Македонска кошаркарска лига - Сезона 2012/13

Кој ќе биде шампион во сезоната 2012/13?

  • МЗТ Скопје

    Гласови: 90 49,7%
  • Фени Индустри

    Гласови: 9 5,0%
  • Работнички

    Гласови: 20 11,0%
  • Лирија

    Гласови: 2 1,1%
  • Кожув

    Гласови: 8 4,4%
  • Куманово

    Гласови: 24 13,3%
  • Торус

    Гласови: 1 0,6%
  • Вардар

    Гласови: 4 2,2%
  • Струмица

    Гласови: 11 6,1%
  • Пелистер

    Гласови: 12 6,6%

  • Вкупно гласачи
    181
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
Ако Гоце Делчев го гледал светот како културен натпревар меѓу народите. Рамковните го гледаат светот како боксерски натпревар, каде што ако нивните не победат се друго треба да се убие.

ПОВТОРНО ХОРОР ВО САРАЈ
Навивачите на Лирија со шишиња и столчиња гаѓале кон судиите, кои потоа биле држени како заложници!
Судиската тројка, во која бил и најдобриот македонски судија во последните неколку години, Александар Милојевиќ, што ја делела правдата на неодамнешниот меч помеѓу Лирија и Кожув во Сарај минала низ вистинска голгота по последниот звук на сирената на средбата, која завршила со победа на гостите од Гевгелија, пишува денешен „Македонски спорт“.
Фото: Архива
Откако го означиле крајот на натпреварот, на сметка на Милојевиќ и на неговите колеги, Алија Феревски и Антонио Теофиловски, наводно биле упатени погрдни зборови и вербални закани како и неколку искршени столчиња и пластични шишиња кои биле полни со вода. За среќа, судиите излегле неповредени од оваа канонада на тврди предмети упатена кон нив од страна на домашните навивачи, кои наводно биле разочарани од нивното судење, кое, според нив, било на штета на Лирија.
Откако некако успеале да влезат во соблекувалната, според весникот, судиите подолг период биле држени како заложници од страна на најупорните навивачи на екипата од Сарај, кои на официјалните лица, меѓу кои бил и делегатот на натпреварот, не им дозволувале да ја напуштат салата „Дитурија“. Дури по повеќе од половина час, по интервенција на полицијата, судиите и делегатот успеале да ја напуштат салата и со придружба на припадниците на Министерството за внатрешни работи (МВР) да си заминат од жешкиот терен во Сарај.
Фото: Архива
Како што неофицијално дознаваме, судиите сите свои проблеми му ги пренеле на делегатот на средбата од кого побарале сето тоа да биде пренесено во официјалниот записник од натпреварот. Ако тоа е направено така, тогаш следен на потег ќе биде комесарот Владимир Макревски, кој ќе треба да го казни тимот на Лирија, чии навивачи им приредиле вистински хорор на официјалните лица по завчерашниот дуел против Кожув.
Ова е само уште еден од низата инциденти што изминативе две сезони се случуваат во Сарај. Токму на претходниот меч на Лирија против тимот од Гевгелија во рамките на Првата лига дојдоа поплаки од официјалните претставници на Кожув за вистинска хорор-ситуација за време и по завршувањето на средбата, а во минатото првенство со вистинска канонада од тврди предмети беа „почестени“ кошаркарите и стручниот штаб на Куманово. Згора на тоа, неспортското и националистичко навивање се редовен декор на средбите во Сарај, но засега сето ова минува со минимални парични казни од страна на луѓето во Македонската кошаркарска федерација (МКФ) задолжени за оваа проблематика.
 

Drettica

Graxhanin of Severstan
Член од
24 ноември 2008
Мислења
12.625
Поени од реакции
14.931
6000 денари казна.
 
Член од
12 мај 2009
Мислења
105
Поени од реакции
91
Ништо ново од МКФ
Парична казна за Лирија: гаѓањето судии со столчиња и шишиња кај нас чини само 35.000 денари!
Само 35.000 денари изнесува казната за кошаркарскиот прволигаш Лирија за инцидентите што се случиле по минатонеделниот меч против Кожув на жешкиот терен во Сарај, на кој со канонада од тврди предмети биле нападнати официјалните лица и гостинските кошаркари од страна на домашните навивачи, кои во еден момент дури и се обиделе да влезат на теренот за физички да се пресметаат со нив.
Фото: Архива на МКД.МК
Според извештајот на делегатот на оваа средба, „при самиот крај на четвртата четвртина биле фрлени пластични шишиња и други предмети, а по самото завршување на натпреварот биле фрлани тврди предмети како запалки и делови од скршени столови кон записничката маса каде што се наоѓаа судиите, делегатот и гостинските играчи. Потоа, неодговорна група гледачи скокнала на теренот и сакала да се упати кон записничката маса со пцости и заканувачки пораки кон судиите, но тие биле спречени со брза интервенција на полицијата“.
Но колку сето ова и да звучи страшно и апсолутно непотребно на спортските борилишта, комесарот за натпреварување, сепак, не се решава да го суспендира теренот во Сарај, туку по којзнае кој пат ѝ изрекува само парична казна за управата на Лирија. За фрлањето тврди предмети казната е 20.000 денари, за влегувањето на неслужбени лица на теренот скопјани ќе треба да платат 10.000 денари додека неспортското и навредливо навивање „чини“ само 5.000 денари.
Фото: Архива на МКД.МК
Останува нејасно зошто нема никаква казна за држењето во заложништво на официјалните лица, кои, според неодамнешните пишувања на „Македонски спорт“, речиси еден час по натпреварот не можеле да ја напуштат соблекувалната во салата во Сарај, за да на крајот дома да си заминат со асистенција на полицијата. Ако ваквиот проблем не бил запишан во официјалниот извештај по средбата тогаш тоа е пропуст на делегатот, но ако тоа било заведено според пропустите, тогаш станува збор за превид на комесарот, нормално ако се покажат како точни пишувањата на спортскиот дневен лист.
Екипата на Лирија утре е домаќин на кошаркарите на Работнички во исклучително значаен натпревар за двете екипи во обидот да се стигне до годинешниот кошаркарски плејоф. Со оглед на благата казнена политика на Македонската кошаркарска федерација (МКФ) искажана преку Пропозициите за натпреварување кои ги усвојува Управниот одбор (УО) на Куќата на кошарката, на гостите од салата „Градски парк“ и на официјалните лица делегирани за утрешната средба им останува да се надеваат дека навивачите во Сарај повеќе ќе немаат скршени столови за да фрлаат по нив. Исто така, тие ќе треба да се надеваат дека редарите во салата „Дитурија“ совесно ќе ја извршат своите задача и нема да дозволат внесување пластични шишиња на трибините, но и дека ќе го спречат евентуалното влегување на највоинствените навивачи на теренот.
Во спротивно, избраниците на тренерот Емил Рајковиќ ќе мора да научат како да избегнуваат тврди предмети на патот кон соблекувалната, а можеби и да се молат да загубат на крајот само за да „спасат живи глави“ какво што беше сведочењето на службениот претставник на Кожув за МКД.МК по нивното прво гостување во Сарај во рамки од средбите во Првата лига.
--- надополнето: 24 април 2013 во 00:13 ---
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.589
Поени од реакции
69.874
Ауууу каков меч во Гевгелија.
Кожуф-МЗТ 83-80 после едно продолжение, откако во последните секунди во регуларниот дел Пековиќ погоди за просдолжение.
Миајловиќ го реши мечот со низа клучни асистенции, и со 9 поени.
Цело време Миајловиќ и Пековиќ на иста акција ги фаќаа гостите.
Голем проблем за МЗТ настана по повредата на Гечевски. Ќе видиме колку ќе отсуствува, тоа може да биде голем хендикеп за МЗТ...
 

НЕНАСИТЕН!!!

СУМ ПО ТЕБЕ
Член од
8 мај 2012
Мислења
263
Поени од реакции
157
Не за џабе ја пуштија утакмицава у кладилница :facepalm:
Ваква незаинтересираност и неангажираност у живот не сум видел.
Бакич :гомце:
Тоа е се што имам да кажам...
 
Член од
8 декември 2009
Мислења
2.706
Поени од реакции
2.181
Заслужена победа на Кожув, честитки до фановите. :)

Инаку Кире ако се земе за репрезентација ќе биде понижување за сите преостанати македонски центри, па дури и за Кире лигата. :)
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.970
Поени од реакции
5.565
Заслужена победа на Кожув, честитки до фановите. :)

Инаку Кире ако се земе за репрезентација ќе биде понижување за сите преостанати македонски центри, па дури и за Кире лигата. :)
Не би било лошо да го пробаат на ниско крило... и така немаме играчи за тaa позиција, а и стилот на игра му е таков :)
 
Член од
8 декември 2009
Мислења
2.706
Поени од реакции
2.181
Не би било лошо да го пробаат на ниско крило... и така немаме играчи за тaa позиција, а и стилот на игра му е таков :)
Премногу е очаен во одбрана за да го играат на таа позиција, има маста да му ја вадат секој напад.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom