@bosko007 Најпрвин искрени честитки и со среќа да си живееш во станот, на што ќе се грееш ако не е тајна
?
Околу Стил, она е меѓу омилените на сите брокери затоа што е ликвидна и брзо иде нагоре и надоле. Како што пишав доколку имаш пристап секојдневно да ги следиш налозите, дали преку платформата или да висиш секој ден во брокерска куќа (да немаш друга работа) многу лесно можеш да дојдеш до оние 15% (што ги сакаш годишно) на месечно па дури и на недела две. Не мора акцијата да отиде од 150 на 300 за да дуплираш влог
Пр, купуваш на 130 продаваш на 155, 145 купуваш продаваш на 165..., стално има продажни налози и од залутани инвеститори од 2008, кога ќе видат дека паѓа акцијата одма спуштаат цена. Овие што дремат таму тоа го гледаат и користат да купат ефтино па препродаваат за две недели...
Јас со ова НЕ се занимавам затоа и напишав за студенти и невработени да учат тргување, дека тука од 150 до 160 не е само 10 денари него 6,66% ,кога има еуфорија овие што се "ценкаат" доста добиваат со тоа што качуваат по некој денар повеќе. Јас сум во потрага по компанија која сметам дека има одични изгледи за неколку години да направи добри пари, кога ќе ја најдам и ќе купам, ќе пишам и тука.
Поентата ми беше не е се во политика, дека треба да се научи и кога да се влезе, а кога да се излезе (макар и со загуба) дека трговијата е занает што се учи (не се правам јас мастер дека сум, и јас учам секојдневно)
Освен за ТПЛФ имам и за Гранит пишувано, и таа е за неколку недели во +15%, ја препорачував и Макпетрол, која денес е +30% за помалку од два месеца (не можам да барам постари постови сега) се сеќавам ми врати дека индустријата ни ја оставаш на нас, ти на банки на сигурно ќе играш.
Имам и за Телеком пишувано, која тие што ја имаа ако ја продадоа и со парите овој период да инвестираа во овие компании ќе беа во ќар, а за неколку месеци пак ќе можат да се вратат во Телеком и тоа по пониска цена (ако толку сакаат да се враќаат во Телеком)
П.С. Ако купиш на 145 ден а продадеш на 165 за месец-два, што ќе ти е дивиденда, и што ќе ти значат параметрите, билансите?
П.С.С. Се надевам не си премногу "увреѓен" за Бате Геле па кладбата за ТПЛФ останува, како што стојат сега работите јас сум тој што ќе плаќа. Имам фора од неколку години може ќе се сменат работите, а ако ништо друго да подсоберам некој денар