1.
Браво за Комерцијална банка . . . Никако да сопре . . . денес допре 4600 денари + 162 ден. дивиденда . . . Тоа е вистинско богатство а 5 месеци
. . . За разлика од некој што прават пари овде бројчаникот врти и не запира
.
2. Сега го сфаќам другарот ДЕКИС зошто се откажал од форумов . . . Пред 10 месеци неможеше човек да ви ја извади СТБ од уста . . . А после првото официјално обзнанување дека е во процес на продажба . . . ШТАМА . . . никаков коментар . . . Па зар вредеа оние плукања пред 10 месеци кога се прешалтав од СТБ во КМБ ???? Па мислев дека знаете што правите, а Вие сте се коцкале . . .
3. Ги наплати ли Топлификација оние први 6,7 - 11 милиони евра ??? Ако уште не ја наплати првата пресуда, како ќе ги наплати овие нови пресуди ??? Јас и тогаш тврдев дека пари не гледате или додека наплатите ќе остарите . . .
4.
Јас сум фан на Груевски од 1999 година кога стана министер за финансии. И не ќутам. Неговите ЕКОНОМСКИ политики секогаш ми се бендисувале. Мојновац е сведок, гласно сум го бранел и ќе го бранам . . . Тогаш немаше со кого да се спореди, а денес е полесно имаме репер . . .
Грешел и тој, но тој барем работеше . . .
5. Извозот е зголемен благодарение на Џонсон Мети и фабриките во слободните индустриски зони. Тоа не е заслуга на новите економски политики . . . Која домашна фирма од македонска берза зголемила извоз . . . Освен Алкалоид и ФЗЦ можеби некој знае друга
. . .
Да не беа тие индустриски зони извозот ќе ни беше 1/4 од денешниот. Покриеноста со увоз е далеку подобра од 2006 година . . .
6. Максимус ти не си вреден никаков коментар. Се инаетиш како мало дете. Играј си ти инвеститор со ТПЛФ, МПТ, СТБ . . . Таков копук не се раѓа . . . Не ме ставај во цитат повеќе . . Секоја дискусија со тебе е трошење време . . . . Јас да бев лажго немаше еден куп луѓе во инбокс да ми благодарат што направиле некоја пара, да ме среќаваат по собранија и да сакаат да разменат муабет. Јас до сега ништо немам згрешено и излажано . . . . За разлика од тебе јас сум крајно транспарентен . . .
Потег на годината.
Јас фан на Груевски, етикетиран вмровски полтрон. Излезе од СТБ на време ( 31 милиона ЕУР профит) и влезе во најкомуњарската банка КМБ (тогаш со 0 еур профит) и ЕКСТРА ПОГОДИВ . . . .
Тоа се вика кога логички расудуваш и политичката емоција не ти го засенува умот . . .