Македонска берза

Член од
30 март 2018
Мислења
1.459
Поени од реакции
1.886
Многу порелевантни би биле постовите доколку секој член на форумот би напишал колку има години, со што се занимава, колку пари има вложено на берзата, како ги стекнал и колкав му е досегашниот поврат на вложувањето. Колку следам, досега тоа само еден член го има направено, а делува дека токму поради таа транспарентност и има најголем кредибилитет.
 
Член од
9 мај 2017
Мислења
352
Поени од реакции
635

Брис од нос, не заборавај!
 
ceasar

надеж, страв и алчност
Член од
2 април 2009
Мислења
1.133
Поени од реакции
574
Многу порелевантни би биле постовите доколку секој член на форумот би напишал колку има години, со што се занимава, колку пари има вложено на берзата, како ги стекнал и колкав му е досегашниот поврат на вложувањето. Колку следам, досега тоа само еден член го има направено, а делува дека токму поради таа транспарентност и има најголем кредибилитет.
Зини да ти кажам работава, ова е форум или исповедилница ?:)
 
Член од
17 јули 2017
Мислења
11
Поени од реакции
23
Јас ретко пишувам, ама би го прифатил предизвикот за транспарентност.
Имам 35г и мал сопствен бизнис. Почнав да вложувам на берза во 2012та, вкупниот влог ми е 15к евра.
моментално имам:
акција; влезна цена;
TNB; 4400
GRNT; 500
OHB; 4800
PKB; 12500

сум имал:
акција; влезна цена; излезна цена
ALK; 4100; 5500
TEL; 500; 550 (земав 2-3 дивиденди ~50ден/акција)
GRNT; 400; 600
TTK; 800; 900

Поздрав
 
Член од
31 август 2017
Мислења
263
Поени од реакции
187
Ne e relevantno.....bidejki na vlogot od 2005-2008 koj bese kako dolgorocen investitor prihodot e vo prosek 12-15 % godisno ......dodeka pak so nov vlog od 15% od iznosot na stariot so koj igram zarabotiv mnogu poveke za pokratko vremepratejki trendovi I spekulacii ......taka da nema univerzalno pravilo Ili so eden zbor site onie sto bea pred 2008ma imaat realni prinosi prosecno....a po 2009 /10 enormno visoki, stb 168/916.....ppiv 10000/43000, Kb 1890/4800 itd ......na sevo ova bi dodal I deka zavisi I od budzetot sto go imas za igra ....dal se 5000-50000-500000eur......procentualno so najmalku vlog imas najveke profit......osven ako imas 5-10 millionI eur pa ti gi diktiras cenite I akciite( e togas imas kolku sakas) :)
 
Член од
25 август 2016
Мислења
438
Поени од реакции
318
Многу порелевантни би биле постовите доколку секој член на форумот би напишал колку има години, со што се занимава, колку пари има вложено на берзата, како ги стекнал и колкав му е досегашниот поврат на вложувањето. Колку следам, досега тоа само еден член го има направено, а делува дека токму поради таа транспарентност и има најголем кредибилитет.
mozebi ne si procital se nanazad... a cudno e kako nadavno ti bese prozvan da go napravis toa i kategoricno odbi da go napravis. a sega predlagas drugi da go otvorat svoeto portfolio.
 
Член од
19 септември 2011
Мислења
7
Поени од реакции
6
Поздрав до сите,

33 год. високо образование - економија , приватен бизнис - угостителство
150 KMB купени на 2160
толку

штета за луѓето со повеќе кеш, што не го следат форумов.
 
MSE

Член од
13 мај 2017
Мислења
261
Поени од реакции
332
Дај боже да е вистина, само боде во очи што е пуштена (дез)информацијата преку пријателот на Заев.
Да не испадне, ете Грците беа категорични да нема воопшто Македонија, ама ние избоксувавме Горнамакедониџа - Народ во Горнамакедониџа - Јазик во Горнамакедониџа - Црква во -//-
интернет код - kajgana.gdza :icon_mrgr:

П.С Прометов т`нко некако...се научивме по 5 или 8 милиони, па сега 35 изгледа како wow..
 
Член од
16 август 2017
Мислења
412
Поени од реакции
1.067

Абе @MSE не им го крши филмот . . . .
Че влеземе во НАТО ќе се обогатиме . . .
Седиш дома не работиш ништо . . . и опа акциите х5, ма х10 . . . малку е х5 . . . .

А никој да ми објасни зошто Хрватска и Албанија од 2009 - 2015 имаат помал економски раст од Македонија. Хрватска скоро сите тие години беше во рецесија со кумулативен пад од 13/14% . . . А Хрватска има и море и прилив од туризам кој постојано расте и изнесува некаде околу 7/8 милијарди еур годишно . . . . Берзата им е на 1/3 од 2007 година пред да влезат во НАТО.
2009 ја земам како прва година од приемот нивни во НАТО, а нас не одбија . . .
2015 зошто таа е последна полумирна година од владеењето на Груевски.
И Хрватска и Албанија се далеку позадолжени од Македонија . . .
И во Хрватска и Албанија Бектел ги градеше автопатите, а не кинези . . . . Ова поради геостратешки бизниси . . .
Не се палете на НАТО некој ќе ве истрижи . . .
Кога некој ќе ми објасни зошто во Хрватска Нато не донесе просперитет ??? Србија е подобра од Хрватска од 2009-2018 кумулативно . . . .

Знам дека нема да добијам одговор. барем не логички со бројки . . .

Овој пост е за оние новопечени акционери што наседнуваат на нато манипулациите . . .
Јас јавно кажувам ако индексот поради НАТО скокне 20-30% дојде до 4000 поени скроз излегувам од акции поради фактот дека тие акции ќе бидат многу преценети во однос на слични акции во околина . . . . И ќе оставам некои други дечки НАТО Ултраси да жнеат пари . . . Јас ќе си купам акции во Србија и Хрватска . . .

п.с.

Браво за новите дечки кој си го открија портфолиото уште на почеток !!!
Тоа е поштено, барем знаеме со кого дискутираме . . .
Голем дел поискусни експерти никогаш не пишале ни што имаат, а ни што купиле или продале . . .
Дај да им го видиме паметот на дело, па да видиме дали ќе погодат . . .

Баш би сакал оние што купија деновиве СТИЛ (на 150) да напишат кога ќе ги продадат и јавно да им аплаудираме на убавите пари . . . Како што можеме сега да се исмеваме на оние што на 2000 денари ја препорачуваа Топлификација пред месец дена или на оние кои пред 5-6 години ја препорачувале топлификација на 3000-4000 денари а сега се експерти за НАТО, политика, берза и.т.н.

Член од
18 јули 2009
Мислења
6.765
Поени од реакции
6.555
Јас кажав пред некој период дека влегов -
Комерцијална на 3.200
Гранит на 730 ,
Макстил на 149 ..

Не кријам каде купив, очекувам на сите акции да ќарам а највеќе на Комер банка ..
@ Bosko 007 имам прашање за тебе , на последниов твој пост по што гледаш негативно ако се качела берзата за 40 % и тоа ке било преценувачки(ради Нато) и ти ке ги продадеш , епа ок ке ги продадеш и ке ќариш плус 40 % од сега :)

Па тие 40 % знаеме дека ке ги чекаше со години и кујзнае кога ке се качеше пример вака Комерцијална до 5.000 :)
Незнам зошто толку плукаш ако се качат ради Нато , а ке ќариш најмалце 50 % на било која акција ако ги продадеш во тој момент ..

Зарем подобро ти беше вака да си стојат со години и ке се качуваа многу ретко и кујзнае колку ке стигнеше акцијата , не ти ја гледам логикава :toe:

Ок твое право е да не го сакаш Заев но берзата влијае на ЕУ и Нато , јас само така гледам начин да ќарам , ако не влеземе ке паднат пак акциите и ке ги изгубиме сите овде парите 90 % ..

Татко ми исто влегол пред 10 години , тоа значи 10 год му се во минус парите бидејки паднаа акциите а Грујо не успеа да ја крене берзата , не само Татко ми луѓе знам кредити зимаа заглавија бидејки берзата отиде у курац , само спас ни е ЕУ и Нато .. друга опција колку и да ја бараш не постои , ни Господ неможе да ја крене во ваква луда држава ..

Точно дека е битна економијата али со Нато и преговори во ЕУ одма ке дојдат големи инвестиции , па Заев кажа преговара со 200 компании а до сега потпишале со 13, само во првите 3 месеци има рекордни 235 милиони евра од странство ..

Јас верувам во Заев и во подобра држава и ке го судиме како сработил кога ке му заврши мандатот , ако не го бива нека си оди одма , во Груевски одамна изгубив доверба , фала само што го донесе Самсоненко и убавата авантура со Вардар (факт е дека имаше договор меѓу нив ) јас ги признавам убавите работи ..

Нејќам да отварам пак политика но пак ке кажам на берзава и треба ЕУ и Нато(со Грујо никад немаше да влеземе) , во спротивно ке останеше МБИ 2.500 инд . поени уште 10 години :toe:
 
Последно уредено:

ahil

м-р
Член од
11 јули 2005
Мислења
634
Поени од реакции
620
Точно дека е битна економијата али со Нато и преговори во ЕУ одма ке дојдат големи инвестиции , па Заев кажа преговара со 200 компании а до сега потпишале со 13, само во првите 3 месеци има рекордни 235 милиони евра од странство .
Тоа дека одма ќе дојдат големи инвестиции мислам дека е приказна која некој и ја кажува и на нашите политичари. Еве, кои се тие 13? Најголем дел се некои кои беа донесени од ВМРО или некој како последните 2 што потпишаа договори дека во наредните неколку години ќе изградат капацитети и ќе вработат по 80 луѓе !!! (тоа за инвестиција ли го сметаш?) Колку и да порасне берзата тоа е вештачки, не велам дека за оние што имаме акции не е добро, ама не е здраво. Не се темели на реален раст и правење профит на компаниите.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: MSE

Дали природно Гранит заслужуваше цена од 500-600 денари ?
Во услови кога градеше све живо и диво во време на Вмро и направи огромен профит акцијата остана иста , дали е тоа фер ?
Така да еве вештачки да се качат сите на база на еуфорија кај некои акции тоа ке биде и реална цена , неможе еден Гранит да биде 600 денари и ние да чекаме уште 10 години дали ке се качи :toe:
 
Член од
16 август 2017
Мислења
412
Поени од реакции
1.067
Кире ти си пример како не треба да изгледа еден инвеститор . . .
Ти брат си залутан на берза. Ти се коцкаш. Ти имаш добивки само затоа што го имаш фатено трендот, а не дека нешто разбираш . . .
Незнам дали отвараш ФИ, но знам дека Биланс на состојба не разбираш . . .
Ако разбираш никогаш не би купувал СТИЛ, а уште помалку би ја промовирал и препорачувал на други.
Околу читањето на ФИ можеш да се изјасниш и да ме демантираш . . .

@ Bosko 007 имам прашање за тебе , на последниов твој пост по што гледаш негативно ако се качела берзата за 40 % и тоа ке било преценувачки(ради Нато) и ти ке ги продадеш , епа ок ке ги продадеш и ке ќариш плус 40 % од сега :)
Незнам зошто толку плукаш ако се качат ради Нато , а ке ќариш најмалце 50 % на било која акција ако ги продадеш во тој момент ..
Нејќам да отварам пак политика но пак ке кажам на берзава и треба ЕУ и Нато(со Грујо никад немаше да влеземе) , во спротивно ке останеше МБИ 2.500 инд . поени уште 10 години :toe:
Кире јас не сум на берза само за 40%, јас играм долгорочно. Мене ми е поубаво да земам секоја година по 15% отколку еден месец 40% . . . Берзата ја поебаа во 2006/07 неписмени битанги што купуваа СТИЛ и РЖ, а не Грујо . . . Грујо излегуваше на ТВ и ги предупредуваше луѓето за ризикот, а Чомовски, ХаџиМишев, газдите на фактор.мк неоправдано ја билдаа . . . . овие последните и сега тоа го прават преку нивниот портал . . . .
Јас немам ништо против НАТО, но имам против такви како тебе што ја пласираат таа приказна и заведуваат народ . . .
Откако ќе експлодира балонот НАТО никој жив нема да ја врати берзата следните 2-3 години . . .
Татко ми исто влегол пред 10 години , тоа значи 10 год му се во минус парите бидејки паднаа акциите а Грујо не успеа да ја крене берзата ,
не само Татко ми луѓе знам кредити зимаа заглавија бидејки берзата отиде у курац
Точно дека е битна економијата али со Нато и преговори во ЕУ одма ке дојдат големи инвестиции , па Заев кажа преговара со 200 компании а до сега потпишале со 13, само во првите 3 месеци има рекордни 235 милиони евра од странство ..
Јас верувам во Заев и во подобра држава и ке го судиме како сработил кога ке му заврши мандатот , ако не го бива нека си оди одма , во Груевски одамна изгубив доверба , фала само што го донесе Самсоненко и убавата авантура со Вардар (факт е дека имаше договор меѓу нив ) јас ги признавам убавите работи ..
1. Татко ти и останатите што земале кредити за да се коцкаат на берза се ТИЕ неписмени битанги за кои пишував горе, тие се оние што ја срушија берзата . . .

2. Ти веруваш во Заев зошто дома ти переле памет со години, а не дека гледаш некој реален напредок. Кажи една инвестиција од тие 200 компании кога ќе почне да работи, гледај нека вработуваат барем 300 луѓе и да не е Џонсон Мети ???
Каква е економијата зборува фактот дека 2 година сме на НУЛА . . .
https://www.youtube.com/watch?time_continue=141&v=JbT9dv_GUUg
(еве еден од СДСМ зборува за тоа, немора мене да ме читаш и слушаш)
Нека донеси Заев 5 фабрики по 1000 вработени, нека не крева даноци и акцизи и ете јас ќе станам негов фан. . . . Но знам дека Љубе, Самка, Шапурич не се способни тоа да го сторат. Министрите во влада се тотално неспособни затоа нема резултати. Тие се таму поради политички заслуги, а не поради способност . . .
Јас го пишувам само она што го гледам без емоции . . . . Груевски го почитувам дека намали даноци и дека вработи 170.000 луѓе и донесе доста фабрики, а не дека ми е зет за братучетка . . .

3. Груевски не го донесе Самсоненко. Само му овозможи да изгради сала. Самсоненко е најпозитивниот лик што и се случил на Македонија. Нема поголем македонец од Самсоненко.

p.s.
Од 2014 до 2016 година многу поискусни инвеститори извозија акции на кои имаа ќар по 100/150% годишно (ТНБ, СТБ, ППИВ, Тетекс, ПКБ, ОХБ ) и за тоа никаков политичар не беше заслужен. Како што и денес за овој раст никаков политичар не е заслужен . . . . Во тој период од 3 години направивме по 400 - 500% добивка и за тоа не е заслужен Груевски . . . . туку ние самите кои верувавме во тие фирми и инвестиравме кога никој за берза не зборуваше. . . И сега чекаме некој ваков Ултрас да му утрпиме по некоја акција и мирно да се пензионираме.
Прашај го Грими колку акции од СТБ има купено на 130 денари ???
Јас имам ТНБ купувано на 1700, ОХБ на 950 денари, СТБ на 190 денари ???
Прашај го Декис колку луѓе купувале Тетекс кога тој првично почнал да го собира на 300 денари . . .
Така да брат нас не ни е потребно НАТО . . . Нато им треба на оние со СТИЛ акции.
А татко ти што не ги вратил парите 10 години значи дека не ги разбирал работите. И јас изгубив првично цел стан на берза, но седнав, учев едно 2-3 години и после се ми се врати многукратно . . . Искоцканиот стан ми донесе неколку нови станови . . . . Но пази Стил го продадов со 15% загуба, Млаз со 70% загуба, Кабли Неготино одвај се извлеков . . . и си купив СТБ . . . .
Се е школо само треба да сакаш да учиш . . .
А кога ќе се јават некои поискусни фраери кои сакаат да те подучат не се инаети туку гледај нешто да купиш.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom