Македонска кошаркарска лига - Сезона 2012/13

Кој ќе биде шампион во сезоната 2012/13?

  • МЗТ Скопје

    Гласови: 90 49,7%
  • Фени Индустри

    Гласови: 9 5,0%
  • Работнички

    Гласови: 20 11,0%
  • Лирија

    Гласови: 2 1,1%
  • Кожув

    Гласови: 8 4,4%
  • Куманово

    Гласови: 24 13,3%
  • Торус

    Гласови: 1 0,6%
  • Вардар

    Гласови: 4 2,2%
  • Струмица

    Гласови: 11 6,1%
  • Пелистер

    Гласови: 12 6,6%

  • Вкупно гласачи
    181
Статус
Затворена за нови мислења.

НЕНАСИТЕН!!!

СУМ ПО ТЕБЕ
Член од
8 мај 2012
Мислења
263
Поени од реакции
157
Дојде Август. Некои екипи почнаа да се засилуваат, некои сеуште се тивки, но се очекува и од тие да почнат да се објавуваат Информации. Засега МЗТ Скопје е најактивен, со тоа што приремите на МЗТ ќе почнат порано од другите поради АБА лигата. Фени засега тивки, според нивниот портпарол наскоро ќе има прес конференција каде ќе се објават играчи, тренер итн. Според најновите информации Работнички ќе прави квалитетен состав, со Шишковски како претседател на клубот. Лирија веќе почна да се засилува и станува еден од посериозните тимови во лигата, кога станува збор битката за Плеј оф. Веќе го потпишаа Хаџибулиќ и најавуваат дека ќе играат во БИБЛ. Тука се и Куманово, кои како и во последниве неколку години би требало да се наоѓаат на погорниот дел од табелата. Сеуште нема ништо официјално, но се очекува да создадат квалитетен состав. Тука се и Кожув кои веќе се засилија со три играчи и се очекува да бидат во борба за Супер лигата. Милениум се спои со останатите кошаркарски клубови од Струмица, во КК Струмица. Најавите се дека ќе направат квалитетна екипа и ќе бидат сериозен противник. Според некои информации веќе ги имаат потпишано Богоев и Караколев, што значи дека ако се точни информациите КК Струмица и те како ќе биде конкурентна екипа. За КК Вардар нема многу информации, се очекува да се земат некои играчи од младинскиот состав и да направат мешана екипа од искусни и млади играчи кои ќе се надеваат на опстанок. Пелистер за сега се со истиот состав од ланската сезона, па затоа се едни од конкурентите за испаѓање. Ситуација со Торус е многу чудна, ама се збори дека ќе играат со младински состав и ги ставаат како сигурно испадната екипа.

Според тоа што се случуваше до сега ова лето, и според најавите од клубовите, ова е моја прогноза како ќе се одвива оваа сезона. За шампион го типувам МЗТ Скопје. Иако сум фан на МЗТ, сепак на работите гледам од кошаркарска страна, а не од симпатизерска. МЗТ само се засили од ланскиот состав и со најавите дека ќе се земе центар поквалитетен од Тодор Гечевски неможам да посочам кон друг клуб. Во Плеј оф искрено неможам да типувам кој друг ќе влезе, затоа што има многу екипи кои добро се засилуваат и најавуваат квалитетни состави и добар пласман. Тука се Фени, Лирија, Работнички, Куманово, Кожув, Струмица. Би требало овие екипи да ги пополнат првите седум места. За испаѓање би требало да се борат Вардар, Пелистер и Торус, со што сите ги имаат отпишано Торус и ги сметаат за веќе испаднати.

Сево ова е мое мислење базирано од тоа како се одвиваат работите и како одат најавите од клубовите. Сепак има уште време до старт на лигата, па се може да се смени.
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Не разбирам како Торус е за испаѓање.Кај им отишол целиот лански тим ? Да не го сменеа тренерот лани ќе беа во финале али си сменија добар тренер со трупот Србиновски.

Лигава наша сепак може и да стане интересна посебно ако и Кожуф,Куманово и Струмица направат силни екипи па пак да има меѓу градски дербија али во секој случај МЗТ најверојатно ќе биде шампион посебно со новиве засилувања освен ако неко тим не направи чудо.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.664
Поени од реакции
70.796
Не разбирам како Торус е за испаѓање.Кај им отишол целиот лански тим ? Да не го сменеа тренерот лани ќе беа во финале али си сменија добар тренер со трупот Србиновски.
Сите играчи им отидоа, спонзорот се откажува, не верувам ни дека ќе ја истераат сезоната.
Се шпекулира дека газдите на Торус ќе бисдат дел од новиот спонзорски тим на Работнички.
Ќе видиме каков тим ќе состави Работнички.

Торус сигурно испаѓа, вториот патник ќе се бара меѓу Вардар и Пелистер...
Пелистер има тапа тим, Вардар игра со младинците кои се шампиони три години по ред. Ако останат некои поискусни играчи како Кралевски, Тасевски и Штерјов ондак Пелистер со ваков состав нема што да бара.
Куманово конечно ќе има добар тим, нешто што градот го заслужува. Солидни тимови имаат и Фени, Лирија и Кожуф.
Според мене МЗТ неприкословен ќе биде годинава, нема шанси да го победи некој...
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Владо ако отвори школа за кошаркари во Струмица како што рече дека ќе направи откако ќе се пензионира може и да пркне малку работава во кошарката во Македонија.
 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
Без разлика што од мал сум фан на Работнички , Мзт ќе биде шампион, Мзт ги задржи клучните играчи плус донесе и екстра засилување вклучувајки го Американецот кој само заради глупости правење не отиде на драфт, инаку од стратегиски аспект гледано со тоа од кога Аеродром почна да го финансира клубот пркна , а и во следната година Мзт ќе има уште поголем буџет, а тренерот на Мзт ми се допаѓа дечково има вкус за избор на играчи, мое мислење е дека освен што Мзт ќе биде шампион на Македонија ќе биде и меѓу првите 6 екипи во Аба лигата, во секој случај одличен менаџмент и стручен штаб има Мзт се надеавам дека и другите екипи ке го следат нивниот пример.
 

LeoMessi10

Lionel Andress Messi
Член од
12 април 2008
Мислења
2.316
Поени од реакции
268
Младинците од торус отидоа во МЗТ,се споија..
Сериозен си или?Иначе мислам дека МЗТ ќе освои пак,зошто реално ако гледаме тимовите на другите екипи не се нешо подобри од лани(некои и се доста ослабени),а МЗТ напраи доста подобар тим од тој шо освои титула предходнава сезона.Се надевам дека барем уше 2-3 екипи ќе напраат супер тимови за да гледаме интересни утакмици.
 
Член од
12 октомври 2011
Мислења
1.942
Поени од реакции
711
Сериозен си или?Иначе мислам дека МЗТ ќе освои пак,зошто реално ако гледаме тимовите на другите екипи не се нешо подобри од лани(некои и се доста ослабени),а МЗТ напраи доста подобар тим од тој шо освои титула предходнава сезона.Се надевам дека барем уше 2-3 екипи ќе напраат супер тимови за да гледаме интересни утакмици.
Да.

Но незнам за овие прва лига,само знам за младинците.

И,МЗТ зима...
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Да.

Но незнам за овие прва лига,само знам за младинците.

И,МЗТ зима...

Требале да го земат МЗТ Трајковски и тој црнецот од Торус високиот што имаше по 20 скока по натпревар.

Од Гечевски треба под итно да се ослободат или да го направат нешто како тренер додека Чеховски уште една година добар би бил.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.664
Поени од реакции
70.796
Ланското дуо на Вардар од првата полусезона Штерјов и Радуловиќ отишле во Кожуф. И дефинитивно со Пелистер ќе водиме долгабитка за опстанок :D
 
Член од
5 август 2008
Мислења
558
Поени од реакции
180
Кои екипи од втората лига влегоа во прва?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom