толку многу минути.
 
Член од
24 август 2021
Мислења
93
Поени од реакции
255
Испадна како што рековме, се држевме до некаде 45 мин и тоа потоа паднавме. Иако реков дека ќе е добро да се држиме 45 минути, сепак не сум задоволна ако се види какви аматерски грешки прават поединци на моменти... тоа е страшно.

Стојковска и Гичевска премногу потфрлија, премногу. Да изиграа како против Црна Гора и Словенија ќе беше тесен крајниот резултат. Не направија ништо освен што грешеа и ја гушеа играта. Не знам дали беа преимпресионирани дека ќе играат против Норвешка..

Наши најдобри играчи дефинитивно се Ристовска, Мицевска и Штериова. Тие се единствени што имаат физичка подготвеност и професионалност каква што потребна за големи натпреварувања. Иако и Саздовска не беше лоша синоќа, но не е константна на секој натпревар.
За Сара воопшто немаше акција во второ полувреме.. Штериова се гледа дека уште не е скроз фит после повредата, а и во репрезентацијата нема играно подолго време. Иако се виде на моменти нејзиниот квалитет кога искористуваше простор и влегуваше на 6м.

Но дури и кога ќе влезе во форма, за да го даде нејзиниот максимум за репрезентацијата како што го прави во клубот, треба да има играчи кои ќе можат да ја следат нејзината игра. Не е класичен бек шутер (иако знае да шутне и од 9м, но претежно кога има чиста позиција), повеќе е тимски играч, некој што искористува простор и влегува на 6м, соработува со пикер (кој ќе знае да и поднаправи простор и што ќе се позиционира да прими топка во последен момент во случај да ја затворат двајца и пикерот да остане сам). Исто доста брка работа за другите бекови правејќи им простор за влез и шут. Нешто што бековите не го искористија, туку упорно ја враќаа топката. Јанеска е среден бек, ама Стојковска и Гичевска барем на претходните натпревари шутираа од 9м, сега не се ни сеќавам дали воопшто се обидоа.. А Кипријановска во 5 мин на двапати искористи. За голот го искористи просторот што Ш и го направи навлекувајќи повеќе играчи на неа, а после го искористи и блокот за да шутне од 9м, за жал и го одбранија ударот. Сигурна сум дека и Јанкуловска ќе искористеше. Штериова има многу што да даде, ама дали ќе има со кој да го изигра тоа што го знае е прашањето..

Како најголем проблем што ќе и биде на репрезентацијата и што ќе ја гуши и лимитира за да расте во иднина се позициите пикер и десен бек. Пикерот е премногу важен и во одбрана и во напад и голем дел од играта на бековите зависи од него. Машката репрезентација е среќна што го имаше Столе долги години. Дабевска и Ѓеорѓиевска (иако повредена сега, се сеќавам колку грешки изнаправи со Романија) го немаат потребното ниво, а Џатевска и Кипријановска се многу млади моментално да го понесат товарот на поголем дел од мечот на нивните позиции. Додека стасаат како играчи, ќе поминат неколку години.

За убаво претставување на европското дома требаше порано да се почне со промени, пред 2-3 години, сега малку е доцна.
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
2.043
Поени од реакции
3.766
Супер прво полувреме, иако голманкиве наши фатија само една топка. Можеше и да биде многу поубедливо во наша корист. При 6-8 имавме толку шанси и контри и зицери, можеше да биде 5-6 разлика. Нека не паѓаат како во Скопје, нека продолжат нашиве да играат добро во напад и да создаваат вака шанси, а голманкиве ред е да фатат некоја топка.
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
2.043
Поени од реакции
3.766
Добра игра, резултат како во најдобрите времиња кога се носевме со најјаките екипи (дури и бевме во игра при 29-26). И тоа е плус. Девојките играат се подобро (поготово на гости) и подобро. Мислам дека најслаба партија им беше таа првата против Црна Гора дома. Некој погоре напиша дека девојките веројатно ќе играат на Медитеранските игри и тоа е голем плус за нив (а и за машките исто). Битно е многу и физички да се спремни за ЕП. Ако бидат, мислам дека на технички план добро ќе се подготвени.


Е сега гледам дека не ставиле во трет шешир. :icon_lol: Од каде ова не знам (дека домаќини?), ама изгледа исто како и Словачка кај мажите на прошлото ЕП. Од втор шешир можеме да играме или со Полска или со Шведска. Во четвртиот шешир се Шпанија, Романија, Србија и Швајцарија. А од првиот тука се Норвешка, Франција, Данска и Холандија.
Идеален ждреб би бил Холандија, Полска, МАКЕДОНИЈА и Швајцарија.
Веројатно за сигурен пласман во наредна рунда ни треба Швајцарија во група, затоа што се објективно послаба екипа. Мислам дека и Полска е идеален противник со тоа што профитираше на сметка на Русија да заврши прва во група и да биде втор шешир. Тешко двете да паднат, а зошто да не. :cool: Еве барем една нека падне, мислам дека ќе имаат девојките шанса да влезат во втората фаза.
 
Член од
24 август 2021
Мислења
93
Поени од реакции
255
Има значајно подобрување во играта споредено со натпреварите против Романија лани ова време. Се гледа дека воведуваат некој систем на игра, имаат некои спремни акции и слично, што е за поздрав. Иако на вторава утакмица како да го гледаа чудно тренерот на тајмаутите. Но нормално потребно е време за сето тоа да се вклопи. Поготово што во репрезентацијата има 3 различни генерации на ракометарки од кои голем дел досега воопшто не играле заедно (пред се' поискусните кои сега се враќаат и помладите од 18-20 години). Со тек на време ќе се уиграат и ќе се намалат техничките грешки. А голем дел од нив се прават и поради физичка неспремност. Ако сакаме добро претставување на првенството мора секоја од нив да работи на физичката подготвеност секој ден. На првенствата се игра преку еден ден, значи 3те натпревари од групната фаза ќе треба да ги одиграат во 6 дена!

Се надевам на малку среќа, па да ни падне бар еден од Полска и Швајцарија. Али ако не се подобрат кондиционо, и тоа ќе биде џабе. Унгарија повторно фаворизирана од ЕХФ, освен домаќините, и тие си имаат загарантирана група каде ќе бидат блиску до дома.

И ајде нека им ги сменат и нив веќе тие гостински дресови и нека им ги вратат жолтите како на мажите. Би било добро пред европското да се направи нова гарнитура на дресови и опрема.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom