Македонска берза

Член од
17 октомври 2017
Мислења
855
Поени од реакции
1.471
Баш си ја лупав главата од каде тоа МПТ почна да фрла пари на акционерите, па дели дивиденди и врши откуп, а она...од кредити. Фирмата се задолжила со накнадни 20М евра и вкупниот долг, по подледниот ревидиран, им е некои 2,5 МИЛИЈАРДИ денари. Со каматните стапки од цирка 5,5-6% тоа се некои 135М ден финансиски расход за оваа година.

Кредитор КМБ. Фино им се погодија нискиве камати на нашиве директори. Со евтин долг можат да си ја дигнат цената на акцијата и да си докупат уште некоја година мир у куќа.

Како тргнало ќе излезе целово МК стопанство работи за банките!
 

ceasar

надеж, страв и алчност
Член од
2 април 2009
Мислења
1.133
Поени од реакции
574
За тие што имаат време (студенти или невработени) и имаат нерви Стил е одлична за почеток да се учат на тргување (ако имаат такви аспирации). Пр. по оваа цена моментална на светските берзи на челикот би требало акцијата да е околу 155-160 ден, споредено историски како се движела корелацијата на макстил со цената на челик. Денес се тргуваше и за 143 ден, некои 15 ден од акција ви е принос од 10% ( и повеќе) оваа акција- доколку деновиве отиде на 160 ден, исто така е доста ликвидна па лесно можете да ја купуте/продадете.. Исто така ниската апсолутна вреднос на акцијата (150 ден пример) е психолошка цена кога некој сака да купи повеќе цената одма рипа многу нагоре. Не е се во овој бизнис да купиш и да чекаш Нато, Трамп, Путин да ја завршат работата. Треба да се научиш да бидеш трговец да знаеш кога да купиш, а кога да продадеш.
Ајде баш да видиме дали моето пророштво :) ќе се оствари деновиве[DOUBLEPOST=1528724801][/DOUBLEPOST]
Баш си ја лупав главата од каде тоа МПТ почна да фрла пари на акционерите, па дели дивиденди и врши откуп, а она...од кредити. Фирмата се задолжила со накнадни 20М евра и вкупниот долг, по подледниот ревидиран, им е некои 2,5 МИЛИЈАРДИ денари. Со каматните стапки од цирка 5,5-6% тоа се некои 135М ден финансиски расход за оваа година.

Кредитор КМБ. Фино им се погодија нискиве камати на нашиве директори. Со евтин долг можат да си ја дигнат цената на акцијата и да си докупат уште некоја година мир у куќа.

Како тргнало ќе излезе целово МК стопанство работи за банките!
Би додал тука нешто: Мислам дека полека менаџерите ја научија лекцијата, се сменија времињата мора да фрлат некоја коска и до обичните акционери. Рецептот е тој, инвеститорите сакаат дивиденда и сакаат да видат раст на профит во билансите. Тогаш ги ценат тие акции и нивната вредност расте (тука и ниските каматни стапки за штедење помагаат) Слично како и Гранит иако 2017та им е послаба од 2016та износот за дивиденда им е скоро идентичен. Првиот квартал во 2018та на Макпетрол им е исто така доста добар, скоро дупло поголем профит споредено со првиот квартал во 2017та (84% поточно) Бидејќи во вториот квартал и цената на нафтата на светските берзи дополнително порасна, лично очекувам исто така добар и втор квартал кај нив.
 
Последно уредено:
Член од
16 август 2017
Мислења
412
Поени од реакции
1.067
Дечко не сме на стадион . . . .
Ова е берза . . . се се враќа све се плаќа . . .
Очекувајте КОРЕКЦИЈА, можеби од утре, ако продолжи зеленилото уште некоја недела корекцијата ќе биде пожестока, па може да се вратиме во 2008 година . . . Цела среќа што депозитите се со 0 камата, тогаш беа со 10% камата . . . .
А кога форумов стана место за инаетење и забава . . . . И кога разни дувниветриња се битни експерти, а портфолио не откриле и играат на берза со пар илјади евра, а гласни се како милиони да вртат . . . . време е за пензија . . .
п.с.
Уживајте уште малку во зелена еуфорија . . . Да направите МНОГУ пари . . .
но внимавајте . . .
Се враќам наскоро . . . во корекција . . .
Изгледа почна корекција !!!
Понекогаш уживам кога е црвено . . .
Уживам кога гледам како паника се вовлекува кај оние кои купуваат СТИЛ и слични акции . . .
Кире нешто си ми тивок денес ??? Не функционираш на црвено ???
Колку ќе стигне СТИЛ ??? 100 денари или 80 ??? Што сега ???
Гледај Заев да му се јави на Ципрас, нека распродаде се џабе . . . Само уставот ни вети дека нема да го пипка :) . . . . Инаку изгоре брат :) .
Ама ако го изгубил бројот на Ципрас си наебал брат :) . . .

p.s.
Ова СТИЛ ми е метафора за глупави акции има и други РЖ, Кули . . .
Гранит и Бетон растеа 15% а имаме пад на нискоградба 3х% и лоши квартални биланси . . . .
Многу нелогичности, време е за паника !!![DOUBLEPOST=1528725148][/DOUBLEPOST]@caesar за разлика од тебе кој го препорачуваш СТИЛ гледајќи на графчиња, типов е директор во Макстил и очекува КРИЗА . . . Јас поглупава логика за цената на СТИЛ од твојата не сум чул . . .
Само изгледа товари и Ти и сега треба да бутнеш :) .

https://www.novamakedonija.com.mk/ekonomija/кризата-со-челикот-ќе-ја-блокира-целат/
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: MSE

ceasar

надеж, страв и алчност
Член од
2 април 2009
Мислења
1.133
Поени од реакции
574
Изгледа почна корекција !!!
.
Многу нелогичности, време е за паника !!![DOUBLEPOST=1528725148][/DOUBLEPOST]@caesar за разлика од тебе кој го препорачуваш СТИЛ гледајќи на графчиња, типов е директор во Макстил и очекува КРИЗА . . . Јас поглупава логика за цената на СТИЛ од твојата не сум чул . . .
Само изгледа товари и Ти и сега треба да бутнеш :) .

https://www.novamakedonija.com.mk/ekonomija/кризата-со-челикот-ќе-ја-блокира-целат/
Обожаваш да ми ги извртуваш тезите 007, го читав уште сабајле, интересно нова македонија секој втор ден пишува за челикот и за тоа дека само што не пропаднале. Сакаат помош од владата, да не кажам дека бараат да одат на баци рака кај З.З. Не се научени да работат нашиве компании без државната цицка е тоа е проблемот. За се и за добро и за лошо им е на сите крив Бранко, Грујо, Заев.
Имаш чартови на нет спореди ја цената на челикот со акцијата на Макстил види како се движеле во последните 7,8, 10 години па ќе видиш каква корелација имаат. Вака ти си тој што тропа глупости 70-80 ден акцијата беше кога цената на челикот беше дупло помала од денеска.
 
Член од
18 јули 2009
Мислења
6.765
Поени од реакции
6.555
Bosko 007 тука сум следам :)
Знам дека падна Макстил -4 % , таа е таква акција кога е зелено све оди +5 кога е црвено -5 ..
Заев му се јави на Ципрас утре ке биде последниот и ке биде соопштено 99 % на јавноста дека е постигнат конечен договор ..
Не се плашам од Макстил , кога ке фати зелениот бран ке си ќарам на нив :)(тоа од весникот што си постирал убаво од твоја страна како инфо , но мене не ми значи ништо )
Еден ден имало корекција ништо страшно , од утре или задутре ке видиш МБИ како ке пука зелено ..
Се читаме пак тука сме не бегаме , но нема потреба од паника на берзава сега , доаѓаат убави времиња за сите и за цела Македонија :)
 
Член од
10 мај 2009
Мислења
827
Поени од реакции
541
Заев: Се надевам на договор утре
https://www.slobodnaevropa.mk/a/29283912.html

знаејки го нашиот менталитет мби лесно ке рипне.[DOUBLEPOST=1528746348][/DOUBLEPOST]update
Коѕијас: Го направивме решителниот чекор, Грција ќе даде зелено светло за ЕУ и НАТО
http://www.libertas.mk/kozijas-go-napravivme-reshitelniot-chekor-grtsija-ke-dade-zeleno-svetlo-za-eu-i-nato/
 
Последно уредено:
Член од
17 мај 2018
Мислења
27
Поени од реакции
29
Neam stil i nikogas ne mi bila favorit akcija, no taka mislev i pred 10 godini i koga fati euforijata toj i slicnite najmnogu porasnaa. Na ovaa akcija ne moze da i se odredi vrednosta. Na ovaa cena vredi 35 mil evra ili pomalku od toa kolku sto e investirano u stil poslednive 10 godini za ekologija prosiruvanje na proizvodstvo itn. Skroz e nevazno kolku e cenata na berza na metalite nadvor itn bid vo bilansot kar i realen prihod nema da vidime bidejki profitot ostanuva vo duferko. Taka ke ostane dur ne se najde nekoj od vlada da gi stegne ili se smeni sopstvenik. Nekoi spekuliraa deka realno vredel 300 pa i 500 mil evra (ili racunato po akcija x10 od sea) spored kapacitetite itn no toa vredi ako nekoj go kupuva ili ako prikazuva realna dobivka i ja deli, a bidejki nema nesto takvo, ova e tinja koja moze da ja izigraat na euforija jako bez nekoja osnova. Samo da ne ti ostane koa ke fati slednata kriza...
 
Член од
18 јули 2009
Мислења
6.765
Поени од реакции
6.555
После овие соопштенија од Заев и Коцијас веќе јасно е дека 99 % утре ке биде конечниот договор ..
Јави се Bosko , ке ја видиш корекцијата ама за 1 месец кога ке отиде МБИ 5.000 :)
Време е за славење на берзава , со среќа сите што купија (y)
Нато доаѓаме :oeoeoe:
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.785
Поени од реакции
5.060
После овие соопштенија од Заев и Коцијас веќе јасно е дека 99 % утре ке биде конечниот договор ..
Јави се Bosko , ке ја видиш корекцијата ама за 1 месец кога ке отиде МБИ 5.000 :)
Време е за славење на берзава , со среќа сите што купија (y)
Нато доаѓаме :oeoeoe:
Само некој да заборавиш да шитнеш кога ќе фати глобална криза и се издува балонот...да не биде 2008ма пак и се џабе.
А може и целава работа да се сведе на бај д румер сел д факт.
 
Член од
18 јули 2009
Мислења
6.765
Поени од реакции
6.555
Само некој да заборавиш да шитнеш кога ќе фати глобална криза и се издува балонот...да не биде 2008ма пак и се џабе.
А може и целава работа да се сведе, бај д румер сел д факт.
Во право си , 2008 беше за памет , ке си продадам на време !
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.151
Поени од реакции
8.946
Заев потенцираше дека штом ќе се потпише договорот веднаш ќе преминат на решавање на проблемот со двојното оданочување помеѓу двете држави.

Сепак мислам дека поради тоа што ќе има референдум "славјето" ќе се одложи за есен.
 
Член од
16 август 2017
Мислења
412
Поени од реакции
1.067
Ајде Ултраси само напред, храбро со полни гради !!!
Нато ве чека, но . . .
Чека и бато Боле да ви ги утрапи акции и да ве спакува за НАТО !!!
Ветувам дека над 3500 почнувам со продажба, до 4000 се ќе продадам, а Вие уживајте после со ќарот од 1000 индексни поени (до 5000 поени). . . Ама извадете пари, зошто само со навивање ништо не правите ...
Добивате Гратис крстена вода да не ожеднете по пат !!!
Ама доста со пароли дајте некој куповен налог за да турнете малку :) !!!

Утре е убаво црвено -0,8% прогноза, генералка пред НАТО.

p.s.
Целата добивка на СТИЛ за овие 20+ години работа во МКД, без загуби (тие да се игнорираат) . . . Да се собере на куп и да се подели како дивиденда, имателите на акции нема да добијат по 40 денари !!!! А ТНБ и КМБ само за оваа година се на p/e=5 . . . . Вреди СТИЛ гарант . . . немој да се мислите. Во 2007 беше 850+ денари, а Минчо докупуваше на 420 денари тогаш . . .
Гарант е добар бизнис, само што не се гледа во ФИ . . .
А тие што ќе купат нека пријават in/out трансакција за да им се поклониме . . .
Слободно да извозите и да заработите . . . Баш ќе се радувам за вас . . .
Но едно да знаете мора да најдете некои поглупи од Вас за да им ги истоварите зошто СТИЛ нема да дава дивиденда следни 5 години сигурно, а и после нема да дава но не гарантирам :) ...

@ceasar STIL сега го препорачуваш зошто Топлификација ја погоди, па сега репутација да надградиш . . . . или само да се најдеш во муабет . . . . Напиши со бројки еден параметар зошто СТИЛ е ефтин и зошто би требало да се купи и како стигате до таа вредност ???
Околу фондовите добро што не ги пратиш и недај боже да си вложил пари во 2008 година. . . и затоа не знаеш дека ИЛИРИКА ЈИЕ за 10 години постоење е во загуба -40% кумулативно, а не да е во добивка 16% годишно . . . . годишен принос од 15% е одличен во светски рамки . . .
Бидејќи јас извртувам тези и сум личел на бате Геле скокни ме и не ми пишувај во инбокс повеќе да бараш мислење додека Топлификација не ти стигне х5 . . . Не вредат мислења од слични како бато Геле . . . Прашај си у партија они повеќе знаат. И знај јас све што работам на МСЕ работам транспарентно . . . пред некој ден продавав акции (СТБ е едната, купував стан да не скокнат пред влез во НАТО :D :D ) . . . .
 
Последно уредено:
  • Ми се допаѓа
Reactions: MSE
Член од
31 август 2017
Мислења
263
Поени од реакции
187
Cheto-oprez,gas maski na glava -sledi ili katapultiranje vo vselena ili ukopuvanje 2 metara pod zemja :)
Sledi 2-3 dnevna mini korekcija -posle....e posle ni nasive politicari neznaat mada dvete scenarija pred godina dve se napisani. Po se izgleda ke bide prvoto :)
 

ceasar

надеж, страв и алчност
Член од
2 април 2009
Мислења
1.133
Поени од реакции
574
@bosko007 Најпрвин искрени честитки и со среќа да си живееш во станот, на што ќе се грееш ако не е тајна :D ?

Околу Стил, она е меѓу омилените на сите брокери затоа што е ликвидна и брзо иде нагоре и надоле. Како што пишав доколку имаш пристап секојдневно да ги следиш налозите, дали преку платформата или да висиш секој ден во брокерска куќа (да немаш друга работа) многу лесно можеш да дојдеш до оние 15% (што ги сакаш годишно) на месечно па дури и на недела две. Не мора акцијата да отиде од 150 на 300 за да дуплираш влог :) Пр, купуваш на 130 продаваш на 155, 145 купуваш продаваш на 165..., стално има продажни налози и од залутани инвеститори од 2008, кога ќе видат дека паѓа акцијата одма спуштаат цена. Овие што дремат таму тоа го гледаат и користат да купат ефтино па препродаваат за две недели...

Јас со ова НЕ се занимавам затоа и напишав за студенти и невработени да учат тргување, дека тука од 150 до 160 не е само 10 денари него 6,66% ,кога има еуфорија овие што се "ценкаат" доста добиваат со тоа што качуваат по некој денар повеќе. Јас сум во потрага по компанија која сметам дека има одични изгледи за неколку години да направи добри пари, кога ќе ја најдам и ќе купам, ќе пишам и тука.
Поентата ми беше не е се во политика, дека треба да се научи и кога да се влезе, а кога да се излезе (макар и со загуба) дека трговијата е занает што се учи (не се правам јас мастер дека сум, и јас учам секојдневно)

Освен за ТПЛФ имам и за Гранит пишувано, и таа е за неколку недели во +15%, ја препорачував и Макпетрол, која денес е +30% за помалку од два месеца (не можам да барам постари постови сега) се сеќавам ми врати дека индустријата ни ја оставаш на нас, ти на банки на сигурно ќе играш.
Имам и за Телеком пишувано, која тие што ја имаа ако ја продадоа и со парите овој период да инвестираа во овие компании ќе беа во ќар, а за неколку месеци пак ќе можат да се вратат во Телеком и тоа по пониска цена (ако толку сакаат да се враќаат во Телеком)

П.С. Ако купиш на 145 ден а продадеш на 165 за месец-два, што ќе ти е дивиденда, и што ќе ти значат параметрите, билансите?

П.С.С. Се надевам не си премногу "увреѓен" за Бате Геле па кладбата за ТПЛФ останува, како што стојат сега работите јас сум тој што ќе плаќа. Имам фора од неколку години може ќе се сменат работите, а ако ништо друго да подсоберам некој денар ;)
 
Последно уредено:
Член од
9 мај 2017
Мислења
352
Поени од реакции
635
Последен повик до сите патници на летот МБИ10 со превозникот МАКЕДОНСКА БЕРЗА, полетуваме точно во 10:00 часот :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom