Македонска берза

Член од
9 мај 2017
Мислења
352
Поени од реакции
635
Ајмо момци и девојки, немојте толку да се секирате, па нели сите дававте соросовски коментари од типот „јас купувам кога се е во црвено“, ете ви црвенило, грабајте :)

Шала на страна, неколку дена не читав/постирав и гледам дека груевистите газат, особено во прилог им оди денешното црвенило.

Јас како „докажан антигруевист“, уште еднаш да потенцирам дека и покрај црвенилото кое го предизвикуваат компании со прилично лоша акционерска композиција и докажано лош менаџмент, мислам дека нема простор за очајување и трескање од земја. Денес паѓаат фирми како МТУР на газда Доне на кого никој никогаш на ништо му немал замерка во работењето на акционерски собранија, а тој пак си исплаќа дивиденда фиксно иста сума секоја година. Паднале и МПТ, ОХБ, ОКТА и ТПЛФ, друштва чиј менаџмент е надалеку познат и признат по своите егзибиционистичко жонглерски способности.

Малку паднале и АЛК и СТБ, но тоа е занемарливо, тоа им е чисто само колку да се учествува во црвените нијанси.

Не замарам со фундаменти, аргументи и соодноси, бидејќи одамна утврдивме дека тие немаат никаква врска со движењата на нашата мала мила МСЕ.
 
Член од
17 октомври 2017
Мислења
855
Поени од реакции
1.471
Nekoj spomna tuka p/b. Toa e najmalku verodostojnata multipla na MSE. Zosto? Bidejki Mak kompaniite se bivsi drzavni firmi koi se privatizirani po razlicna metodologija. Nekoi se podeleni na rabotnicite akcioneri, i tie se obicno preceneti vo prvicnata valuacija. Zar nekoj veruva deka BESK vredi 55 K na pr? Drugite se prodadeni na stranski investi po obicno bagatelni ceni. Kako na pr TEL ili USJE. Aj kazi im na tie od USJE deka cenata od 3000 den po akcija koja ja dobija pri privatizacijata realno ja valuira kompanijata!

Daj da zborime realno. TEL e potcenet oti nekoj go potcenil koga go prodaval. Zosto i kako druga prikazna. Ama da ne zaboravime deka istiot toj DT, nekolku godini podocna, si plati 400 den po akcija koga dokupi 10% preku KM. Mislite deka preplatile? Tesko
 
Член од
16 август 2017
Мислења
412
Поени од реакции
1.067
-1,32%
Добар пад нема што . . .
Каде беа денес оние јунаци да купуваат . . . .
Или само на муабет се јаки . . .

Па нели ефтина е СТБ, а никој не купува . . . . . 910 последна цена и никој на ASK :(.
Па мене кога ми е нешто ефтино не правам проблем за 7-8%. И мене да ми е криво после за тоа што сум продал на 970 денари....

Еми ај јас песимист-груевист(но не вмровец) :), ама на оние што им дојде животот, што политички етикетираат, што не купуваат . . . Па нели бе понеделник чекавте :)... Вие изгледа со диктатурата и берзата ја буткате :). Не оди тоа во пакет.
Ако компаниите добро работат, ако диктатурата пројде, ако животот дојде, економијата оди напред, што не купувате?? . . . . Кога имам верба во нешто, купувам, чекам 4-5 години и ете пари . . . Така беше со СТБ која ја купував на 200 денари (падна и на 130 ама јас бев потрошил се), тогаш никој не ја сакаше, а денес Максимус да ме учи како 970 + 260 дивиденда=1230 било ефтино . . . Повторувам ТОГАШ СТБ НИКОЈ НЕ ЈА САКАШЕ. И денеска на МСЕ има акции што ќе порастат 2-3 пати за 4 години . . . . но тоа не е СТБ барај те ги на друго место.

Што не падне тогаш Тутунска едно 10-15% па да купам нешто . . . Изгледа потешко се бутка она што е здраво и добро . . . поготово ако се спрема некој пазар . . . А она што е шупливо без проблем доле . . . . БЕСК као атомска бомба да го погодила . . .

п.с.
Извинете дечки немам намера да ја рушам берзата . . . . знам дека многу оптимисти нервирам . . . но јас се трудам веродостојно да го пренесам расположението. Сите сакаме само да расте, но треба и некој услови да се задоволени. Имате среќа што на МСЕ котираат малку компании . . . Да беше поголема берза ќе рокнеше 25% без проблем . . . . А за некој ден кога и официјално ќе прогласат рецесија . . . . па, па, па, . . . нема уште многу да падне, но проблем е кога и како ќе порасне.
Глава горе Животот, Слободата, Демагогијата, и овие оптимисти што политички етикетираат ќе не извлечат од гомна, ако не се успијат како денес . . .

B

Bafra

Гостин

Убави анализи на фирми правиш, трендови погаѓаш (y) ама малку повеќе претеруваш со политиката. Од аспект што баш Груевите СОЦИЈАЛИСТИЧКО / фашистички мерки се виновни за состојбата во која е Македонија. Претходно берзата да не имаше 6.000 индекс ебаго

Идат лоши времиња ,тоа сигурно не е резултат на Зајко, но Зајко ТРЕБА да биде паметен и да помогне колку толку, а не да стега ортомата :D

Акции кои редовно даваат дивиденда, бизнис кој е отпорен на рецесии и стабилен менаџмент т.е. да не им текне да киднат со парите :nesumjas:
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
Каде беа денес оние јунаци да купуваат . . . .
Или само на муабет се јаки . . .
Денес купив СТБ на 923, и ако продолжи да паѓа пак ќе купам. Далеку се банките од рецесија, напротив прават рекордни профити.
 
Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.164
Поени од реакции
3.403
@bosko007 ги заборави тие што чекаат од приоритетната на стопанска да направат 2 обични.

@Branchez стопанска ти е доста профитабилна така да и 1000 не е многу, е сега тие што начекаа за ефтино да лапнат 2 дивиденди си е среќичка, работата е што грците не даваа редовно дивиденда инаку акцијата постојано ќе беше со висока цена, дали ќе продолжат да дават кој ти ги знае, би требало да има барем уште една солена, па после да се сопре најмалку една година, па по малку (пола) натаму.
 
Член од
10 декември 2008
Мислења
1.311
Поени од реакции
2.373
upload_2017-11-20_15-45-53.png

Инвестициски хоризонт на MSE на компании со пазарна капитализација со над 3 милиони евра, p/e до 15 и p/b до 1,5.
*Таа точка што е без име е ZKPO.
Големината на балонот ја означува пазарната капитализација, бојата од жолто кон црвено го означува дивидентниот принос.
 
Член од
16 август 2017
Мислења
412
Поени од реакции
1.067
Денес купив СТБ на 923, и ако продолжи да паѓа пак ќе купам. Далеку се банките од рецесија, напротив прават рекордни профити.
Браво друже секоја чест. Храбро.

Убави анализи на фирми правиш, трендови погаѓаш (y) ама малку повеќе претеруваш со политиката. Од аспект што баш Груевите СОЦИЈАЛИСТИЧКО / фашистички мерки се виновни за состојбата во која е Македонија. Претходно берзата да не имаше 6.000 индекс ебаго

Идат лоши времиња ,тоа сигурно не е резултат на Зајко, но Зајко ТРЕБА да биде паметен и да помогне колку толку, а не да стега ортомата :D

Акции кои редовно даваат дивиденда, бизнис кој е отпорен на рецесии и стабилен менаџмент т.е. да не им текне да киднат со парите :nesumjas:
Нема гола политика . . . Политика гледа оној што сака да види т.е. оној што не му е симпатично тоа што го пишувам . . .
На владата и давам 1 година, а после ќе ја коментирам . . . . Заев не го ни спомнувам. . .Нејзините економски политики, нацрт буџетот за 2018 никогаш и не сум ги коментирал. Новите задолжувањата и буџетскиот дефицит за 2018 ги подржувам . . . .
Тимот на владата, персоналните решенија сум ги коментирал и тие се никакви . . .
Ми сметаат поличките навивачи, мрзители на противничкиот табор. Ми смета демагогијата што тие ја сеат . . . диктатура, слобода, живот за сите, чист воздух . . . .
Дали на економијата и оди најдобро се чита од Билансите на банките, а статистика само дава сигнал . . . Ни опозиција слушам, а ни позиција, верувам на бројки . . . . шестмесечните извештаи на банките . . . .

Нека владата го реализира долното што сама го најавува . . . и ете ме мене фан на влада . . . Нови 19 компании и 12,000 вработени во индустрија ни ја креваат економијата, но и берзата . . . верувај . . .

http://kanal5.com.mk/vesti_detail.asp?ID=138380
 
ceasar

надеж, страв и алчност
Член од
2 април 2009
Мислења
1.133
Поени од реакции
574
-1,32%
Добар пад нема што . . .
Каде беа денес оние јунаци да купуваат . . . .
Или само на муабет се јаки . . .

Па нели ефтина е СТБ, а никој не купува . . . . . 910 последна цена и никој на ASK :(.
Па мене кога ми е нешто ефтино не правам проблем за 7-8%. И мене да ми е криво после за тоа што сум продал на 970 денари....

Еми ај јас песимист-груевист(но не вмровец) :), ама на оние што им дојде животот, што политички етикетираат, што не купуваат . . . Па нели бе понеделник чекавте :)... Вие изгледа со диктатурата и берзата ја буткате :). Не оди тоа во пакет.
Ако компаниите добро работат, ако диктатурата пројде, ако животот дојде, економијата оди напред, што не купувате?? . . . . Кога имам верба во нешто, купувам, чекам 4-5 години и ете пари . . . Така беше со СТБ која ја купував на 200 денари (падна и на 130 ама јас бев потрошил се), тогаш никој не ја сакаше, а денес Максимус да ме учи како 970 + 260 дивиденда=1230 било ефтино . . . Повторувам ТОГАШ СТБ НИКОЈ НЕ ЈА САКАШЕ. И денеска на МСЕ има акции што ќе порастат 2-3 пати за 4 години . . . . но тоа не е СТБ барај те ги на друго место.

Што не падне тогаш Тутунска едно 10-15% па да купам нешто . . . Изгледа потешко се бутка она што е здраво и добро . . . поготово ако се спрема некој пазар . . . А она што е шупливо без проблем доле . . . . БЕСК као атомска бомба да го погодила . . .

п.с.
Извинете дечки немам намера да ја рушам берзата . . . . знам дека многу оптимисти нервирам . . . но јас се трудам веродостојно да го пренесам расположението. Сите сакаме само да расте, но треба и некој услови да се задоволени. Имате среќа што на МСЕ котираат малку компании . . . Да беше поголема берза ќе рокнеше 25% без проблем . . . . А за некој ден кога и официјално ќе прогласат рецесија . . . . па, па, па, . . . нема уште многу да падне, но проблем е кога и како ќе порасне.
Глава горе Животот, Слободата, Демагогијата, и овие оптимисти што политички етикетираат ќе не извлечат од гомна, ако не се успијат како денес . . .
Кажи кои акции имаат потенцијал за х3 или повеќе и кратко образложи ако не ти е проблем, тутунска по мое мислење е стабилна веројатно најдобра од мк банки... Но алкалоид ја сметам коректна компанија со години и диведенда дели, не се плетка премногу во политика и со афери... Тука и гранит за останатите горе долу сите критички што ги судите сте у право.
 
Член од
19 јуни 2017
Мислења
76
Поени од реакции
19
Nekoj spomna tuka p/b. Toa e najmalku verodostojnata multipla na MSE. Zosto? Bidejki Mak kompaniite se bivsi drzavni firmi koi se privatizirani po razlicna metodologija. Nekoi se podeleni na rabotnicite akcioneri, i tie se obicno preceneti vo prvicnata valuacija. Zar nekoj veruva deka BESK vredi 55 K na pr? Drugite se prodadeni na stranski investi po obicno bagatelni ceni. Kako na pr TEL ili USJE. Aj kazi im na tie od USJE deka cenata od 3000 den po akcija koja ja dobija pri privatizacijata realno ja valuira kompanijata!

Daj da zborime realno. TEL e potcenet oti nekoj go potcenil koga go prodaval. Zosto i kako druga prikazna. Ama da ne zaboravime deka istiot toj DT, nekolku godini podocna, si plati 400 den po akcija koga dokupi 10% preku KM. Mislite deka preplatile? Tesko
Nominalna ti e toa a knigovotstvena mozat da muvaat samo so revizori vo kombinacija nee lesno bas. ama Besk e krajno somnitelen book nema sansa dae 55k Ke ima rabota za policija i obvinitestvo da befme drzava
 
Член од
2 април 2017
Мислења
186
Поени од реакции
154
Kade pišuva deka knigovodstvena na Besk e 55000?Jas gledam 39000.Kakov takov besk si odraboti tri dividendi plus x4 kapitalna.Tuku Prilepska pivara nesto partal pravi gledam,+3% :)
 
Последно уредено:
Член од
16 август 2017
Мислења
412
Поени од реакции
1.067
Кажи кои акции имаат потенцијал за х3 или повеќе и кратко образложи ако не ти е проблем, тутунска по мое мислење е стабилна веројатно најдобра од мк банки... Но алкалоид ја сметам коректна компанија со години и диведенда дели, не се плетка премногу во политика и со афери... Тука и гранит за останатите горе долу сите критички што ги судите сте у право.
Ако треба да се кладам која фирма ќе порасне највеќево следните 4 години би се обложил на ...

1. Пекабеско ( п/б=0,5 п/е~4 ). Константен раст долги години. Убава позиција на пазарот. Изгледа имаат и добар менаџмент . . . Слабост, немаат одност спрема акционери . . . Затвореност на менаџментот. Проблем може да биде нивото на залихи и вистинската нивна вредност. . . 40,000 денари не би требало да се проблем да се достигнат, ако менаџментот се отвори спрема инвеститори/фондови . . . Оваа акција ја немам.

2. ФЗЦ.
Мислам дека конечно се реорганизираа и дојдоа вистински газди . . . Извозно се ориентирани . Оваа фирма ја плукав до пред две години, но мислам дека се на добар пат. 2500 денари не би било проблем да се стигнат. Оваа акција ја немам.

3. Охридска банка.
Добар раст и развој во последната деценија. Ако продолжат политиките на субвенционирање на странски ивестиции за нив нема зима . . . Очекувам 200 ЕУР без проблем. Оваа акција ми е водечка во портфолиото . . .

4. Комерцијална банка.
Одлична позиција на пазарот. Политички врски со новиот естаблишмент. Катастрофален менаџмент по акционерите. 100 ЕУР не би биле проблем да се достигнат. Ја имам во портфолио, но слабо сум профитирал. ја играм поради ликвидност.

5. ЗК Пелагонија
тука се е можно Од банкрот до 12,000 денари. Проблем задолженост. Ја имам во портфолио мислам дека добро ќе поминам. Тука се коцкам.

Прилепска пивара, Тутунска банка, Стопанска банка се одлични компании но мислам дека имаат убава цена на акцијата и дека немаат простор за голем напредок во цена . . . .
 
Kajgana Shop

На врв Bottom