Mожеа и за 1500-2000 пред 3-4 години...не е скапичко ама не ни идеален момент. Но со оглед на ситуацијата на ГРНТ мислам дека е повеќе добра вест за Гранит отколку за КМБ
...Инаку МСЕ оди доле деновиве СБТ една од поголемите жртви. Инаку и МПТ купиле акции од КМБ, дали имало инсајдерски информации треба КХБР да истражи малку, КМБ растеше 30-40% пред ова купување, малку сомнителна работа.
Инаку може да има интересни случувања со банките и дел од фирмите со долгови или многу кеш; ФЕД ги крена пак каматите 1,5-1,75%, ЕЦБ најави откажување од КјуИ, НБРМ тешко дека ќе оди повторно на олабавуање на монтерна политика плус инфлација е веќе зголемена...бонус Богов си оди или повторно реизбор, според шпекулации најверојатно нема реизбор. Треба внимателно да се следи монетарна политика, каматни ризици, инфлација и раст, долар/евро ми изгледа како нешто да се спрема. Инаку депозитите си растат фирми и граѓани вложуваат за 0-1% камата сеуште...